Орде Чопела: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 25:
'''Јордан Чопела''' или '''Орде Чопела''' ([[Варош]], {{роден во|Прилепско}}, {{роден на|1|мај|1912}} - {{починал во|Битола}}, {{починал на|9|април|1942}}) — македонски комунист, учесник во НОБ. Одликуван е со [[Орден на народен херој|Орден народен херој на Југославија]] на 2 август 1949 година.
 
==Животопис==
==Биографија==
Јордан Чопела бил роден во Варош, во семејство на печалбари. Многу млад се запишал во соколаната и бил еден од најдобрите вежбачи на справите, поради што бил испратен на слет во Софија, во 1930 година.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 417</ref> Во 1933 и 1934 година служел војска, а потоа се оженил, и имал две ќерки. На изборите во 1938 година, Јордан бил активен агитатор.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 418</ref>
 
Во 1940 година станал член на [[Комунистичка партија на Југославија|Комунистичката партија на Југославија]]. Активен бил во здружението на тутунопроизводителите. Поради учеството во организирање на штрајк против Монополот, со цел да се зголемат откупните цени на тутунот, му била испратена покана за воена служба. Таму, исто така, организирал бунт поради квалитетот на храната и бил осуден на три месеци затвор.<ref>[http://www.oldprilep.com/orde-copela/ old.prilep]</ref>
 
==Учество во НОБ==
Чопела бил активно вклучен во Народноослободителното движење за време на [[Втората светска војна]] во [[Македонија]]. На 16 јули 1941 година во неговиот стан во Прилеп е формирана Прилепска воена комисија.<ref>Милевски, Стиле. Револуционер по професија, Скопје 1994, с. 23.</ref> По директива на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, во јануари 1942 година престојувал во Битола, каде што требало да подготви партизански одред во Битолско.
 
На 8 април 1942 година во [[Битола]] Јордан Чопела бил предаден, и по куса борба бил смртно ранет од страна на бугарската [[фашизам|фашисти]]чка полиција. Починал на 9 април 1942 година.
 
За народен херој бил прогласен на 2 август 1949 година.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 421</ref>
 
Во негова чест, [[СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп|едно од средните училишта]] во Прилеп го носи неговото име.