Кинески јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: честици → честички (2) using AWB
Ред 71:
ин често се дели на севереномински (Минпеј, Фуџоу) и јужномински (мин-нан, амој-сватоу); лингвистите немаат одредено дали нивната меѓусебна разбирливост е доволно голема за тие да не бидат сметани за посебни јазици.
 
Општо земено, планинската јужна Кина се одликува со поголема јазична разнообразност од рамната северна Кина. Во делови од јужна Кина, дијалектот на еден поголем град може да биде само малку разбирлив за неговите блиски соседи. На пример, [[Вуџоу]] е околу 193  km низводно од [[Гуангџоу]], но дијалектот е повеќе како [[стандарден кинески јазик|стандардниот кинески]] кој се зборува во Гуангџоу, отколку оној на [[Тајшан]], 97  km југозападно од Гуангџоу и од него е одделен со неколку реки (Ramsey, 1987).
 
==== Стандардниот мандарински и диглосија ====
Ред 80:
 
=== Јазик или јазично семејство? ===
Лингвистиката често кинескиот го смета за [[јазично семејство]], иако заради социо-политичката и културната ситуација во Кина, како и заради заедничкиот систем на пишување, тие јазици по обичај заеднички се нарекуваат „кинески јазик“. Различноста на овие варијанти е споредлива со [[романски јазици|романските јазици]], и е поголема од [[германски јазици|германските]] или [[словенски јазици|словенските јазици]].
 
Од чисто [[Лингвистичка прескрипција|дескриптивна]] гледна точка, „јазици“ и „дијалекти“ се само произволни групи на слични идиолекти, и нивното разликување е нерелевантно за лингвистите кои само се занимаваат со технички опис на регионалните варијанти. Меѓутоа идејата за единствен јазик има голема аконотација на политика и културна општоодредба, па така ова е осетливо поле. Највеќето кинески лингвисти сметаат дека кинескиот е еден јазик, а неговите ограноци - дијалекти, додека други пак сметаат дека кинескиот е семејство, а неговите ограноци - јазици.
Ред 116:
Лингвистите ги сметаат сите варијанти на современиот говорен кинески за дел од синотибетското [[јазично семејство]] и сметаат дека постоел првобитен јазик, наречен [[прасинотибетски јазик]], од кој настанале кинеските и тибетобурманските јазици. Реконструирањето на овој прајазик денес е мошне тешко заради немањето на пишани извори и непознавањето на други древни јазици освен старокинескиот.
 
Други лингвисти сметаат дека кинескиот јазик е од [[Индоевропски јазици|индоевропско]] потекло. тие велат дека синотибетски јазици не постојат, и дека старокинескиот се појавил како мешан јазик користејќи го праиндоевропскиот идиом, зборуван со локален пракинески говор. Овој аргумент се заснова на силното индоевропско присуство од Монголија до Европа за време на III милениум п.н.е. во северниот дел на умерената зона, и вели дека домородечките групи од овој регион ([[Тајци]], [[Виетнамци]], [[Мијао]] и др.), со слични фонетски карактеристики и еднакво едноставна граматика како кинескиот, мигрирале од северна Кина кон југот под притисокот на тие индоевропски населувања, но не успеале да го избегнат веќе темелното индоевропеизирано кинеско влијание. Тибетскиот јазик пак, се стекнал со својата површна сличност и ограничен заеднички [[зборовен фонд]] заради потслој од делумно Тохарско потекло.<ref> Tsung-tung Chang, 1988 [http://sino-platonic.org/complete/spp007_old_chinese.pdf Indo-European Vocabulary in Old Chinese]</ref>
 
Категоризацијата на развојот на кинескиот јазик е предмет на расправа. Еден од првите системи бил развиен од [[шведска|шведскиот]] лингвист [[Бернхард Карлгрен]] во раните 1900-ти; денешните системи во голема мера се засноваат на Карлгреновите наоѓања и методи.
Ред 124:
[[Среднокинески јазик]] (трад. 中古汉语, упр. 中古漢語, Џунгку Ханји) е јазикот кој се користел за времето на династиите [[Суј (династија)|Суј]], [[Танг (династија)|Танг]] и [[Сунг (династија)|Сунг]] (VI - X век н.е.) Тој може да се подели на ран период, видлив во римовите таблици 切韻 „[[Џиејин]]“ (601 н.е.), и доцен период во X век, виддлив во римовите раблици 廣韻 „[[Гуангјин]]“. Лингвистите се повеќе уверени во реконструкцијата на среднокинескиот. За неговиот изговор знаеме од: современите дијалектички варијации, римовите речници, странските транслитерации, римовите таблици од древните кинески филолози за преглед на фонетскиот систем, како и кинески фонетски преводи на странски зборови. Меѓутоа сите овие реконструкции се провизорни и не сосема сигурни.
 
Развојот на говорните кинески јазици низ историјата е комплексен. Највеќето Кинези во [[Сечуан]] и во широк лак од североистокот ([[Манџурија]]) до југозападот ([[Јинан]]), зборуваат разни мандарински дијалекти како [[домашен јазик]]. Распространетоста на мандаринскиот ширум северна Кина главно се должи на севернокинеските рамници. За разлика од ова, планините и реките на средна и јужна Кина допринеле кон јазичното разнообразие.
 
Сѐ до средината на XX век, највеќето кинези зборувале само на нивната родна варијанта на кинески. Бидејќи [[Нанџинг]] бил [[главен град|престолнина]] за време на раната династија [[Минг (династија)|Минг]], нанџиншкиот мандарински станал доминантен барем до подоцнежниот период на официјално [[манџурски јазик|манџуројазичното]] царство [[Чинг (династија)|Чинг]]. Од XVII век, во царството се отвориле [[правоговор]]ни академии (трад. 正音書院, упр. 正音书院, Ченгјин Шујиан) за распространување на говорот од Пекинг, како престолнина на династијата Чинг, но тие не доживеале успех. За време на последните педесет години на династијата Чинг во доцниот XIX век, пекиншкиот мандарински конечно го заменил нанџиншкиот на царскиот двор. Меѓутоа за поширокото население, не постоел единствен стандард за мандаринскиот јазик. Немандаринските говорници во јужна Кина и понатаму продолжиле да ги користат нивните дијалекти и говори во секоја сфера на живеењето. Новиот пекишнки мандарински се зборувал само од функционери и чиновници и затоа бил прилично ограничен.
Ред 142:
 
== Фонологија ==
:''Поподробно за кинеската фонологија на [[Кинески говорен јазик]].''
 
[[Фонологија|Фонолошката]] структура на секој слог се состои од [[слоговно јадро|јадро]] кое се состои од [[самогласка]] (која може да биде [[монофтонг]], [[дифтонг]], па и [[трифтонг]] кај извесни варијанти) со изборен [[слогов почеток|почеток]] или [[слогов завршеток|завршна]] [[согласка]] како и [[тон (лингвистика)|тонови]]. Во некои случаи самогласката не служи како јадро. Таков пример наоѓаме во [[кантонски јазик|кантонскиот]], каде [[носна согласка|носните]] [[соноранта|сонорантни]] согласки {{IPA|/m/}} и {{IPA|/ŋ/}} можат да стојат како посебни слогови сами за себе.
Ред 174:
{{main|Македонска транскрипција на кинескиот јазик}}
 
Утврдена [[транскрипција (лингвистика)|транскрипција]] на кинескиот во [[македонски јазик]] сѐ уште не постои. Како и при транскрипција на сите други јазици, македонскиот го користи сопствениот фонетски систем на пишување за најблиско доловување на звуците на кинескиот јазик. Ова сепак, не е стандардизирано и често наоѓаме недоследности.<ref>[http://www.flf.ukim.edu.mk/студии/Уписи20092010/tabid/76/Default.aspx Активни студиски програми], [[Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје]]</ref>
 
Општо земено, македонската транскрипција се темели на системите [[пинјин]] и [[Вејд-Џајлс]] како писмено најблиски до вистинскиот кинески изговор. Таа се базира на српската транскрипција создадена (но сепак неофицијализирана) во 2005, но со извесни прилагодувања и измени во согласност со карактерот на [[Фонологија на македонскиот јазик|македонската фонологија]] и [[Правопис на македонскиот јазик|правопис]].
Ред 199:
* ''Ханпаопао'' 汉堡包 – „хамбургер“
 
Сите варијанти на современиот кинески се [[аналитички јазик|аналитички јазици]], и зависат од [[синтакса]]та (зборовниот ред и реченичниот состав), наместо од [[морфологија (лингвистика)|морфологија]], промени на обликот на зборот, за назначување на значењето на тој збор. Со други зборови, кинескиот нема [[флексија]] – нема [[време (граматика)|времиња]], нема [[залог (граматика)|залози]], нема [[број (граматика)|броеви]] (еднина и множина, иако има бележници за множина), и само неколку случаи на [[член (граматика)|членови]] и нема [[род (граматика)|родови]].
 
Кинеските јазици во голема мера употребуваат [[честица (граматика)|честицичестички]] за искажување на [[глаголски вид|вид]] и [[глаголски начин|начин]]. Во мандаринскиот за ова се користат честицичестички како ле 了, хаи 还, ичинг 已经 и др.
 
[[Збороред]]от во кинескиот јазик е [[Подмет Глагол Прирок]], и како многу други јазици во [[источна Азија]], често се користи со [[темокоментар]]ни конструкции за обликување на реченици. Кинескиот има и опширен систем на [[мерен збор|мерни зборови]], уште една карактеристика која ја дели со [[јапонски јазик|јапонскиот]] и [[Корејски јазик|корејскиот]]. Поподробно на оваа тема на '''[[Кинески мерни зборови]]''' .
Ред 252:
* [http://cyril.meth.mk.chinesecio.com/mk Институт за кинески јазик и култура „Конфуциј“] при [[УКИМ]], Скопје — настава по кинески јазик и други активности
* [http://www.seo-forum-seo-luntan.com/learn-chinese/ кинески jазик 中文]
 
 
{{Избрана}}
Ред 259 ⟶ 258:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Кинески јазик|*]]
[[Категорија:Јазици во Кина]]