Надин Гордимер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 2:
'''Надин Гордимер''' ([[англиски]]: ''Nadine Gordimer, [[20 ноември]], [[1923]], [[Спрингс]], [[Трансвал]], денес [[ЈАР]]) - јужноафриканска писателка, добитничка на [[Нобеловата награда за литература]] во [[1991]] година, „за опусот што, преку убавиот епски стил, е подарок за човештвото“.<ref>П''реводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда'', НИД „Микена“, Битола, 2009.</ref>
 
==Животопис==
==Биографија==
Гордимер е родена во малото рударско гратче [[Спрингстин|Спрингс]], близу до [[Јоханесбург]], во семејство на [[Евреи]]-доселеници: нејзиниот таткото од [[Литванија]],а мајката од [[Англија]]. Гордимер израснала во [[семејство]] на службеници од средниот сталеж. Многу читала, а почнала да пишува на деветгодишна возраст. Завршила средно образование и само една година студирала на Витватерсранд. Уште млада внимателно го следела општествениот живот во Јужна Африка.
 
==Творештво==
Веќе на возраст од 13 години, Гордимер го објавила својот прв расказ во локалното списание, а нејзината прва книга се појавила кога имала неполни 20 години. Таа пишувала на [[англиски јазик]] и нејзините дела претежно биле објавени во [[Англија]], а во ЈАР често биле забранети, поради тоа што во нив ги опишувала односите меѓу белците и Црнците.<ref>Jovica Aćin, „Afrički zavičaj“, во: Nadin Gordimer, ''Dva metra zemlje''. Beograd: Rad, 1989, стр. 109.</ref> Нејзините први книги (пишувани на англиски јазик), збирката раскази „Тихиот глас на земјата“ и [[роман]]от „Лажливи дни“ (1953), се одликуваат со совладана техника и со задржан тон, карактеристични за нејзиното целокупно творештво. Подоцна, Гордимер ги објавила збирката раскази „Ќерката на Бургер“ (1979) и романите „Војничка прегратка“ (1980) и „Луѓето на Џулај“. Исто така, таа ги има објавено и збирките раскази: „Мекиот глас на змијата“, „Петочни траги“, „Ливингстоновите другари“, „Нема слично место“, „Нешто таму надвор“. Нејзини најзначајни дела се: „Луѓето на Џулај“, „Свет на странци“, „Почесен гостин“, „Конзервативец“, „Доцнобуржоаскиот свет“, „Бургеровата ќерка“ и „Спорт во природа“.
 
===Осврт кон творештвото на Гордимер===
Во своите дела, Гордимер ги застапува идеите на класичниот англиски [[либерализам]], а тоа се отсликува во темите што ги обработува. Така, во нејзините романи се зборува за пријателството меѓу [[Европјани]]н и [[Африканци|Африканец]]; за [[самоубиство]]то на еден белец кој застанал на страната на [[Црнци]]те и се вклучил во [[Тероризам|терористичка]] акција против власта; за исцрпувачкото илегално скитање на Црнец и бела жена, итн. Во својот најмрачен роман, „Конзервативец“, таа раскажува за богат европски [[индустрија]]лец кого го напуштаат љубовницата и синот, а тој се затвора на една јужноафриканска фарма, каде му се замрачува [[ум]]от пред очите на рамнодушните црни слуги. Во „[[Бургеровата ќерка]]“, таткото (стар [[комунист]]) умира во [[затвор]]от, а ќерката расте сама, бега и најпосле се враќа во [[Јужна Африка]] и ја продолжува борбата што ја воделе нејзините родители, поради што и таа завршува в затвор. Големо значење имаат и расказите на Гордимер, поради која често ја сметаат за најдобрата англиска раскажувачка, како од гледна точка на стилот, така и според [[морал]]ниот набој. Нејзините раскази се одликуваа со [[Чехов|чеховскачехов]]ска сила и живописно ги прикажуваат трагичните настани во [[Африка]], т.е. личните и политичките елементи на поделбата во општеството. И покрај тоа што тие имаат и политички конотации, во нив Гордимер се покажува како префинет [[Уметност|уметник]] во описите на африканските пејзажи, во анализата на ликовите, во интензивната евокација на луѓето и во прикажувањето на љубовните сцени проткаени со нежен [[Еротика|еротизам]]. Притоа, речиси секогаш нејзините јунаци се насликани како антијунаци, а во тој поглед особено се издвојуваат женските ликови.<ref>Jovica Aćin, „Afrički zavičaj“, во: Nadin Gordimer, ''Dva metra zemlje''. Beograd: Rad, 1989, стр. 109-111.</ref>
 
==Награди==
Гордимер е добитничка на повеќе награди, меѓу кои и: италијанската награда „Малапарте“, германската награда „Нели Сакс“, наградата на Шкотскиот совет за уметност и француската меѓународна награда „Голем златен орел“. За романот „[[Конзервативец (роман)|Конзервативец]]“, таа ја добила престижната [[Букерова награда]].<ref>Jovica Aćin, „Afrički zavičaj“, во: Nadin Gordimer, ''Dva metra zemlje''. Beograd: Rad, 1989, стр. 110.</ref>
 
==Наводи==
Ред 20:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература]]
[[Категорија:Јужноафрикански писатели]]