Разлика помеѓу преработките на „Црква Света Софија (Софија)“

с
→‎Историја: Јазична исправка, replaced: римскиот император → римскиот цар using AWB
с (→‎top: Јазична исправка, replaced: Османлиска империја → Османлиско Царство using AWB)
с (→‎Историја: Јазична исправка, replaced: римскиот император → римскиот цар using AWB)
Историјата на [[Софија]] е тесно поврзана со храмот Света Софија ([[грчки]]: ''Αγία Σοφία''), кој слично на [[Црква Света Софија (Истанбул)|Света Софија]] во [[Константинопол]] е посветена на ''Пресветата Мудрост'' односно едно од имињата на младиот [[Исус Христос]].
 
Во текот на [[14 век]] градот го преименувал своето име во [[Софија]]. Храмот претставува најстаро светилиште во градот. Храмот бил изграден на највисокиот дел од градот во тоа време. Првиот ранохристијански храм бил изграден најверојатно во почетокот на [[4 век]], веднаш по [[Милански едикт|Миланскиот едикт]] во [[311]] и [[313]] година, недалеку од античката арена на [[Сердика]], каде загинувале христијанските маченици и меѓу источната паганска и христијанска некропола на Сердика. Веројатно била наменета да биде гробница за мачениците. Изградбата на оваа црква најверојатно се случила со одобрување на римскиот императорцар [[Константин I Велики]] кој често престојувал во градот.
 
Најстарата поголема црква на истото место, чиј под со римски мозаици е зачуван до денес претставува базилика од средината на 4 век. Во 343 година таа станала седиште на познатиот [[Црковен собор во Сердика]]. До [[6 век]] биле направени неколку реновирања на објектот. Во средината на векот црквата била погодена од инвазијата на [[Хуни]]те и [[Готи]]те. [[Јустинијан I]] наредил таа да се изгради повторно како голема базилика посветена исто на ''Пресветата Мудрост''. Се смета дека од тоа време оваа црква го носи до денес денешното име. Се претпоставува дека нејзината архитектура исто така е резултат на грузиското влијание во градот. По [[809]] година кога хан Крум го вклучил Средец во државната територија на Бугарија и особено по покрстувањето храмот продолжил активно да се користи како градска соборна црква и вообичаено место за погреби, поради близината на градската некропола. Во времето на [[Второ бугарско царство|Второто Бугарско царство]] таа се стекнала со статус на митрополитска црква.