Ерозија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с отстранета Категорија:Геологија; додадена Категорија:Геолошки процеси користејќи го HotCat
с Правописна исправка, replaced: честици → честички using AWB
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Ерозија''' ([[латински јазик|латински]] ''erodere'' – нагризува, струга) е процес на разрушување честицичестички од почва, камења и други делови од подлогата под дејство на [[вода]]та и [[ветер]]от, како и нивно пренесување и таложење во зарамнетите делови од [[релјеф]]от. Врз типот и интензитетот на ерозијата влијаат разни фактори:
* [[клима]]тски (дожд, ветер, сонце...),
* топографски (наклон, облик на падина, дисецираност...),
* [[подлога]]та (почвен тип, петрографски состав),
* како и неправилното користење на земјиштето. Според причинителот, ерозијата се дели на:
 
'''водна''', во која спаѓаат плувијалната (дождовна) и флувијалната ерозија (предизвикана од текуштите води) и
 
'''ветрова''' (еолска).
 
Плувијалната ерозија се дели на површинска и линиска (браздеста и јаружеста) ерозија. Посебни облици на ерозијата се: абразивна, глацијална, карстна и суфозија.
 
== Статистика ==
Интензитетот на ерозијата се изразува во: [mm] однесен или наталожен слој; (m<sup>3</sup>/km<sup>2</sup> годишно) или (t/ha годишно). Природната (нормална, геолошка) ерозија има интензитет до 100 m<sup>3</sup>/km<sup>2</sup> годишно и претставува позитивен процес. Забрзаната (антропогена) е потпомогната од дејството на човекот (неправилна обработка, [[обесшумување]], преголема испаша, несоодветни градежни активности итн.). Во РМ, доминантна е водната ерозија, а нејзиниот просечен интензитет е 685 m<sup>3</sup>/km<sup>2</sup> годишно. Околу 36% од територијата на РМ е зафатена со посилни процеси на ерозија, па РМ е меѓу најзагрозените држави во Европа.
 
== Заштита од ерозија ==
Ред 26:
 
== Ерозија на почвата ==
Ерозија на [[почва]]та е најраспространет и најважен вид на деградација на почвата. Ерозијата кај нас зависи од редица природни и антропогени фактори, меѓу кои на прво место е уништувањето на природната вегетација. Во далечното минато 95% од територијата на РМ била покриена со природна шумска вегетација. Со нејзиното уништување и деградирање се добиени големи површини пасишта, обработливи површини и голини (340.000 ha). Кај нас ерозијата е толку поинтензивна колку што се врнежите со поистакнат пороен карактер, колку наклонот на теренот е пострмен, колку еродибилноста на почвата и супстратот е поголема, колку природната вегетација е посилно деградирана или уништена и ако [[агротехника]]та е понеприспособена кон ерозивните процеси. Со ерозија не само што се однесува целата почва или дел од неа, туку посилно се однесуваат нејзините најважни делови ([[глина]]та, [[хумус]]от, [[нутриенти]]те). Таа има и други негативни последици: нерегулиран воден режим во водотеците, поплави, дигање на нивото на подземните води, таложење големи количества груб нанос, уништување на инфраструктурни објекти, полнење на вештачките акумулации со нанос и др. Со картата за ерозија на почвата се претставени пет категории ерозија чиј интензитет опаѓа од I кон V категорија. Првите три категории изнесуваат 38% од територијата на РМ. Произведениот годишен нанос со ерозија одговара на 1.700 ha почва, длабока 100 &nbsp;cm. РМ е една од најзагрозените земји со ерозија во Европа.
 
== Извор ==
Ред 38:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Геоморфологија]]
[[Категорија:Геолошки процеси]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ерозија