Софокле: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 11:
|parents =
|children =
}}'''Софокле''' - ([[грчки]]: ''Σοφοκλής'') ([[495 п.н.е.]], Колон, [[Атина]] - [[406 п.н.е.]]) - старогрчки [[Драмска уметност|драмски]] [[писател]], еден од основоположниците на [[Трагедија|трагедијататрагедија]]та како [[драма|драмски вид]] во европската [[литература]].
 
==Животопис==
==Биографија==
Софокле е роден во местото Колон, близу до [[Атина]], а потекнувал од „почитувано семејство“. Татко му бил угледен аристократ и сопственик на работилница за [[оружје]]. Детството го поминал во родното место. Во еден период од својот живот активно учествувал во политичкиот и општествениот живот на Атина, а извесно време бил стратег и учествувал во походот против Самосците. Според зборовите на царот [[Перикле]], Софокле имал малку дарба за воен стратег, па затоа по [[Самоската војна]] ([[441 п.н.е.|441]]-[[439 п.н.е.|439]] година п.н.е.) Перикле му доверил [[Дипломатија|дипломатска]] служба. Во дипломатката мисија бил на островите [[Хиос]] и [[Лезбос]]. Извесен период бил [[свештеник]] на богот Амин (бог на лекарите). Освен што бил пријател на Перикле, одржувал пријателски врски со многу [[поет]]и и [[уметник|уметници]] во тоа време. Животот го поминал, главно, во Колон и во Атина, и му бил исполнет со семејна среќа и незначителни успеси.
Софокле умрел во [[406 п.н.е.|406]] година п.н.е. и бил погребан во семејната [[Гроб|гробницагроб]]ница. Државникот [[Ликург]] се погрижил за неговата биста заедно со бистите на [[Есхил]] и [[Еврипид]] да биде ставена во [[Атински театар|Атинскиот театар]], а драмите да му се препишат и да се чуваат во државниот архив.<ref>Георги Сталев, „Софоклева Антигона - Или приказна за поразените“, во: Софокле, ''Антигона''. Скопје: Наша книга, 1976, стр. 71-75.</ref>
==Творештво==
Софокле ја почнал кариерата на драмски автор кога имал околу 27 години. Во [[468 п.н.е.|468]] година п.н.е. за првпат се пријавил на натпреварот за најдобро драмско дело (со својата драма „Триптолема“) и, според решението на публиката и на главниот командант на атинската флота, Кимон со десетте полководци, го освоил првото место, пред [[Есхил]], кој тогаш бил познат и признат трагичар. Подоцна, во текот на својот живот, Софокле морал да води поетски натпревари и со својот син, Ијофон, кого го победил и поради тоа имал непријатности со него. Така, со својот син водел судски спорови, а на еден од нив, наместо својата одбрана ја прочитал новата трагедија „Едип во Колон“ и благодарение на неа успешно се одбранил од обвинувањата.<ref name="ReferenceA">Георги Сталев, „Софоклева Антигона - Или приказна за поразените“, во: Софокле, ''Антигона''. Скопје: Наша книга, 1976, стр. 68-69.</ref> <ref name="ReferenceB">„Белешка за авторот“ во: Софокле, „Цар Едип“. Скопје: Детска радост, 2013, стр. 129-131.</ref>
<br />
Книжевната работа на Софокле опфаќа период од шест децении, во кое време според сведоштвата на некои антички писатели, тој напишал 123 драми (според други, во [[библиотека]]та во [[Александрија]] се чувале 130 драми на Софокле), од кои на 114 им се познати само насловите, а зачувани се само седум: „[[Цар Едип (драма од Софокле)|Цар Едип]]“, „[[Едип во Колон]]“, „[[Антигона (драма од Софокле)|Антигона]]“, „[[Електра (драма од Софокле)|Електра]]“, „[[Тројанки (драма од Софокле)|Тројанки]] (Трахињанки)“, „[[Ајант (драма од Софокле)|Ајант]]“ и „[[Филоктет (драма од Софокле)|Филоктет]]“. Исто така, сочувана е и делумно оштетената драма „Ловечки пци“, која била пронајдена во [[1911]] година на еден [[папирус]] во [[Египет]].<ref>Георги Сталев, „Софоклева Антигона - Или приказна за поразените“, во: Софокле, ''Антигона''. Скопје: Наша книга, 1976, стр. 68-69.<name="ReferenceA"/ref> <ref>„Белешка за авторот“ во: Софокле, „Цар Едип“. Скопје: Детска радост, 2013, стр. 129-131.<name="ReferenceB"/ref>
<br />
Книжевната критика за Софокле забележала дека „донесува почита убавина во своите дела“ при што на преден план го става човековиот интерес и анализата на карактерот. Ослободена од трилогискиот спој, драмата на Софокле во една трагедија ја опфаќа сета драматско-трагична судбина на хероите. Во своето творештво, Софокле го зел Есхил како пример, а темите ги црпел од митовите и од [[Хомер]]. Сепак, за разлика од [[Есхил]], кај Софокле боговите не се во прв план на дејството. Самиот Софокле кажал дека тој „ги прикажува луѓето такви какви што треба да бидат, а Еврипид, такви какви што се“. Јунаците во делата на Софокле се обликувани според идеалните норми, а силата на карактерот на главниот лик ја нагласувал преку воведување друг лик со спротивни карактеристики. Најпосле, на Софокле му се припишуваат одредени иновации во [[театар]]от: така, тој вовел на сцената трет артист, прв започнал да го користи декорот, го зголемил [[хор]]от од 12 на 15 члена и победил 24 пати на поетските натпревари. Неговите трагедии [[Аристотел]] најмногу ги користел во изградбата на својата [[теорија]] на [[Драма|драматадрама]]та.<ref>„Белешка за авторот“ во: Софокле, „Цар Едип“. Скопје: Детска радост, 2013, стр. 129-131.<name="ReferenceB"/ref>
 
За големата слава на Софокле сведочи верувањето на [[Стара Грција|старите Грци]] дека богот [[Асклепиј]] често одел на гости кај поетот додека бил жив, дека живеел во неговата куќа, дека му бил домашен пријател и дека по [[смрт]]та на Софокле, лично го направил неговиот [[гроб]].<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 310.</ref> Според [[Јован Дучиќ]], Софокле е централна личноста на античката драма, а заедно со [[Шекспир]] и [[Ибзен]], тој е еден од трите големи имиња на светската драма. Во неговите дела, божествата ја прогонуваат човечката раса од колено на колено и тој мрачен детерминизам ја претставува битката меѓу земјата и небото.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 298-299.</ref>
 
 
{{никулец}}
Ред 37 ⟶ 36:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Антички Грци]]
[[Категорија:Стари атињани]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Софокле