Ерих Фром: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 2:
'''Ерих Фром''' ({{lang-de|Erich Fromm}}; {{роден на|23|март|1900}} - {{починал на|18|март|1980}}) — германски [[психоанализа|психоаналитичар]], [[Хуманизам|хуманистички]] [[филозоф]] и [[демократски социјализам|демократски социјалист]].
 
==Животопис==
==Биографија==
Ерих Фром е роден на 23 март 1900 година, во [[Франкфурт]], во семејство на ортодоксни [[Евреи]]. Неговиот дедо и двајцата прадедовци по татко му биле [[Рабин|рабинирабин]]и, вујкото на мајка му бил познат проучувач на [[Талмуд]]от, а татко му Нафтали, трговец со [[вино]], се срамел од својата професија. Сеќавајќи се на своето детство, во една прилика, Фром рекол: „Како дете, ми беше многу чудно што некои луѓе го посветуваат целиот живот на заработувањето [[пари]] и ми беше срам кога некој човек во мое присуство би морал да изјави дека е [[Стопанство|стопанственик]].“<ref>Piter Krejmer, „Uvod“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 9.</ref> Оттука, уште во детството се запознал со [[Стар Завет|Стариот завет]] и со [[Талмуд]]от, а на возраст од 18 години почнал да се интересира за учењето на [[Карл Маркс]] и на [[Сигмунд Фројд]]. Во 1918 година ги започнал своите студии по [[право]] на Универзитетот во [[Франкфурт]], но за време на летниот семестар во 1919 година се префрлил на [[Хајделбершки универзитет|Хајделбершкиот универзитет]], каде што студирал право и [[религија]], но потоа се префрлил на [[социологија]]. На истиот [[универзитет]], во 1922 година докторирал од областа на [[психологија]]та. На возраст од 23 години, Фром отворено објавил дека е противник на [[Ционизам|ционизмот]], изјавувајќи дека [[Национализам|национализмот]] е спротивен на [[Хуманизам|хуманизмот]]. Подоцна, на возраст од 26 години, како симбол на неговото офрлање на [[Јудаизам|јудаизмот]], јадел [[леб]] на празникот [[Пасха]]. Подоцна, Фром објаснил дека ги отфрлил своите верски убедувања затоа што не сакал да учествува во „каква и да било поделба на човечката раса, ни религиозна ни политичка.“<ref>„Upoznajte Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 180.</ref> Во овој период ја запознал Фрида Рајхман и се оженил со неа. Фрида, која била постара 11 години од него, го запознала со [[психоанализа]]та и двајцата работеле во една приватна клиника во Хајделберг. По неколку години, нивниот [[брак]] пропаднал. Во 1924 година започнал да се бави со [[психоанализа]], најпрвин во [[Хајделберг]], а потоа и во [[Минхен]], Франкфурт и [[Берлин]], додека во 1926 година почнал да го проучува [[Зен-будизам|зен-будизмот]]. Во 1930 година ја завршил својата психоаналитичка обука на Психоаналитичкиот институт во [[Берлин]], каде работел заедно со истакнатите следбеници на Фројд, како: [[Ханс Сакс]] и [[Теодор Рајк]], а истата година бил избран за раководител на социјално-психолошкото одделение на Институтот за социјални истражувања во Франкфурт. Во 1934 година, Фром заминал во [[Женева]], а потоа, во [[Њујорк]], каде се вработил на [[Универзитет Колумбија|Универзитетот Колумбија]], по покана од психоаналитичарката и [[Феминизам|феминистката]] [[Карен Хорнај]] со која имал љубовна врска. Во 1938 година го раскинал договорот со Институтот во Франкфурт, во 1943 помогнал во основањето на њујоршкиот оддел на [[Вашингтон]]ската школа за [[психијатрија]], а во 1945 и на Институтот за психијатрија, психоанализа и [[психологија]] „Вилијам Алансон Вајт“. Исто така, Фром работел на [[Универзитет Јејл|Универзитетот Јејл]], на Њујоршкиот универзитет, на Новата школа за општествени истражувања, на Колеџот „Бенингтон“ и на [[Државниот универзитет на Мичиген]]. За време на животот во Њујорк, Фром имал љубовни врски со Кетрин Данам и Марта Грем, а во 1944 година се оженил со [[фотограф]]ката Хени Гурланд, со која останал во брак во текот на осум години, до нејзината смрт. Потоа, Фром имал поголем број љубовници: некои многу постари, а други помлади од него; некои паметни, а некои згодни, но неговата најголем љубов била Анис Фримен, вдовица на еден [[адвокат]] од југот на САД. Фром бил на возраст од педесетина години кога започнал да ѝ се додворува, а љубовта кон неа траела уште 28 години. Во 1949 година, Фром ги напуштил [[САД]] и се преселил во [[Мексико]], каде го основал одделението за психоаналитичка обука во рамките на медицинскиот факултет при [[Националнен универзитет на Мексико|Националниот универзитет на Мексико]]. Фром се пензионирал во 1965 година, по што живеел во мексиканскиот град [[Куернавака|Куернавакаа]]а, а во 1974 година се преселил во Муралто, [[Швајцарија]], каде умрел на [[18 март]] [[1980]] година, пет дена пред својот осумдесетти роденден.<ref name="Eriha Froma 2017">„Hronologija života i stvaralaštva Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 187-190.</ref> <ref>Piter Krejmer, „Uvod“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 9-13.</ref> <ref>„Upoznajte Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 179-184.</ref>
 
== Политичка активност ==
Ред 9:
 
== Творештво ==
Благодарение на своето образование од областа на [[социологија]]та, Фром го сметал учењето на [[Зигмунд Фројд]] тесно и механичко и тврдел дека нештата кои Фројд настојувал да ги објасни со вродените инстинкти, всушност се под влијание на економските, политичките и културните сили. Според Фром, човекот не е збир на нагони ставени под репресија, туку тој е [[Општество|општествено]] суштество кое учествува во општествената структура. На тој начин, Фром застанал на страната на аналитичките [[Марксист|марксистимарксист]]и и на [[Социјалист|социјалиститесоцијалист]]ите, а најмногу бил близок на раните марксистички сфаќања. На почетокот, Фром најмногу пишувал за [[Кривично право|кривичното право]], [[религија]]та и [[морал]]от, а во раните 1930-ти, истражувањата за [[Патријархат|патријархалните]] и [[Матријархат|матријархалните]] општества го мотивирале да пишува за татковската и мајчината [[љубов]]. По преселбата во [[САД]], веќе во 1940-тите Фром почнал да пишува на [[англиски јазик]], а во тој период се заострила неговата критика на класичната психоанализа. По објавувањето на книгата „[[Бегство од слободата]]“ во 1941 година, Фром станал познат со своите хуманистички идеи кои се смеса на [[Јудаизам|јудаизмот]], [[Марксизам|марксизмот]], психоанализата, [[Таоизам|таозимот]] и [[Зен-будизам|зен-будизмот]]. Во 1950-тите и 1960-тите, тој станал политички активен и ја презел главната улога во антинуклеарните и [[Пацифизам|пацифистичките]] движења. Така, во 1957 година, Фром помогнал во организирањето на Националниот комитет за здрава нуклеарна политика, познат како SANE, а кој името го добил по неговата книга „Здраво општество“. Истовремено, Фром одржувал плодни врски со главните личности од областа на психоанализата и на општествените науки, како: [[Шандор Ференци]], [[Хари Стек Саливен]], [[Дејвид Рисман]] и [[Херберт Маркузе]].<ref>Piter Krejmer, „Uvod“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 10-12.</ref> <ref>„Upoznajte Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 182.</ref>
 
Фром пишувал рационално и со јасен стил, што довело до голема популарност на неговите дела. Тој станал славен со книгата „[[Бегство од слободата]]“ (1941) во која го изразува ставот дека современиот човек, поради стравот од [[слобода]]та, бега во авторитаризам, конформизам и деструкција. Според антропологот [[Маргарет Мид]], оваа книга „го премости јазот меѓу [[економија]]та и [[психологија]]та и покажа дека ниедна [[теорија]] која се заснова само врз начинот на кој човекот заработува за живот или само на човечката природа не е доволна.“ Во 1955 година ја објавил книгата „[[Здраво општество]]“ во која предлага дека секој поединец, кога ќе се соочи со доминација на [[технологија]]та, мора да развие високи [[Етика|етички]] стандарди, тврдејќи дека „опасноста на иднината е дека луѓето ќе станат [[робот]]и“. И оваа книга го привлекла вниманието ширум светот, а [[Волдо Франк]] напишал во списанието „Нејшн“: Во оваа книга, тој станува отворено - некои би рекле и страсно - критичар на општеството.“ Во 1956 година се појавила најпозната книга на Фром, „[[Вештината на сакањето]]“ во која го изнесол ставот дека љубовта е „единствениот здрав и задоволувачки одговор на проблемот на човечката егзистенција“ и дека таа е „став, ориентација на карактерот која го одредува односот на личноста кон светот како целина, а не кон еден објект на љубовта“. Во ова дело, Фром ја опишал разликата меѓу љубовта кон себе и себичноста, што се смета за еден од неговите најголеми придонеси во [[психологија]]та. Други позначајни дела на Фром се: „[[Мисијата на Сигмунд Фројд]]“ (1959), „[[Заборавениот јазик|Заборавениот јазик: вовед во разбирањето на соновите, бајките и митовите]]“ (1951) и „[[Ќе бидете како Богови|Ќе бидете како Богови: радикално толкување на Стариот завет и неговите традиции]]“ (1966).<ref>„Upoznajte Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 181-183.</ref>
Ред 16:
 
==Библиографија==
Ерих Фром бил исклучително плоден автор. Негови позначајни дела се:<ref>„Hronologija života i stvaralaštva name="Eriha Froma“, во: Erih From, ''Umeće ljubavi''. Beograd: Vulkan,Froma 2017, стр. 187-190.<"/ref>
* „Психоанализата и социологијата“ (1928)
* „Догмата за Христос“ (1930)
Ред 48:
* [http://www.erich-fromm.de/e/index.htm Меѓународно друштво на Ерих Фром]
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Фром, Ерих}}
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Фром, Ерих}}
[[Категорија:Американски Евреи]]
[[Категорија:Американски филозофи]]