Петар Кочиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: илустрирање
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 1:
'''[[Петар Кочиќ]]''' ([[Стричиќи]] кај [[Бања Лука]], {{роден на|29|јуни|1877}} - {{починал на|27|август|1916}} {{починал во|Белград|}}) бил српски писател. Тој е еден од најистакнатите претставници на српскиот [[реализам]].
 
==Животопис==
==Биографија==
Петар Кочиќ се родил на [[29 јуни]] [[1877]] година, во селото Стричиќи (''Стричићи''), во близината на Бања Лука. Дури на десетгодишна возраст го започнал основното [[образование]], во [[манастир]]от Гомионица - културниот центар на областа [[Змијања]]. Во тој манастир живеел татко му Јован (вдовец) како [[калуѓер]], под името Герасим. [[Училиште]]то го довршил во Бања Лука како редовен ученик. Во [[1891]] година се запишал во [[гимназија]]та во [[Сараево]], но додека бил во четвртиот клас, Кочиќ бил избркан од гимназијата поради судар со власта, а потоа бил протеран од Сараево во родното место. Малку подоцна тој илегално преминал во [[Белград]], каде што во [[1899]] година ја довршил гимназијата. Подоцна студирал [[славистика]] во [[Виена]] и таму учествувал во сите акции на српската младина против [[Австро-Унгарија|австро-унгарската]] окупација на [[Босна и Херцеговина]].<ref>„Биографски подаци о Кочићу“, во: Петар Кочић, ''Јаблан и друге приповетке''. Београд: Просвета, 1971, стр. 93.</ref>
 
Кон крајот на [[1905]] година бил поставен за наставник во српската гимназија во [[Скопје]], но во [[октомври]] истата година, поради сударот со официјалните српски претставници, по казна бил преместен во [[Битола]]. Кон крајот на [[ноември]] ја напуштил српската државна служба и се преселил во Сараево, каде постанал соработник на „Српски збор“ (''Српска ријеч''). Во [[1906]] година постанал секретар на српското културно друштво „Просвета“, а учествувал во генералниот работнички [[штрајк]] и се борел против австриската власт, поради што по вторпат бил протеран од Сараево. Тогаш се преселил во Бања Лука и започнал голема политичка активност во [[Босанска Краина]]. Учествувајќи во воспоставувањето на единствената „Српска народна организација“, политичкото движење на [[Срби]]те во Босна, Кочиќ во Бања Лука го уредувал и издавал списанието „Татковина“ (''Отаџбина''). Поради ставовите изнесени во ова списание бил в [[затвор]] од октомври до [[декември]] [[1907]] година. Откако закрепнал, под влијание на [[Јован Цвииќ]], започнал да го проучува родниот крај Змијања, а потоа започнал да го објавува списанието „Развој“ (''Развитак''). Во [[мај]] [[1908]] година бил избран за пратеник од бањалучкиот срез во првиот босански Сабор, а потоа, во Сараево, повторно го обновил списанието „Татковина“. Во [[1912]] година, поради болест, Кочиќ ја прекинал политичката дејност и до својата [[смрт]] останал во Душевната [[болница]] во Белград. Умрел на [[27 август]] [[1916]] година, во триесет и деветтата година од животот.<ref name="ReferenceA">„Биографски подаци о Кочићу“, во: Петар Кочић, ''Јаблан и друге приповетке''. Београд: Просвета, 1971, стр. 93-94.</ref>
 
==Творештво==
[[Податотека:Јаблан и други раскази.jpg|мини|Корицата на „Јаблан и други раскази“, Просвета, Белград, 1971.]]
За време на студиите, Кочиќ ги објавил своите први дела, испечатени во [[Сремски Карловци]] ([[1902]]) и во [[Загреб]] ([[1904]]). Во [[1908]] година, исто така, во Загреб ја објавил [[книга]]та „Лелеци од Змијања“ (''Јауци са Змијања''), а истата година во списанието „Развој“ започнало да излегува делото „Суданија“.<ref>„Биографски подаци о Кочићу“, во: Петар Кочић, ''Јаблан и друге приповетке''. Београд: Просвета, 1971, стр. 93-94.<name="ReferenceA"/ref> Веројатно, неговото најпознато дело е сатиричниот расказ „[[Јазовецот на суд]]“ (''Јазавац пред судом'').
 
Од целокупното творештво на Кочиќ избива уметничката сила на непосредното доживување на стварноста на босанското село и планинските краишта, со сликовитост во описите на селскиот живот и стихијните сили на природата и со остроумно навлегување во карактерот и менталитетот на селаните. Крупна карактеристика на неговото творештво е пожртвуваната љубов кон татковината, трагичното доживување на австро-унгарската окупација и активниот бунт против ропството. Неговото портретирање на ликовите не е шематско, туку тие се прикажани реално, иако тие се насликано еднонасочно, што се должи на неговиот патриотизам. Притоа, често расположението на ликовите го спојува со описите на [[природа]]та. И воопшто, тој ги дал едни од најпоетските слики на природните стихии во српската книжевност. Во тој поглед, стихијата во природата и стихијата во човекот се јавуваат многу чест мотив во неговите дела. Исто така, тој го користел [[јазик]]от како силно орудие на [[уметност]]а, како израз на силата и големината на индивидуалноста на народот. Јазикот на неговата проза ја содржи сликовитоста на [[поезија]]та при што особено го негувал односот кон вредноста и функциите на народниот јазик.<ref>Велибор Глигорић, „Петар Кочић“, во: Петар Кочић, ''Јаблан и друге приповетке''. Београд: Просвета, 1971, стр. 5-8.</ref>