Марија Тереза (Франција): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 20:
'''Марија Тереза''' (француски: ''Marie Thérèse Charlotte''; [[19 декември]] [[1778]] г. – [[19 октомври]] [[1851]] г.) била најстарото дете францускиот крал [[Луј XVI]] и кралицата [[Марија Антоанета]], неговата сопруга.
Таа се омажила со нејзиниот братучед, [[Луј Антоан]], најстариот син на идниот [[Шарл X]]. Со бракот ја презела и титулата [[војвотката од Ангулем]]. Кога нејзиниот свекор застанал на тронот на Франција во 1824 година, таа ја добила титулата [[Dauphine - жена на најстариот син на францускиот крал]]. Таа всушност била [[кралица на Франција]] дваесет минути, период во кој нејзиниот свекор го потпишал документот за одрекување од тронот, а нејзиниот сопруг,против своја вoјла го потпишал документот за стапување на тронот.
==Животопис==
==Биографија==
Марија-Тереза била родена во [[Версај палатата]] на 19 декмеври 1778 година како прво дете и најстара ќерка на кралот Луј XVI и кралицата Марија Антоанета. По седум години брак сите нестрпливо чекале да се роди дете. Поради преполната и непроветрената соба во која се пораѓала, Марија Антоанета речиси умрела од гушење. Прозорците набргу биле отворени за да влезе свеж воздух. Како резултат на ова ужасно искуство, Луј XVI го забранил јавното гледање и дозволил само најблиските членови и неколку доверливи дворјани да бидат сведоци на раѓањето на следните кралски деца. Откако ја вратиле во живот, кралицата со задоволство ја поздравила својата штотуку родена ќерка: ''„кутро мало суштество, не си она што очекуваа, но сепак ќе те сакаме''. Синот ќе припаѓа на државата, а ти мене и ќе ја добиеш целосната потребна грижа, ќе бидеш дел од мојата среќа и лек за мојата болка.“''
Набргу по раѓањето, уште истиот ден, принцезата била покрстена и била именува по нејзината баба по мајка, царицата, [[Марија Тереза од Австрија]].
Ред 28:
Како ќерка на кралот таа била ''[[fille de France]]'', а како најстара ќерка на кралот, уште од раѓање ја носела титулата [[кралска дама]].
==Живот за време на револцијата==
Како што Марија-Тереза растела, растеле и тензиите за [[Француската револуција]]. Социјалното незадоволство помешано со огромниот буџетски дефицит предизвикале излив на анти-апсолутистички немири. Во 1789 година Франција банкнотирала поради поддршката која ја дала на [[Американската револуција]] и високите цени на храната поради суша, а ситуацијата била влошена уште повеќе од страна на пропагандисти на кои мета на презир и потсмев им била кралицата Марија Антоанета. Како што нападите против кралицата станувале сè побрутални така пропаѓала и популарноста на монархијата. Љубомората и [[омразата]] биле главни причини за незадоволство и лутина кон кралицата во дворецот Версај. Нејзината непопуларност заедно со неколку членови во дворецот, меѓу кои и [[[војводата од Орлеан]], довела до принтање и делење на вулгарни памфлети во кои кралицата се обвинувала за сексуална изопаченост како и за пропаст на државата поради трошење на државните пари. Иако било општо докажано дека кралицата на некој начин и предизикала да дојде до таква омраза штетата кои овие памфлети ја нанеле на монархијата се покажала како катализарот за превсртот кој претстоел.
Помладата сестра на Марија-Тереза починала во 1787 година, а две години подоцна, на 4 јуни 1789 година, од [[туберколоза]] починал и Луј Жозеф, месец подоца по отварањето на [[Генералниот Штаб]]. Од сите овие трагедии кои ја нападнале Марија Антоанета, влошувањето на политичката ситуација не ја погодила толку.
===Преселувањето во Палатата Тилери===