Проспер Мериме: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзница - Огистен Френел
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 36:
'''Проспер Мериме''' ({{lang-fr| Prosper Mérimée}}), ({{роден во|Париз}}, {{роден на|28|септември|1803}}<ref>Според одредени извори бил роден на 23 септември ([http://www.merimee.culture.fr/ Biographie de Prosper Mérimée]) или на 27 септември).</ref> — {{починат во|Кан (Приморски Алпи)|Кан}}, {{починат на|23|септември|1870}})<ref>[http://www.britannica.com/EBchecked/topic/376071/Prosper-Merimee|title=Prosper Mérimée|[[Encyclopædia Britannica]] онлајн]</ref> – француски [[писател]], [[драматург]], [[историчар]], [[археолог]] и [[новелист]] од XIX век. Најпознат е по неговата новела „Кармен“ која станала основа за [[опера]]та „[[Кармен (опера)|Кармен]]“ од [[Жорж Бизе]]. Тој бил прв братучед на [[физичар]]от [[Огистен Френел]] (1788-1827)
 
==Животопис==
==Биографија==
[[Податотека:Mérimée, à 5 ans, peint par sa mère.jpg|250px|мини|Проспер на петгодишна возраст, гравура според портрет насликан од неговата мајка]]
Мериме потекнува од имотно граѓанско [[семејство]] кое негувало книжевно-[[Филозофија|филозофски]], [[Уметност|уметнички]] традиции, така што рамнодушно ги набљудувале политичките превирања во [[Франција]] ([[Француска револуција|Француската револуција]] и [[Наполеоново царство|Наполеоновото]] царство) и не учествувало ниту во политичките ни во верските судири. Татко му и мајка му биле сликари, а и самиот Проспер имал сликарска дарба. Мајка му на Проспер Мериме била толку антиклерикална, што нејзиниот син не бил ниту [[Крштевање|крстен]]. Во училиштето, Мериме бил просечен ученик и го учел само она што го интересирало: ги читал претходниците на [[Романтизам|романтизмот]], цртал и сликар, но рано созреал и се развил во критички дух. На седумнаесетгодишна возраст се запишал на студиите по [[право]], кои ги завршил во [[1823]] година, но не станал [[адвокат]], како што посакувал татко му, туку се посветил на [[книжевност]]а и цели десет години немал друго занимање. Во тој период, Мериме ги посетувал книжевните салони, се дружел со многу познати писатели и сликари и во [[1822]] година се запознал со [[Стендал]], кој штотуку ја напуштил [[Италија]]. Во почетокот, Стендал не бил многу наклонет кон Мериме, опишувајќи го како „кутрото момче во сив реденгот и толку грд со своето напрчено [[нос]]е. Тоа момче имаше нешто...крајно непријатно. Неговите ситни и безизразни [[очи]] имаа секогаш ист изглед, пакосен“. Навистина, Мериме не бил ниту убав, ни добар ни елегантен, но сепак, благодарејќи на својот ум и талент, успеал да се спријатели со Стендал, кој го воведол во салонот на Етјен Делаклиз, каде Мериме набргу се наметнал со својата [[интелигенција]]. Мериме темелно зборувал неколку [[Јазик|јазици]], имал дарба за говорништво, а поради неговите [[Религија|антирелигиозни]] испади го нарекле вториот [[Волтер]]. [[Либерализам|Либерал]] според своето убедување, Мериме сè почесто ги посетувал либералните салони во кои се зацврстил неговиот углед, иако тој бил претежно набљудувач, наместо активен учесник. Подоцна, Мериме се изјаснил за широк либерализам - го напаѓал лицемерието и го нагласувал фарисејството на свештенството, но не покажувал наклонетост кон народот. Оттука, иако не бил ројалист, тој не бил ниту републиканец, туку цело време останал индивидуалист. Истовремено, Мериме водел развратен живот, со бројни љубовни авантури и често ги посетувал [[Театар|театрите]], монденските [[ресторан]]и и злогласните места. На пример, за време на [[карневал]]от во [[1829]] година се вратил дома дури по изгреј[[сонце]]то, а во едно писмо до некој англиски пријател напишал: „Сметам дека вреди да се живее“.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 136-138.</ref>
<br />
Како голем ерудит, познавач на [[историја]]та, [[архитектура]]та и [[археологија]]та, на возраст од 28 години Мериме станал шеф на одделение при Главниот секретаријат на министерството за поморство, со што започнала неговата кариера како државен службеник, така што до крајот на животот [[книжевност]]а му била само споредна професија. Набргу станал шеф на кабинетот во министерството за [[трговија]], во [[1834]] година станал инспектор во Управата за историски споменици и народни старини. На оваа должност останал повеќе од 20 години и одиграл голема улога во зачувувањето на културно-историското и уметничкото наследство. Во својство на инспектор, Мериме патувал низ [[Франција]] и во [[Корзика]], а од тие патувања произлегле голем број статии во разни списанија во кои тој известувал за најразновидни предмети. Покрај посетите на историските места, Мериме ги подучувал и ги надгледувал [[Реставрација|реставраторите]], кои по негова иницијатива обновиле бројни француски историски споменици.<ref name="Dušan Milačić 1963">Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 139.</ref> Во [[1844]] година, Мериме станал член на [[Француска академија|Француската академија]]. Мериме се интересирал за [[Руски јазик|рускиот јазик]] и [[Руска книжевност|руската книжевност]], преведувал дела од руски писатели, а бил и пријател на [[Иван Тургенев]]. Покрај литературните, пишувал и научни работи од областите со кои се бавел. Во [[1854]] година станал сенатор, а подоцна и секретар на сенатот (1860).
[[Податотека:Cannes 2008-05-25 046.JPG|мини|120px|Гробот на Мериме на гробиштата во Кан]]
 
Ред 47:
 
===Романтичар===
Со еден свој дел, Мериме е човек на своето време и околина. Своите најдобри книжевни дела ги створил во периодот од 1825 до [[1845]] година, што во целост се поклопува со периодот на процут на движењето на [[Романтизмот во Франција|романтизмот во Франција]]. Кај Мериме, романтичен е неговиот интерес за другите народи, за непознати, егзотични земји, тамошните обичаи, и воопшто за фолклорот. Него го интересира сè што е необично, чудно и фантастично, вклучувајќи го и натприродното и страшното. Како добар познавач на историја, интересирајќи се за минатото тој го пренесува во книжевноста. Заедно со [[Стендал]], а како романтичар, Мериме во луѓето бара силни чувства, груби и жестоки страсти, избувливост и енергија, бунтовнички дух и со уживање му се препушта на посматрањето на исклучителните личности. Интересно е само она што отскокнува од секојдневното мртвило на граѓанскиот живот.
 
===Класичар===
Ред 57:
==Книжевно дело==
===Театарот на Клара Газил===
Својот долг кон [[Романтизам|романтизмот]], Мериме го платил во своето прво позначајно книжевно остварување. Задоволувајќи ја својата склоност кон мистифицирање, во [[1825]] година ја објавил збирката пиеси „Театарот на Клара Газил“ (''Le théâtre de Clara Gazul''). Своето дело на публиката ѝ го претставил како француски превод на наводната шпанска глумица. Истовремено, овие едночинки, Мериме ги читал пред присутните во салонот на Етјен Делаклиз, каде што го претставил Стендал. Книгата „Театарот на Клара Газил“ се стекнала со популарност во тесен круг на читатели: [[Шатобријан]] се изразил пофално за неа; тогашниот млад професор на [[Сорбона]], [[Виктор Кузен]], му упатил претерани пофалби, така што Мериме се прашувал дали да ги сфати сериозно; а [[Гете]] изјавил: „Еве, еден мал непрокопсаник кој се крие под генијот на една жена; но, тој секако е прекрасен и добар гениј кој ќе отиде многу далеку“.<ref name="ReferenceA">Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 137.</ref> Мешајќи го трагичното и комичното и занемарувајќи го класичарското правило за три единства (место, време и дејство), Мериме две години пред [[Виктор Иго]] ги илустрирал идеите кои најголемиот француски романтичар ги изнесол во предговорот на „Кромвел“.
 
Во првото издание се издвојува историската „комедија во три дена“ „Шпанци во Данска“. Второто издание Мериме го дополнил со две пиеси. Најинтересна е духовитата антиклерикална комедија „Кочијата на светото миросување“ (''Le Carosse du Saint-Sacrement''), чие дејство се одвива во главниот град на [[Перу]], [[Лима]]. Во третото издание од [[1828]] година, Мериме ја додал историската пиеса „Жакеријата“ (''La Jacquerie''). Единствено за пиесата „Жакеријата“ темата е земена од француската [[Среден век|средновековна]] историја (селанската буна во Франција од [[28 мај]] [[1358]] година). Во оваа романтична трагедија Мериме го прикажува ужасот на феудалното доба во кое за никого не е резервирана позитивна улога - ниту за благородниците, ниту за калуѓерите, ниту за селаните.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 137.<name="ReferenceA"/ref> Сите други пиеси се случуваат во [[Шпанија]] или во [[Латинска Америка]], што на збирката ѝ дава егзотична нијанса. Ова, покрај страстите, драматичните ситуации кои проистекуваат од нив и историските евокации, го придодава ова дело на романтичарскиот театарски фонд.
 
Иако пиесите од „Театарот на Клара Газил“ набргу биле заборавени (на репертоарот се задржала само драмата „Кочијата на светата причест“), овие драми претставуваат важен дел во развојот на романтичарскито театар и првото практично остварување на Стендаловите театарски теории: драма во проза, без антички предмети и без класичното единство, т.е. театар за читање, а не за гледање. Всушност, токму ова дело го запечатило пријателството меѓу Мериме и Стендал, кој во своите „Спомени на еготизмот“ го нарекол „свој најдобар сегашен пријател“.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 137.<name="ReferenceA"/ref>
 
===Гусли===
И понатаму творејќи во духот на романтичарското движење, во [[1827]] година Мериме ја објавува својата прочуена мистификација „Гусли, или избор на илирски песни собрани во [[Далмација]], [[Босна]], [[Хрватска]] и [[Херцеговина]]“ (''La Guzla ou choix de poesies illyriques, recueillies dans la Dalmatie, la Bosnie, la Croatie et l'Herzegovine''). Оваа егзотична [[книга]] се одликува со силна локална боја, така што таа не придонесла многу за натамошното зголемување на неговата репутација. Сепак, [[Пушкин]] бил воодушевен од неа и превел неколку песни на [[руски јазик]].<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 137.<name="ReferenceA"/ref>
 
===Хроника за владеењето на Карло IX===
Задоволувајќи го своето тежнеење кон транспонирање на историскиот материја во литературата, во [[1829]] година Проспер Мериме ја објавил „Хроника за владеењето на [[Карло IX]]“ (''Chronique du regne de Charles IX''), напишана под влијание на успехот на книгите на [[Валтер Скот]]. Тоа е дело за [[љубов]]та и [[убиство]]то во кое се раскажува за двајца браќа, [[калвинист]] и [[католик]]. Братот калвинист, во љубовен занес станува спремен да ја смени верата, но по крвавата [[Вартоломејска ноќ]], станува убиец на сопствениот брат. Оваа книга постигнала одреден успех и го направила Мериме уште попознат. Истовремено, таа претставува значајна пресвртна точка во неговата книжевна кариера, зашто тој нема повеќе да се враќа кон романтичната драма или кон историскиот роман.<ref name="ReferenceB">Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.</ref>
 
===Новели===
Покрај мистификациите, драмите и историските романи, Мериме пишувал и новели. Почнал да ги објавува во 1829 година, во магазинот „Париска ревија“. Меѓу [[мај]] 1829 и [[јуни]] [[1830]] година, Мериме објавил 12 дела (раскази, [[Комедија|комедии]] и [[Лирика|лирски]] [[Балада|балади]]).<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.<name="ReferenceB"/ref> Во нив до полн израз дошла неговата смисла за едноставност, за брзо и сигурно водење на дејството до кулминација, за концизност и лапидарност во изразот. Затоа, пред сè во историјата на [[Француска книжевност|француската книжевност]], Проспер Мериме зазема истакнато место како еден од најдобрите новелисти.
 
===Рана фаза===
*„Освојување на шанецот“ ([[s:fr: L’Enlèvement_de_la_redouteL’Enlèvement de la redoute|''L’Enlèvement de la redoute'']]). Во 1829 година, објавена е приказната за една епизода од [[Француско-пруска војна|Француско-пруската војна]]. Таа сведочи за новелистичката виртуозност, неговата моќ низ случките, без коментар, особено без никакво ангажирање на чувствата, импресивно ја доловил сликата на хероизмот на воините и трагичните збивања. Веќе во оваа новела Мериме го напуштил романтичарското милје, останувајќи доследен на [[Класицизам|класицистичкиот]] однос кон формата и навестувајќи го реализмот.
*„Матео Фалконе“ ([[s:fr:Mateo_FalconeMateo Falcone|''Mateo Falcone'']]). Исто така, објавена во 1829 година, таа спаѓа меѓу најдобрите остварувања во овој вид и му донесла голема популарност на авторот. Во оваа повест за предавството и честа, во која таткото го убива сопствениот син за да ја тргне лагата од семејното име, Мериме го достигнал врвот на драмскиот интензитет. Тој интензитет во најголем дел е заснован на контрастот меѓу возбудливоста и трагичноста на случувањата и концизноста и умереноста на изложувањето.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.<name="ReferenceB"/ref>
 
*„Етрурска вазна“([[s:fr: Le_Vase_étrusqueLe Vase étrusque|''Le Vase étrusque'']]). И во оваа новела станува збор за љубов и [[крв]], но не за избувлива и неконтролирана, туку за префинета и дискретна. Главна личност на оваа приказна е Сен-Клер, во чиј портрет писателот вградил и некои автобиографски црти. Оваа новела означува нова фаза во развојот на раскажувачкиот стил на Мериме.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.<name="ReferenceB"/ref>
*„Матео Фалконе“ ([[s:fr:Mateo_Falcone|''Mateo Falcone'']]). Исто така, објавена во 1829 година, таа спаѓа меѓу најдобрите остварувања во овој вид и му донесла голема популарност на авторот. Во оваа повест за предавството и честа, во која таткото го убива сопствениот син за да ја тргне лагата од семејното име, Мериме го достигнал врвот на драмскиот интензитет. Тој интензитет во најголем дел е заснован на контрастот меѓу возбудливоста и трагичноста на случувањата и концизноста и умереноста на изложувањето.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.</ref>
 
*„Етрурска вазна“([[s:fr: Le_Vase_étrusque|''Le Vase étrusque'']]). И во оваа новела станува збор за љубов и [[крв]], но не за избувлива и неконтролирана, туку за префинета и дискретна. Главна личност на оваа приказна е Сен-Клер, во чиј портрет писателот вградил и некои автобиографски црти. Оваа новела означува нова фаза во развојот на раскажувачкиот стил на Мериме.<ref>Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.</ref>
 
===Средишна фаза===
Работејќи како државен службеник, Мериме сè повеќе ја запоставувал книжевната работа и до 1837 година успеал да објави само два расказа: „Душите од чистилиштето“ и „Илската Венера“.<ref> name="Dušan Milačić, „Beleška o piscu“ во: Prosper Merime, ''Kolomba''. Beograd: Rad, 1963, стр. 139.<"/ref>
*„Душите од чистилиштето“([[s:fr: Les_Âmes_du_purgatoireLes Âmes du purgatoire|''Les Âmes du purgatoire'']]). Оваа новела е објавена во 1834 година и со неа Мериме започнува да ги проширува рамките на своите приказни. Всушност ова е негова верзија на Дон Жуан, во која многу повеќе го интересира сликовитото и драматичното отколку проблемот на гревот и искупувањето, а забележителни се елементи на фантастика и ужас.
 
*„Илска Венера“([[s:fr:La Vénus d’Ille|''La Vénus d’Ille'']]). Напишана во 1835, а објавена во 1837 година, во неа фантастичното и ужасното прераснуваат во натприродно. Реалистичкиот декор на едно место на [[Пиринеи]]те, со описи на [[Свадба|свадбената]] свеченост, станува место на право чудо: синот на месниот археолог-аматер, на денот на венчавката е жртва на љубоморната [[Венера (божица)|Венера]] која ја откопал неговиот татко.
 
Ред 124 ⟶ 121:
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Мериме, Проспер}}
[[Категорија:Француски писатели]]