Милтон Манаки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 32:
| lbl-style = <!-- Стил на додатните полиња -->
}}
'''Милтон Манаки''' ([[Авдела]], [[Гребенско]], {{рн|9|септември|1882}}<ref>Во сочуваните документи се среќава и 1884 година како година на неговото раѓање, а во литературата некои автори ја земаат 1880 година. Извор: [[Историски архив (Битола)|Историски архив, подрачно одделение Битола]], фонд: Браќа Манаки, АК:3, АЕ: 5/6-7.</ref> - [[Битола]], {{починал на|5|март|1964}}) бил првиот македонски филмски [[снимател]], исто така првиот филмски снимател на Балканот, заедно со неговиот постар брат [[Јанаки Манаки|Јанаки]]. Првите снимки ги направи во [[1905]] година. Главни негови трудови се: [[Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Битола|репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад]] во [[Битола]] во [[1911]] година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од Балканските војни, како и многу други снимки од историска важност.
 
Носител е на „Илинденска споменица 1903“, на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во [[Пула]] во [[1963]] година.
 
==Животопис==
==Биографија==
Милтон Манаки е роден на [[9 септември]] [[1882]] година во селото [[Авдела]]. По завршувањето на основното образование во родното село, татко му Димитри го запишал во романското трговско училиште во [[Јанина]]. Но Милтон по само една година го напуштил школувањето, и на 13 годишна возраст се вратил во селото, минувајќи го времето со другарите. Не покажал интерес ниту за изучување занает.<ref> „Творештвото на браќата Манаки“, група автори, 1996, Скопје, стр. 31.</ref> Проблемот со учењето бил решен кога брат му [[Јанаки Манаки|Јанаки]] го зел во своето фотоателје.
 
Милтон имал природна дарба за комуникација со луѓето, имал голем круг на пријатели, често седел во кафеаните да игра табла, но и често патувал. Во периодот од 1898 до 1904 година, забележано е дека посетил 41 населено место.<ref>Извор: [[Историски архив (Битола)|Историски архив, подрачно одделение Битола]], фонд: Браќа Манаки, фотодокументи од 1-370.</ref> Активно учествувал во движењето за осознавање на Власите од асимилаторското влијание на Грчката патријаршиска црква, а според некои сознанија, членувал и во [[ВМРО|Внатрешната македонска револуционерна организација]], воспоставувајќи канал за пренос на оружје од [[Лариса]] до [[Битола]].<ref>Павле Константинов: „Браќа Манаки“, Млад борец, Скопје, 1982, стр. 36.</ref>
 
Во 1904 година се преселил во Битола заедно со брат му, бидејќи таму изградиле фотоателје на главната улица [[Широк Сокак]]. Во Битола за првпат видел кинопретстава, и автомобил по градските улици. Во 1906 година купил велосипед и се зачленил во велосипедскиот клуб „Спорт“.<ref> „Творештвото на браќата Манаки“, група автори, 1996, Скопје, стр. 33.</ref> Значајно место во неговиот живот заземаат неговите патувања во странство ([[Цариград]], [[Букурешт]], [[Солун]], и др.), при што воспоставувал контакти со високите власти. Особено значаен е престојот во Букурешт во 1906 година, кога заедно со брат му биле примени на аудиција кај романскиот крал [[Карол I]], зеле учество на големата фотографска изложба и добиле златен и сребрен медал.
 
Во 1914 година Милтон е регрутиран од српската војска, но на интервенција на значајни луѓе, бил ослободен од воениот рок.<ref>Извор: [[Историски архив (Битола)|Историски архив, подрачно одделение Битола]], фонд: Браќа Манаки, АЕ:1/1 и 2/2.</ref> Со оглед на несигурните воени времиња, браќата склучиле животно осигурување кај познатите осигурителни друштва „Ла викторија“ од Берлин, од 1912 до 1914 година, и потоа во „Ла национал“ од Белград, од 1914 до 1934 година.
Ред 73:
== Наводи ==
{{наводи}}
 
 
{{Македонија-био-никулец}}