Тома Аквински: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 3:
'''Свети Тома Аквински''' ([[латински]]: ''Thomas Aquinas'', [[италијански]]: ''Tommaso d'Aquino''; [[1225]] - [[7 март]] [[1274]]) — италијански [[Христијанство|христијански]] [[теолог]], [[философ]] и [[Свештенство|свештеник]], [[светец]] на [[Католичка црква|Католичката црква]]. Тој се смета за еден од најголемите католички теолози во историјата и за еден од триесет и трите доктори на Католичката црква.
 
==Животопис==
==Биографија==
Тома Аквински најверојатно е роден во замокот [[Рокасека]] кај [[Аквино]], Италија. бил воспитан во опатијата на монасите-[[бенедиктинци]] во [[Монте Касино]], [[Италија]]. Се замонашил во [[1248]] година. Учел во [[Париз]] каде постигнсл голем успех и бил наречен ''Doctor universalis'' и ''Doctor angelicus''. Од [[1248]] до [[1252]] година бил студент на св. [[Алберт Велики]] во [[Келн]]. Предавал повторно во [[Париз]] од 1256 до 1259, а потоа проповедал во [[Италија]] ([[Рим]], [[Витербо]] и [[Орвјето]]). Од [[1269]] година бил научен префект на Доминиканскиот орден во [[Неапол]], каде ја создал својата школа. Умрел на пат за Вториот лионски собор во Фосанова. Папата [[Папа Јован XXII|Јован XXII]] го канонизирал како светец во [[1323]] година.
 
==Учењето на св. Тома Аквински==
Св. Тома Аквински е основоположник на [[томизам|томизмот]], една од средновековните школи кои лежат во основата на доцните филозофски погледи на [[католичка црква|католичката црква]]. Во [[1879]] година, ова учење било прогласено официјално од [[папа]]та [[Папа Лав XIII|Лав XIII]] во сите католички учебни програми.
 
Големата заслуга на Тома Аквински е поставувањето на [[теологија]]та на научна основа. За изјаснувањето на тајните на верата ги применува принципот на „нормалниот разум“ и филозофските погледи на [[Аристотел]]. Тој ги осудува тогашните противречја помеѓу приврзаниците на учењето на [[Свети Августин]] (принцип на верата) и онаа на [[Аристотел]], која произлегува од опитот и на неговото познавање, при што докажува, дека овие две учења дејствуваат заедно — некои работи можат да се објаснат само со посредство на верата, други со разумот.
 
Тома Аквински го одобрува убиството на еретиците и станува теоретичар на [[Инквизиција]]та. Неговата порака — „Верувам, оти е апсурдно“ — покажува колку стриктно го толкувал учењето на Свети Августин. Во поново време, [[католичка црква|Католичката црква]] се држи на растојание од овој поглед на Тома Аквински.
Ред 26:
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{DEFAULTSORT:Аквински}}
[[Категорија:Христијански светци]]