Никола Незлобински: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 27:
'''Никола Незлобински''' (изворно: '''Николај Антонович Незлобински''', {{lang-ru|Николай Антонович Незлобинский}}; [[12 мај]] [[1885]], [[Пјатигорск]] - [[17 мај]] [[1942]], [[Струга]]) — македонски [[ендопаразитологија|ендопаразитолог]] и природонаучник од [[Руси|руско]] потекло
 
==Животопис==
==Биографија==
Незлобински е роден на 12 мај 1885 година во градот [[Пјатигорск]], јужна [[Русија]]. Единствените сознанија кои се познати неговото семејство се однесуваат на неговиот татко, Антон, кој бил шумарски инженер и кој, по сеќавањата на Незлобински, кај него ја развил љубовта кон [[природа]]та и [[животни]]те. Во [[1907]] година постанал студент на Военомедицинската академија во руската престолнина [[Санкт Петербург]]. Бил вреден и трудољубив студент, за што сведочи и добиеното признание "Златен медал" за семинарската работа "Значењето на плочестите глисти".<ref name="ReferenceA">Сашо Цветковски (уредник), ''80 години Музеј „Др. Никола Незлобински“ - Струга'' (монографија)</ref>
 
На академијата дипломирал во [[1912]] година и, бидејќи бил воен стипендист, останал во служба како воен лекар. [[Првата светска војна]] младиот Незлобински го затекнала како лекар на руската [[Црноморска флота]]. По победата на [[Октомвриската револуција]], како припадник на [[белогардејци]]те, Незлобински бил принуден да ја напушти Русија и, заедно со сопругата Софија и со неколку другари, пристигнал во [[Кралство Југославија|Југославија]], при што бил распореден на служба во [[Крива Паланка]]. На [[28 август]] 1924 година, Никола Незлобински, заедно со својата сопруга и соработниците, пристигнал во [[Струга]], со задача да ја уништи [[маларија]]та, која во тоа време била голем проблем во [[град]]от и во околината. Со него, исто така, дошле и руските емигранти: Георги Руднев, Александар Лукин, кој бил правник и работел како судија во Кралска Југославија и неговата сопруга; Михаил Макаров, кој бил офицер и инженер и во Струга кај старата железничка станица од бродски мотор направил термоцентрала од која Струга добивала навечер осветление; како и Борис Владимирович Барон де Боде, во Струга познат како баронот Борис, кој бил испратен во Струга од караулата во [[Свети Наум]], каде што работел во гранична трупа.<ref>Сашо Цветковски (уредник), ''80 години Музеј „Др. Никола Незлобински“ - Струга'' (монографија)<name="ReferenceA"/ref>
 
Д-р Незлобински започнал со следење, систематско запознавање и проучување на здравствените и хигиенско-санитарните прилики и врз основа на добиените сознанија, се покажало дека дури 50% од населението во Струга и селата што се наоѓале во непосредна близина на Струшкото Блато, боледувало од [[маларија]]. Заради тоа д-р Никола Незлобински презел конкретни мерки: иницирал копање артериски [[бунар]]и, подготвил и формирал Антималаричен диспанзер, односно Маларична станица, како што ја нарекувале луѓето од овој крај, а во рамките на Диспанзерот, формирал и отворил стационар, односно болница, со што станал основоположник на првата здравствена институција во [[Струга]].<ref name="ReferenceB">Н.У. Музеј “Д-р Никола Незлобински” - Струга, "Природонаучна изложба - Natural scientific exposition", Струга, 2013.</ref>
 
Д-р Незлобински започнал со следење, систематско запознавање и проучување на здравствените и хигиенско-санитарните прилики и врз основа на добиените сознанија, се покажало дека дури 50% од населението во Струга и селата што се наоѓале во непосредна близина на Струшкото Блато, боледувало од [[маларија]]. Заради тоа д-р Никола Незлобински презел конкретни мерки: иницирал копање артериски [[бунар]]и, подготвил и формирал Антималаричен диспанзер, односно Маларична станица, како што ја нарекувале луѓето од овој крај, а во рамките на Диспанзерот, формирал и отворил стационар, односно болница, со што станал основоположник на првата здравствена институција во [[Струга]].<ref>Н.У. Музеј “Д-р Никола Незлобински” - Струга, "Природонаучна изложба - Natural scientific exposition", Струга, 2013.</ref>
 
За работа во болницата, докторот Незлобински ги ангажирал неговите соработници. Георги Руднев бил задолжен да ја води лабораторијата и да работи како лаборанрт, додека Михаил Макаров добил ангажман како болничар, ракувач и одржувач на опремата со која набргу докторот започнал да ја опремува болницата. Со текот на времето, д-р Никола Незлобински, во медицинскиот персонал на антималаричната станица и болницата, вклучил и кадри од месното население. За постигнатите резултати во сузбивањето на маларијата, д-р Никола Незлобински во [[1929]] година бил одликуван со орденот "[[Свети Сава]]" од четврти ред и истата година бил прогласен за почесен граѓанин на Струга.
 
На [[17 мај]] [[1942]] година, д-р Незлобински ненадејно починал, најверојатно како последица на срцев удар. Граѓаните на Струга му организирале достоен погреб и се простиле од него. Неговата сопруга, Софија, го надживеала мажа си цели 15 години и по војната работела како наставник по [[Руски јазик|руски]] и [[француски јазик]] и по [[музика]]. Гробот на почесниот граѓанин на Струга, д-р Никола Незлобински се наоѓа во алејата на заслужните граѓани на градските [[гробишта]] во Струга.<ref>Сашо Цветковски (уредник), ''80 години Музеј „Др. Никола Незлобински“ - Струга'' (монографија)<name="ReferenceA"/ref>
 
== Научно творештво ==
Д-р Незлобински бил голем љубител на [[природа]]та, така што се бавел и со собирање и препарирање растителни и животински примероци. Тој е автор на една значајна студија за лентоидните [[паразити]], која по препораките и позитивните рецензии била објавена во угледниот годишник "Глас српске краљевске академије". Уште во [[1926]] година, во една од бараките во која живеел, д-р Никола Незлобински приредил изложба каде ги презентирал препарираните експонати, а потоа неговата збирка многу бргу се збогатувала со нови примероци. Оттука, во [[1928]] година, д-р Никола Незлобински, во една од бараките на болницата, поставил постојана музејска поставка и со тоа ги втемелил [[Народен музеј „Д-р Никола Незлобински“|Природонаучниот музеј „Д-р Никола Незлобински“]] и музејската дејност во [[Македонија]].<ref>Н.У. Музеј “Д-р Никола Незлобински” - Струга, name="Природонаучна изложба - Natural scientific expositionReferenceA", Струга, 2013.</ref> <ref>Сашо Цветковски (уредник), ''80 години Музеј „Др. Никола Незлобински“ - Струга'' (монографија)<name="ReferenceB"/ref>
 
 
Во [[1938]] година, д-р Никола Незлобински покренал иницијатива за изградба на нова, посебна музејска зграда, за која самиот ги подготвил плановите, а тој го изготвил и ентериерното решение за експозицијата на музејската поставка. Така, во 1938 година, Музејот бил отворен за прием на посетителите. Во знак на благодарност кон човекот што го создал, организирал и промовирал, Музејот во Струга го добива неговото име и се нарекува Народен музеј "д-р Никола Незлобински". <ref>Н.У. Музеј “Д-р Никола Незлобински” - Струга, name="Природонаучна изложба - Natural scientific expositionReferenceA", Струга, 2013.</ref> <ref>Сашо Цветковски (уредник), ''80 години Музеј „Др. Никола Незлобински“ - Струга'' (монографија)<name="ReferenceB"/ref>
 
== Поврзано ==