Хенрик Ибзен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Замена на Image:Ibsen-by-Bergen.jpg со Image:Ibsen-by-Borgen.jpg (од страна на CommonsDelinker поради: File renamed: Criterion 3 (obvious error) · typo in the name of [[:c::en:Gustav
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 9:
| deathdate = {{Death date and age|df=yes|1906|5|23|1828|3|20}}
| deathplace = [[Осло]], [[Норвешка]]
| occupation = [[Драма|Драматург]]тург, [[поет]], [[театар|театарски режисер]]
| nationality = Норвежанец
| genre = [[натурализам]]<br> [[реализам]]
Ред 17:
| signature = Henrik Ibsen's signature.png
}}
'''Хенрик Ибзен''' ({{роден на|20 |март|1828}} - [[Осло]], {{починал на|23 |мај|1906}}) — норвешки [[писател]] и [[драматург]]. Во своите дела го критикувал современото буржоаско [[општество]]. Негови најзначајни дела се „[[Нора]]“, „[[Комедија на љубовта]]“, „[[Привиденија (драма на Ибзен)|Привиденија]]“ и „[[Непријател на народот (драма на Ибзен)|Непријател на народот]]“.
 
==Животопис==
==Биографија==
Животниот пат на Ибзен е комплексен и вклучува разни места, земји и занимања, како и различни животни околности низ кои поминал. Ибзен потекнува од малото место Скиен во кое живеел сиромашен живот. Уште во раната младост, Ибзен останал без татко му, поради што [[семејство]]то западнало во тешка [[сиромаштија]], поради што тој морал да го прекине школувањето и да се вработи како аптекарски помошник. Во детството и во младоста претрпел два-три големи потреси кои предизвикале да се повлече во себе и да се предаде на читањето книги. Наспроти тоа, во подоцнежната возраст Ибзен читал малку и неговите познаници сведочат дека во неговата работна соба (преполна со скапи слики) речиси и да немало книги.
 
Ред 27:
Творештвото на Ибзен опфаќа една збирка [[поезија]] и 24 драми, отсликувајќи една крива линија на уметничкиот развој во кој неговите идеи и уметнички постапки се менувале со текот на [[време]]то. Оттука, произлегува тешкотијата да се даде единствена оцена на неговите драми. Кон тоа придонесува и големиот временски период во кој творел тој: неговата прва драма „[[Катилина]]“ датира од [[1848]]-[[1849]] година (а била прикажана во [[1850]] година, без некој поголем успех), додека последната драма „[[Кога ние мртвите ќе се разбудиме]]“ е напишана половина [[век]] подоцна, во [[1899]] година.<ref>Stanislav Bajić, „Henrik Ibzen“, во: Henrik Ibzen, ''Stubovi društva''. Beograd: Rad, 1963, стр. 122.</ref>
 
Во почетниот период од творештвото Ибзен пишувал драми инспирирани од норвешките [[Легенда|легенди]], исполнети со национален [[Романтизам|романтичен]] занос. Во својата триесет и четврта година, Ибзен ја напишал драмата во стихови „Комедија на љубовта“ во која за првпат директно ги анализирал општествените процеси на своето време. Како последица на тоа, норвешката буржоазија реагирала остро: во една прилика, кога ја побарал [[пари]]чната помош што во тоа време им се доделувала на младите писатели, еден член на комисијата, инаку професор на Универзитетот во Кристијанија, изјавил дека Ибзен не заслужува помош, туку ќотек. Сепак, подоцна му била доделена помош, а една негова историска драма постигнала успех. По напуштањето на Норвешка, за време на престојот во Рим, Ибзен ги напишал драмските поеми „Бранд“ и „[[Пер Гинт]]“, но по преселбата во [[Германија]] започнал да пишува [[Реализам|реалистични]] драми во кои обработувал разни општествени проблеми. Кога во 1874 година повторно ја посетил Норвешка, Ибзен слушнал за една афера поврзана со норвешките [[брод]]оградилишта и тоа го инспирирало да ја напише драмата „[[Столбови на општеството]]“, завршена во Германија, во [[1877]] година. Со оваа драма Ибзен станал славен: само во [[февруари]] [[1888]] година, дури пет [[Берлин|берлинскиберлин]]ски театри истовремено ја прикажувале драмата! Подоцна, тој ги напишал драмите „Нора“ и „Привиденија“ со кои предизвикал бурни дискусии (првата) и огорчени реакции и цензура (втората), но затоа пак, неговите драми биле топло примени во [[Натурализам|натуралистичките]] театри во [[Париз]], Берлин и [[Лондон]]. Понатаму следеле драмите „[[Дива патка (драма на Ибзен)|Дива патка]]“, „Ромерсхолм“, „Жени од морето“ и „[[Хеда Габлер]]“, сите напишани во Германија. Последните четири драми („[[Градежникот Солнес]]“, „[[Малиот Ејолф]]“, „[[Јон Габриел Боркман]]“ и „Кога ние мртвите ќе се разбудиме“) ги напишал по враќањето во Норвешка.<ref>Stanislav Bajić, „Henrik Ibzen“, во: Henrik Ibzen, ''Stubovi društva''. Beograd: Rad, 1963, стр. 123-126.</ref>
 
===Значење и влијание===
Уште додека бил жив, творештвото на Ибзен предизвикувало различни коментари: за едни, тој бил предмет на најостри напади, додека за други бил ненадминлив гениј; едни гледале во него проповедник на не[[морал]]от, а за други бил првокласен моралист; едни го обвинувале за [[анархизам]] и [[социјализам]], а според други тој бил [[Ниче|ничеовскониче]]овско-аристократски противник на [[демократија]]та; за едни бил непријател на [[христијанство]]то, а за други пример за нов [[христијанин]], итн. Притоа се случувале разлики во толкувањето и кај неговите најблиски лични познаници, кои со него имале можност да разговараат или да се допишуваат<ref name="Stanislav Bajić 1963">Stanislav Bajić, „Henrik Ibzen“, во: Henrik Ibzen, ''Stubovi društva''. Beograd: Rad, 1963, стр. 121.</ref>
 
Во [[1956]] година, по повод педесетгодишнината од [[смрт]]та на Ибзен, ширум светот биле објавени бројни есеи, статии и студии во кои било истакнато дека тој претставува една од најзначајните појави во развојот на светската [[драма]]. Сепак, постоеле различни толкувања на значењето на неговото творештво: според едни, Ибзен бил гигант на своето [[време]] и извршил големо влијание врз повеќе драмски писатели, но тој повеќе ја нема истата вредност за денешниот читател; други истакнувале дека тој е основач на современата драма, а неговото денешно значење повеќе е литерарно-теориско отколку практично-сценско; според трети, Ибзен и понатаму е едно од најголемите имиња на светската драма, така што тој сè уште е актуелен и модерен.<ref> name="Stanislav Bajić, „Henrik Ibzen“, во: Henrik Ibzen, ''Stubovi društva''. Beograd: Rad, 1963, стр. 121.<"/ref> Според [[Јован Дучиќ]], Ибзен е централна личноста на современиот духовен театар, а заедно со [[Шекспир]] и [[Софокле]], тој е еден од трите големи имиња на светската драма. Во неговите дела, човекот води борба со самиот себе и поради тоа Ибзен е нов и претставува најголема фигура на општествениот и духовниот театар на своето време.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 298-299.</ref>
 
==За ликовите во неговото творештво==
[[Ниче]] ја дал теоретската основа на погледите на современата „госпоѓа“, ја открил [[Психологија на личноста|психата]] на аристократскиот дух, а Ибзен во живи ликови ја претставил трагедијата на тој дух. Јунакот на Ибзен е секогаш и секаде истиот: Бранд, Боркман, Солнес и Стокман, сите тие се ученици на [[Заратустра]]. Тие го усвоиле основниот принцип на неговото учење за тоа дека остварувањето на својата сопствена личност е единствената цел во животот на човекот, која го води кон исполнување на највозвишените мисии на човештвото, кон подобрување и оплеменување на човечкиот род. Таа идеја им давала гигантска сила и [[лав]]овска волја. Таа им помогнала во омразата од народот да ја гледаат најголемата награда, во патилата - возвишено блаженство, во [[смрт]]та - круна на своето дело. Таа ги научила да бидат сурови кон човекот во име на [[љубов]]та кон човештвото. Тие луѓе се глуви за она што е околу нив, бидејќи фанатично веруваат дека живеат за нешто што е далеку од нив.
 
Еден осамен и несфатен јунак се појавува пред нас од сите драми на Ибзен. Ибзен покажал современ надчовек во разни ситуации, кој е доследен секаде само на самиот себе и самиот ги создава своите морални вредности.
 
Жената кај Ибзен е [[роб]]инка, често извонредно убава, храбра, и по умот и по духот посилна од својот господар, но сепак е робинка. И покрај разновидните женски ликови кај Ибзен, кај него нема јунакиња која си поставила цел пред себе, а да не е во врска со некој маж. Поетскиот лик на Нора би изгубил од својот шарм ако нејзините ум и лукавство се надвор од волјата и желбите на мажот. Мажите може да се градители, проповедници, научници, но жените се само поддршка или одмор за мажите. Така зборувал Заратустра, а Ибзен само ги олицетворил тие идеи за жената.
 
== Наводи ==
Ред 65:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Норвешки писатели|И]]
[[Категорија:Норвешки драматурзи|И]]