Спор за името помеѓу Македонија и Грција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Букурешкиот договор: Правописна исправка, replaced: Османлиската империја → Османлиското Царство using AWB
с Стилска исправка, replaced: Централна Европа → Средна Европа (2) using AWB
Ред 13:
 
== Историска позадина на спорот ==
Македонија преку чија територија поминуваа патиштата што водат од [[ЦентралнаСредна Европа]] кон [[Блиски Исток|Блискиот Исток]] всушност претставува не само сообраќаен, туку и стратешки јазол. Долината на [[Вардар]] ја има предноста што од север преку Моравската долина води до големиот [[Солун|Солунски залив]], од каде преку [[Егејско Море|Егејското Море]] завлегува на исток кон долината на [[Струма]] и на запад преку [[Албанија]] до [[Јадранско Море]]. Оттука за [[Македонија]] не се борат само младите балкански држави кои сакаат со Македонија да ги зголемат својата територија и бројноста на населението, но и големите – [[Австрија]], [[Русија]], [[Англија]] и [[Турција]] - чиј стремеж да играат клучна улога во структуирањето на [[Балкан]]от ќе се манифестира токму преку нивните територијални претензии кон Македонија.
 
Безбројните извори (книги, статии, студии, дипломатски преписки..) јасно сведочат дека не само балканските, туку и европските влади ѝ посветувале внимание на Македонија. Во европската историја тешко е да се најдат слични примери толку да се пишувало и расправало за националниот карактер на еден народ, каков што е случајот со [[Македонци]]те.
Ред 45:
Еден од најважните моменти кои треба да бидат познати при определување на позадината на спорот за името лежи токму во периодот кога се потпишува [[Букурешки договор, 1913|Букурешкиот договор]]. Од [[Берлински конгрес|Берлинскиот конгрес]] до [[Прва светска војна|Првата светска војна]], македонското прашање претставува најтежок, најкомплициран и најдолготраен проблем со кој се соочуваa [[Османско царство|Османлиското Царство]] и големите сили. Всушност, самиот тој настанува тогаш кога големите сили настојуваат да ги остварат своите интереси на Балканот, а соседните земји да завладеат со Македонија.
 
Ова прашање добива во актуелност со геостратешката положба на македонската територија и со етничкиот состав на населението. Македонија го зафаќа централниот дел на Балканот, на исток и на запад меѓу [[Тракија]] и [[Албанија]], на север и на југ меѓу [[Шар Планина]] и [[Егејско Море|Егејското Море]], преку [[Вардар]]ската и [[Морава|Моравската]] долина го поврзува [[Солун]] со [[Белград]] и со ЦентралнаСредна Европа, така што станува интересно подрачје за големите сили.
 
За соседните земји е значајна затоа што со нејзино завладување, било која од нив, се здобива со предност која овозможува и доминација на Балканот. На геостратешката положба на Македонија значајно влијае и етничкиот состав на населението - во услови на непризнавање на македонската нација населението се изјаснува според влијанието на соседните пропаганди.