Пол Елијар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 1:
'''Пол Елијар''' ([[француски]]: ''Paul Éluard'') ([[14 декември]] [[1895]] - [[18 ноември]] [[1952]]) - француски поет.
 
==Животопис==
==Биографија==
[[Податотека:Paul Eluard vers 1911.jpg|мини|Пол Елијар во 1911 год.]]
Пол Елијар е роден во [[1895]] година. Против својата волја, тој бил учесник во [[Прва светска војна|Првата светска војна]], кога со свои очи го видел ужасното крвопролевање во кое западнало човештвото. На дваесетидеветгодишна возраст, во [[1924]] година, уморен од западната [[цивилизација]], Елијар западнал во [[Депресија (расположение)|депресија]] и неочекувано заминал на патување по [[Цејлон]], [[Тахити]], [[Нов Зеланд]] и [[Панама]]. Подоцна, тој со восхит ја пречекал [[Шпанска граѓанска војна|Шпанската граѓанска војна]], по што им се приклучил на [[Комунисти|комуниститекомунисти]]те, а за време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]] бил член на француското движење на отпорот против [[Нацисти|нациститенацисти]]те. Во тоа време, следен од [[Полиција|полицијатаполиција]]та, тој разнесувал летоци низ [[Франција]], а во текот на два месеци се засолнил во една [[болница]] за душевно болни. По Втората светска војна, Елијар повторно патувал и протестирал, а во [[1949]] година застанал на страната на комунистите во [[Граѓанската војна во Грција]]. Елијар умрел на [[18 ноември]] [[1952]] година.<ref name="ReferenceA">Георги Сталев, „Непрекината поезија“, во: Пол Елијар, ''Времето не проаѓа'', Кочо Рацин, Скопје, 1966, стр. 75-82.</ref>
[[Податотека:Rue Paul Eluard Beynac Dordogne 24.jpg|мини|лево|Табла во куќата каде работел Елијар во Дордоњ.]]
[[Податотека:Perelachaise-Eluard-p1000383.jpg|мини|лево|Гробот на Елијар.]]
==Творештво==
[[Податотека:Buste Paul Eluard.jpg|мини|лево|Биста на Елијар.]]
Својата прва збирка [[поезија]], Елијар ја објавил во [[1917]] година, кога имал 22 години. Елијар е еден од основачите на [[Надреализам|надреализмот]]. Во [[1926]] година, по враќањето од своето патување по егзотичните земји, Елијар ја објавил „Престолнина на болката“ - ремек-дело на надреализмот, по што следувала и „Опачините на еден живот или човечка пирамида“. Подоцна, тој ги објавил делата: „Непрекината поезија“, „Политички стихови“, „Една морална лекција“ и „Феникс“ ([[1951]]).<ref>Георги Сталев, „Непрекината поезија“, во: Пол Елијар, ''Времето не проаѓа'', Кочо Рацин, Скопје, 1966, стр. 75-82.<name="ReferenceA"/ref>
[[Податотека:Signature Paul Eluard.jpg|мини|лево|Потписот на Елијар]]
== Наводи ==