Александар Фадеев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: ситна поправка
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 1:
'''Александар Фадеев''' ([[руски]]: ''Алекса́ндр Алекса́ндрович Фаде́ев'', [[24 декември]] [[1901]] - [[13 мај]] [[1956]]) - руски и [[СССР|советски]] [[писател]], еден до основачите на [[Сојуз на советските писатели|Сојузот на советските писатели]] и негов претседател од 1946 до 1954 година.
 
==Животопис==
==Биографија==
[[Податотека:Fotothek df roe-neg 0006329 003 Mitglied.jpg|мини|десно|Александар Фадеев]]
Фадеев се родил во Кимри, во Твреската област, а од 1908 до 1912 година живеел во Чигуевка, во Приморскиот Крај. Во 1918 година се зачленил во [[партија]]та на [[Болшевици]]те. Тој бил учесник во [[Граѓанска војна во Русија|граѓанската војна во Русија]] при што учествувал во борбите против јапонската армија и против белогаредејската војска.<ref>Milosav Babović, „''Poraz'' A. Fadejeva“, во: A. Fadejev, Poraz. Beograd: Rad, 1963, стр. 170.</ref> Фадеев бил миленик на [[Сталин]] и во текот на 1940-тите активно го поддржувал [[Ждановизам|ждановизмот]]. По смртта на Сталин, на 20. конгрес на партијата, неговиот пријател [[Михаил Шолохов|Шолохов]] го обвинил Фадеев за лошата состојва во советската книжевност.<ref>[http://www.sovlit.net/sholokhov20thcongress/: Говорот на Шолохов на 20. конгрес на [[КПСС]]]</ref> Како последица на тоа, Фадеев станал [[Алкохолизам|алкохоличар]], а тоа му предизвикало и нервно растројство и на 13 мај 1956 година, извршил самоубиство во својата дача во Переделкино. Притоа, тој оставил писмо во кое ги искажал своите негативни ставови како кон [[Сталинизам|Сталиновиот]] режим, така и кон режимот на [[Хрушчов]].<ref name="sovlit.net">[http://www.sovlit.net/fadeevsuicide/ Sovlit.net: Прошталното писмо на Фадеев и извештајот на КГБ]</ref> Така, во своето проштално писмо, тој го нарекол Сталин „сатрап“, а сталинистите ги обвинил за физичкото уништување на најдобрите луѓе во [[Советска книжевност|советската книжевност]]. Истовремено, тој го нападнал новиот режим, обвинувајќи го дека се состои од необразовани луѓе кои се одликуваат со незнаење, примитивизам и самољубие.<ref>[http://www. name="sovlit.net"/fadeevsuicide/ Sovlit.net: Прошталното писмо на Фадеев и извештајот на КГБ]</ref> По повод неговата [[смрт]], [[епиграм]] напишал неговиот сосед, [[Борис Пастернак]]. Фадеев бил [[Закоп|погребан]] на Новодевичанските гробишта во [[Москва]].
 
Фадеев бил оженет со познатата [[театар]]ска глумица, [[Ангелина Степанова]].
 
==Творештво==
Во 1927 година, Фадеев го објавил романот „[[Пораз (роман)|Пораз]]“ (познат и како „Деветнаесетмината“) во кој ја опишал борбата на партизаните портив јапонската војска. Во 1930 година излегол првиот дел на недовршениот роман „[[Последниот од Удеге]]“ (''Последний из удэге''), а вториот дел се појавил во 1940 година.<ref>[http://www.litrasoch.ru/roman-fadeeva-poslednij-iz-udege/ Фадеев, „Последниот од Удеге“].</ref> Во овој недовршен роман, Фадеев, се обидел да покаже дека „крајно примитивните луѓе може да направат скок од племенски [[комунизам]] кон сложената колективна организација на [[20 век]], прескокнувајќи ги посредните историските етапи: родовското општество, [[приватна сопственост|приватната сопственост]], [[Робовладетелство|робовладетелствоторобовладетелство]]то, [[Феудализам|феудализмот]], [[Капитализам|капитализмот]] и [[Социјализам|социјализмот]]... Овој роман ги содржи најдобрите страници што ги напишал Фадеев, така што фактот што тој ја трошел енергијата во администрирање на советската книжевност наместо на неговото довршување претставува мала книжевна трагедија.“<ref>Edward J. Brown, ''Russian Literature Since the Revolution: Revised and Enlarged Edition''. Harvard University Press, 1982, стр. 138.(ISBN|0-674-78204-6).</ref> Во 1945 година, Фадеев го објавил [[роман]]от „[[Младата гарда (роман)|Младата гарда]]“ (заснована врз вистински настани од [[Втората светска војна]]), за кој следната година ја добил [[Сталинова награда|Сталиновата награда]].
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Руски писатели]]
[[Категорија:Советски писатели]]