Артур Ч. Кларк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с →‎Животопис: clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 25:
Наречен „Пророк на вселенското време“, [[Британија|британскиот]] писател на научна фантастика Артур Ч. Кларк изумил и предвидел неколку концепти клучни за современо ползување на [[вселена]]та. Највлијателна била неговата теорија во 1945 год. дека геостационарните сателити што ја обиколуваат Земјата еднаш дневно може да се употребуваат за комуникација.
 
==Животопис==
==Биографија==
Роден е во Мајнхед Самерсет во Англија. По завршувањето на средното училиште заради материјални причини не можел да си дозволи универзитетско образование, па се вработил како ревизор во едно од министерствата на тогашната влада. Во текот на Втората светска војна служел во РАФ како радарски техничар и учествувал во изградбата на првиот систем за рано тревожење. По војната дипломирал на Кралскиот Колеџ во Лондон, а во 1948 магистрирал математика и физика.
 
Ред 33:
[[Податотека:Clarke.jpg|мини|десно|Сер Артур Чарлс Кларк]]
 
Негов најголем придонес во науката е идејата за користење на геостационарни сателити како комуникациони релеи. Меѓународна астрономска унија ја нарекла геостационарната орбита (42.000  km) Кларкова орбита во негова чест.
 
Во 1951. го напишал кусиот расказ Стражарот (енгл. The Sentinel) и го испратил на еден БиБиСи-ев книжевен натпревар. Расказот бил оценет од комисијата како многу слаб и не е објавен. Меѓутоа, во 1964. токму тој расказ претставува јадро за неговото најпознато дело, кое е и екранизирано во соработка со режисерот Стенлиј Кјубрик - 2001: Одисеја во вселената (филмската премиера била во 1968). Иако на корицата на книгата не се наоѓало името на Кјубрик, Кларк често говорел дека на книгата требало да пишува дека нејзини автори се Артур Кларк и Стенли Кјубрик, а на филмот како автори да бидат наведени Стенли Кјубрик и Артур Кларк.
 
Од 1956. година живеел во Коломбо на Шри Ланка. 1988. му е дијагностициран пост полио синдром и оттогаш бил прикован за инвалидска количка. Британската кралица Елизабета II во 1998. година го прогласила за витез.
 
Во својот тестамент Кларк изречно нагласил дека за неговиот погреб не е дозволен „апсолутно никаков религиски обред од која и да било вероисповед.“
Ред 44:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Англиски пронаоѓачи]]
[[Категорија:Англиски писатели на научна фантастика]]