Глигор Муратовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
основноподредување
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 10:
|занимање = универзитетски професор, физиолог
}}
'''Глигор Муратовски''' (22 март 1897, [[Галичник]] - 11 јули 1976, [[Скопје]]) — физиолог, пнеумофтизиолог, редовен професор и основоположник на Институтот за градни болести во Скопје.<ref name="Декани">д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​31-33</ref>
 
==Животопис==
==Биографија==
Глигор Муратовски бил роден во селото Галичник. Основно и средно образование учел во [[Галичник]], [[Солун]] и [[Скопје]], а медицина во [[Софија]] и [[Виена]]. По дипломирањето, работел како општ лекар во Галичник, а потоа и како лекар во Хигиенскиот завод во Скопје. По формирањето на [[Медицински факултет во Скопје|Медицинскиот факултет во Скопје]], тој бил избран за професор по предметот „Фтизиологија“. Специјализирал во периодот од 1937 до 1941 во Скопје, а за време на [[НОБ]] давал медицинска помош на борците.<ref name="Декани"/>
 
==Кариера==
По ослободувањето, во 1945 година Муратовски станал управник на [[Државна болница Скопје|Државната болница]] во Скопје. Учествувал во основањето на Медицинскиот факултет во Скопје, каде бил назначен за редовен професор, и подоцна и декан на факултетот во три наврати, во периодот од 1954 до 1960 година.<ref name="Декани"/> Меѓу другото, Глигор Муратовски ги обавувал должностите: началник на Одделението за туберкулоза при Министерството за народно здравје на Македонија, член на Одборот за народно здравје, шеф на Градската клиника во Скопје, претседател на Здружението на пневмофтизиолози на Македонија, основач и претседател на МЛД, како и еден од организаторите на првиот конгрес на лекарите на Македонија.<ref name="Декани"/> Исто така бил член на Основачкото собрание на [[Црвен крст на Македонија|Црвениот крст на Македонија]], и почесен член на Здружението на пневмофтизиолозите на [[Југославија]]. Се пензионирал во 1959 година, и по пензионирањето ја продолжил својата активност во Црвениот крст на Македонија.
 
Добитник е на наградите: [[Орден на заслуги за народот]], [[Орден на трудот]] од II ред, [[Орден на трудот]] од I ред, Златен знак на Црвениот крст на Југославија, и други пофалници, награди и признанија.<ref name="Декани"/>
 
== Наводи ==