Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Отоманската Империја → Отоманското Царство (5) using AWB
с →‎Германски приказни за Влад: Јазична исправка, replaced: Римскиот император → Римскиот цар using AWB
Ред 127:
Германските приказни најверојатно биле пишувани за политички причини, особено да се оцрни сликата на Валахискиот владетел. Првата верзија на германскиот текст најверојатно е пишувана во Брашов од саксонски сколастичар. Според истражувачите, писателот го изразил општото чувство на саксонците во Брашов.
Лесно може да се разбере непријателството против Влад во однос на овие политички и културни околности. Иако постои историски бекграунд за настаните опишани во германските приказни, некои се или преувеличени или фиктивни.
Унгарскиот крал Матиас Корвинус исто така имал политички причини за промовирање на сликата на Влад како зол кнез. Корвинус добивал големи финансии од Рим и од Венеција за борбата против отоманците, но поради конфликтот со Римскиот императорцар Фредерик Трети не можел да си дозволи воена поддршка за борбата.
Со правење на Влад како изговор, Корвинус можел да си ги оправда причините што не земал удел во војната против отоманците. Тој го уапсил Влад и употребил фалсификувано пирсмо во кое Влад изјавувал верност кон Мехмет II, како и хорор-приказните против Влад, за да ги оправда дејствијата на Папата. Во 1462 и 1463, судот во Буда ги користел негативните приказни за Влад во средна и источна Европа, и хоророт што му се припишувал.
Приказните на крајот се промениле од пропаганда во литература и станале многу популарни во германскиот свет во 15тиот и 16тиот век. Дел од причината за овој успех бил новиот пронајдод, печатењето, со што се овозможило текстовите да стигнат до поширока публика.