Пенчо Давчев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзница ендоскопија
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 19:
}}
 
'''Пенчо Давчев''' ([[Велес]], 15 јуни 1922 - [[Скопје]], 25 ноември 1995) - интернист-гастроентеролог, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, академик и основоположник на Клиниката за гастроентерохепатологија и пионер на модерната гастротерохепатологија во Скопје.<ref name="Декани">д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​57-61</ref>
 
==Животопис==
==Биографија==
Основно и средно образование завршил во Велес, по што студирал медицина во [[Софија]] и [[Белград]]. Бил учесник во [[НОБ]]. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград во 1948 година. Специјализација по внатрешни болести завршил во 1952 г. Го одбранил хабилитациониот труд „Прилог кон биолошката дијагностика на функционалните и органските заболувања на стомакот“ (1957). За редовен професор бил избран во 1969 г. Бил продекан во два мандатни периода. Декан на Медицинскиот факултет и шеф на Катедрата по интерна медицина.<ref name="Декани"/>
 
Се усовршувал во клиниките за гастроентерологија во [[Париз]], [[Лондон]] и [[Берлин]]. Под негово непосредно раководство е организирано Одделението за гастроентерологија во состав на Интерната клиника, кое подоцна прераснува во модерна Клиника за гастроентерологија и хепатологија, една од водечките во тогашната Југославија. Тој бил основач на модерната гастроентерохепатологија во РМ. Од воведените нови методи треба да се одбележат: интервентната трансабдоминална вирсунгографија изведувана под контрола на ехо, визуализација на жолчните патишта преку директно уфрлање на контрастно средство под контрола на ехо „real time“, техника со помош на тенка и фина игла, биопсиони техники на абдоминалните органи со сомнителни патолошки творби, ендоскопски истражувања на гастроинтестиналниот тракт, црниот дроб и перитонеумот. Притоа, основната и главна преокупација му е хепатоцелуларниот канцер и вирусниот хепатитис, со што се афирмирал во југословенската медицинска научна јавност и во странство.
 
Негов особен научен придонес претставува изучувањето на црнодробниот карцином особено поврзан со 5-вирусната инфекција. На клиниката формирал имунолошка лабораториЈа за испитување на хепатитис В и С антигените во хистолошките исечоци на црнодробно ткиво. Дал придонес во употребата на [[ендоскопија]]та во гастроинтестиналната дијагностика, како и во лекувањето на асцистот кај црнодробната цироза, за што издал и монографија. Бил претседател на МЛД, член на редакцискиот одбор на списанијата ММП и „Асta Medica Iugoslavica“. Основач е на Секцијата по гастроентерологија при МЛД и бил нејзин претседател повеќе од 20 години, претседател на Здружението за гастроентерологија на Југославија и организатор на повеќе конгреси и симпозиуми.
 
За својата успешна и мошне плодна работа, има добиено голем број признанија, меѓу кои: [[Орден на заслуги за народот]] со сребрени зраци, [[Орден на трудот]] со златен венец, [[Одрен на трудот]] со црвено знаме, [[Повелба „Д-р Трифун Пановски“|повелбата „Д-р Трифун Пановски“]], [[наградата „11 Октомври“]], [[наградата „Климент Охридски“]] и други.<ref name="Декани"/> Автор и ко- автор е на повеќе од 400 научни и стручни публикувани трудови во наши и во странски медицински списанија. Автор е на учебникот „Клиничка гастроентерологија“, на монографијата „Прирачник по ендоскопија и биопсија во гастроентерологијата“ и на „Понови погледи во третирањето на циротичниот асцит со посебен осврт на тврдокорниот облик“. Коавтор е на југословенското издание на учебник по гастроентерологија и хепатологија во 1990 година. Раководел два научни проекта во [[МАНУ]]. За дописен член на МАНУ е избран на 21 декември 1983, а за редовен член на 7 октомври 1988 г. Бил секретар на Одделението за биолошки и медицински науки на МАНУ (1992- 1995). Починал на 25 ноември 1995 година.