Бостон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Boston_-_panoramio_(23).jpg|мини|420п|Бостон]]
 
'''Бостон''' ({{lang-en|Boston}}) — [[Листасписок на главни градови во САД|главен град]] и најнаселена општина на [[САД|американската]] [[Сојузни држави во САД|држава]] [[Масачусетс]]. Градот се простира на 124 км<sup>2</sup> и има 685.094 жители (во 2017 година), што го прави најнаселен град во регионот на [[Нова Англија]]. Бостон е и седиштето на општината Сафолк, иако владата на општината беше распуштена на 1 јули 1999 година. Градот е стопански и културен центар на значително поголема област позната како [[Голем Бостон]] во која живеат околу 4,8 милиони луѓе (во 2016 година) и се рангира како десетта по големина таква област во земјата.
 
Бостон е еден од најстарите градови во САД, основан на полуостровот [[Шомут]] во [[1630]] година од страна на пуританските доселеници од [[Англија]]. Тука се одиграле неколку клучни настани од [[Американска револуција|американската револуција]], како бостонскиот масакр, бостонската чајанка, битката кај Бункер Хил и опсадата на Бостон. По независноста на САД од [[Велика Британија]], Бостон продолжил да биде важно пристаниште и индустриски центар, како и центар за образование и култура. Градот се проширил надвор од оригиналниот полуостров преку мелиорација на земјиштето и проширување на општината. Неговата богата историја привлекува многу туристи; само салата Фенел е посетена од повеќе од 20 милиони посетители годишно. Бостон е познат по тоа што во 1634 година е изграден првиот јавен парк, каде што во 1635 година е отворено првото државно училиште и каде што во 1897 година е изградена првата подземна железница.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бостон