Свети Трифун: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: римскиот император → римскиот цар using AWB
Ред 26:
 
==Житие==
Св. Трифун е роден околу [[225]] година, во селото Комсада, во римската провинција [[Фригија]], во [[Мала Азија]]. Родителите му биле христијани, така што и тој бил воспитуван во согласност со христијанската вера.<ref name="XXI 2017">„Заштитникот на лозарите ја најавува пролетта“, ''Дневник'', година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 24.</ref> Според христијанските верувања, уште од раното детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство. Тој, на изненадување на своите современици, имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед. Меѓу многубројните негови чуда кои што ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на [[Римски цар|римскиот императорцар]] [[Гордијан]]. Тој имал необично убава ќерка и поради нејзината убавина многу кнезови ја проселе за своите синови. Но, се случило несреќа да оваа убава принцеза душевно се разболи. При страшните настапи на болеста, таа многу пати сакала да се фрли во [[оган]] или во [[вода]]. Ниеден лекар не можел да ја излечи, а на девојката ѝ било откриено дека единствено може да ја излечи „детето Трифун“, кое тогаш имало 17 години.<ref>„Заштитникот на лозарите ја најавува пролетта“, ''Дневник'', година name="XXI, број2017"/><ref 6289,name="„Охридски вторник, 14 февруари 2017пролог, стр. 24.</ref> <ref44">„Охридски пролог“, стр. 44.</ref>
<br />
Дознавајќи за необичната моќ на фригиското момче Трифун, царот го повикал да ја спаси неговата ќерка. Царските слуги, по долго барање во [[Фригија]], го нашле момчето покрај езеро како чува [[Гусковидни|гуски]]. Затоа, тој често на [[Икона|иконите]] се слика опкружен со гуски. Тогаш, тие го повеле во [[Рим]] и тој веднаш ја излекувал. По излекувањето настапила неописива радост во дворот. Царот богато го наградил Свети Трифун, но тој не го задржал добиеното богатство, туку веднаш го разделил на [[Сиромаштија|сиромашните]], и самиот живеел скромно во своето родно место. Но, по [[смрт]]та на [[цар]]от [[Гордијан]], кој бил трпелив спрема [[христијани]]те, во [[249]] година на власт дошол крволочниот цар [[Дециј Трајан]], кој наредил да се прогонуваат христијаните. Сите оние кои не сакале да се одречат, ги фаќале, ги мачеле и убивале.<ref> name="„Охридски пролог“пролог, стр. 44.<"/ref>
<br />
Светиот маченик не сакал да бега во [[пустина]]та и пошол кај управникот на покраината Акилин. Тој му наредил да им се поклони на [[бог]]овите, во спротивно ќе биде подложен на најстрашни маки. Свети Трифун ја одбил неговата наредба и бил одведен во [[Никеја]], по што следувало неговото мачење. Кога виделе дека ни мачењата не помагаат, решиле да го посечат со меч. Но, мачителот претходно наредил да го врзат за еден [[коњ]] и така вржан бос да го поведат во [[планина]]та. Од силниот [[мраз]] и студ почнале да му отпаѓаат меса и [[прсти]]те од [[нозе]]те, но тој тоа го трпел без збор и, наместо протест, од усните на овој маченик се слушнала молитвата за гонителите: „Господи не им го пишувај ова за грев“. Најпосле, на денот кога требало да биде погубен, св. Трифун ја предал [[душа]]та пред џелатот да го стави мечот на неговиот [[Врат|врат]]. Тоа се случило на [[14 февруари]] [[250]] година.<ref>„Заштитникот на лозарите ја најавува пролетта“, ''Дневник'', година name="XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 24.<"/ref> Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во [[Москва]], во храмот посветен на Светиот маченик Трифун.<ref> name="„Охридски пролог“пролог, стр. 44.</ref><br "/>
 
==Култот на св. Трифун==
Православната црква го слави св. Трифун како поим за младост и доследност кон христијанските традиции. На иконите, тој е претставен или со сорче за режење лозје или со наметка како чувар на гуски. [[Православна црква|Православната црква]] неговиот ден го чествува на [[1 февруари]] според [[Јулијански календар|јулијанскиот календар]], т.е. на [[14 февруари]], според [[Грегоријански календар|грегоријанскиот календар]] како ден на лозарите и градинарите, а тој се смета и како покровител на меанџиите. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од [[Зима|зимските]] и за прв од [[пролет]]ните празници.
 
Во некои краишта на [[Македонија]], како [[Охрид]] и [[Прилеп]], овој празник е познат и како Св. Трипун-[[Алкохолизам|пијаницата]]. Во повеќето краишта на Македонија, на денот на св. Трифун рано наутро се одело в црква кадешто попот пеел молитва и светел вода. Луѓето зд оваа вода, за која се смета дека е ослободена од [[Демон|демонитедемон]]ите и има лековита моќ, а потоа со неа ги прскале лозјата. Во Тиквеш, рано наутро, лозарите оделе во лозјето, каде закројувале неколку лози кои ги полевале со [[вино]], а потоа ги благословувале со зборовите: „Господе, ти давам едно шише со вино за илјада да ни подариш.“ Во Ваташа, пак, лозарите се тркалале низ лозјето за така да се тркалаат и бочвите со вино. Во ова село било обичај, по закројувањето на лозјето, попот да забоде запалена гламја во дворот на [[Црква (објект)|црквата]], со цел да се забрза заминувањето на [[зима]]та.<ref>„Заштитникот на лозарите ја најавува пролетта“, ''Дневник'', година name="XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 24.<"/ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Трифун}}
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Трифун}}
[[Категорија:Христијански маченици од 3 век]]
[[Категорија:Римокатолички светци од Анадолија]]