Превезот на Вероника: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 7 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q608632 (translate me)
с →‎top: Јазична исправка, replaced: римскиот император → римскиот цар using AWB
Ред 4:
'''Превезот на Вероника''', или ''Судариум'' ([[латински]] за [[ткаенина]]), често нарекуван едноставно " Вероника", а познат ѝ како ''Волто Санто'' или ''Светото лице'' е католичкa реликва од ткаенина која според легендата, го носи ликот на лицето на [[Исус]] кое не е направено од човечката рака (т.е. Acheiropoieta).
 
Според најновата верзија, легендата раскажува дека [[Света Вероника|Вероника]] од [[Ерусалим]] го сретнал [[Исус]] по [[Патот на солзите|Виа Долороса]] на патот кон [[Голгота]]. Таа застанала пред него да му го избрише лицето од нејзиниот превез. Така, на превезот се обележела лицето на [[Исус]]. Според некои верзии, Вероника подоцна отишла во [[Рим]] за да го претстави платното на римскиот императорцар [[Тибериј]], укажувајќи му дека платното поседува надприродна моќ кое може да ја угаси жедта, да лекува слепи луѓе, а понекогаш дури ѝ да ги оживее мртвите.
 
Оваа предание не било запишано во својата сегашна форма сè до [[Среден век|средниот век]]. Освен оваа реликва, во источната црква се познати преданијата поврзани со приказната за сликата на Исус позната како [[Мандалион]] (или ''Убрус'') како и [[Торинско платно|Торинското платно]].