Бруно Шулц: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 1:
'''Бруно Шулц''' (''Bruno Schulz'') ([[12 јули]] [[1892]] - [[19 ноември]] [[1942]]) - полски [[писател]], сликар, [[графика|графичар]], критичар и [[филозоф]] од [[Евреи|еврејско]] потекло.
 
==Животопис==
==Биографија==
Бруно Шулц е роден во градот [[Дрохобич]] во [[Австро-Унгарија]] (денес во [[Украина]]), претежно населен со [[Евреи]] и поголемиот дел од животот го поминал во родниот град, работејќи како наставник по цртање во [[гимназија]]та. Тој бил син на Хенриета и на Јаков Шулц, [[Трговија|трговец]] со текстилни материјали. Во нивниот дом не се негувала еврејската традиција и се зборувало само на [[полски јазик]]. Семејството Шулц живеело во куќата со број 10 која се наоѓала на главниот плоштад во Дрохобич при што членовите на семејството живееле на катот, а на приземјето се наоѓала нивната продавница. Токму во таа куќа се одвива дејството во расказите од збирката „[[Продавници со боја на цимет]]“, во која еден од главните ликови е неговиот татко Јаков. Бруно Шулц студирал [[архитектура]] во [[Лавов]], а за време на [[Втората светска војна]] бил одведен во [[Гето|гетотогето]]то во Дрохобич, каде бил убиен на улица од страна на еден [[Нацист|нацистичкинацист]]ички [[офицер]], на 19 ноември 1942 година.<ref name="ReferenceA">Бруно Шулц, ''Митизација на реалноста''. Скопје: Бегемот, 2015.</ref> <ref name="Beograd 2015">Bruno Šulc, ''Cimetaste prodavnice''. Beograd: Paidea, 2015.</ref>
 
==Творештво==
Шулц се оформил под влијание на интелектуалната [[авангарда]] собрана во движењето „[[Млада Полска]]“, како и под влијание на [[Германска книжевност|германската книжевност]] од почетокот на [[20 век]]. Во 1934 ја објавил својата прва книга „[[Продавници со боја на цимет]]“, а потоа, поттикнат од младите литерати и од издавачите ја објавил и втората книга „[[Санаториумот во знакот на Клепсидрата]]“. Всушност, овие две книги го сочинуваат целото неговот творештво, зашто ракописот на неговото трето дело, [[роман]]от „Месија“ е изгубен. Исто така, Шулц има напишано и неколку други раскази, кои не дел од двете збирки, како и неколку [[Есеј|есеи]].<ref>Бруно Шулц, ''Митизација на реалноста''. Скопје: Бегемот, 2015.<name="ReferenceA"/ref> Во двете збирки, Шулц го опишува животот на [[Евреи]]те во еден мал провинциски град при што неговите раскази се одликуваат со [[Автобиографија|автобиографски]] елементи. И покрај скромниот опус, денес, Шулц се смета за еден од најголемите прозни стилисти на [[20 век]]. Неговите раскази се напишани со богат и единствен [[јазик]], со употреба на бројни необични [[Метафора|метафори]]. Притоа, тој користи повеќекратни, сложени [[Реченица|реченици]], со комбинација на старомодни и заборавени зборови и модерни, научни изрази. Оваа техника го привлекла вниманието и била предмет на бројни дискусии уште од неговите први критичари, кои неговото творештво го оцениле како смеса на [[убавина]] и [[поезија]].<ref>Bruno Šulc, ''Cimetaste prodavnice''. name="Beograd: Paidea, 2015.<"/ref>
 
== Наводи ==