Васил Тоциновски: Разлика помеѓу преработките

с
clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
сНема опис на уредувањето
с (clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB)
}}
 
'''Васил Тоциновски''' (роден на {{роден на|22|август|1946}} во с. {{роден во|Стојаково}}, Гевгелиско) е македонски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач. Тој е еден од најплодните современи македонски автори<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=4&pid=12&ppid=154&tid=436|title=Васил Тоциновски|last=|first=|date=2008|work=Мацедониум|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>.
 
==Животопис==
==Биографија==
 
Како добитник на Рациновата стипендија во 1969 год. дипломира на [[Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје|Филолошкиот факултет во Скопје]], на групата Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. На истиот факултет ги завршил постдипломските студии по [[Македонска книжевност|македонска литература]], во 1984 год. магистрирал на тезата „Драмскиот писател [[Богдан Сираков]]“, а во 1989 год. ја одбранил докторската дисертација „[[Атанас Раздолов]] - живот и дело“. Дваесет години работел во [[Македонска радиотелевизија|Телевизија Скопје]] (1969-1989).
 
Работел како водител на телевизискиот дневник, уредник, главен и одговорен уредник на Втората програма (1981-1984) и на секторот за училишна, образовна и научна програма (1985-1988). Автор е на сценарија на педесетина документарни филмови и серии емитувани на програмите на тогашна ЈРТ (Југословенска Радио Телевизија) и на многубројни програми и фестивали во светот. Остварил меѓународна соработка и престој во Советскиот Сојуз, Италија, Германија, Словачка, Романија и Бугарија.
 
Бил в.д. директор на македонскиот [[Институт за фолклор „Марко Цепенков“|Институт за фолклор]] (1989-1992). Работи како научен соработник на [[Институт за македонска литература|Институтот за македонска литература]] при [[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Скопје]], а од 2008 год. се до неговото пензионирање во 2014 год. работел како редовен професор на Катедрата за македонски јазик и литература на Филозофскиот факултет во [[Риека]], [[Хрватска]].
 
Бил главен и одговорен уредник на најстарото македонско книжевно списание за литература, култура и уметност „[[Современост]]“.<ref>Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 262 - 263.</ref>
 
Васил Тоциновски е потписник на 57 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство, коавтор е на 17 енциклопедии, зборници, прирачници и учебници за средното образование, во земјата и странство публикувал 317 книжевно-историски студии и 431 рецензии за автори и дела од домашната и светската книжевност. Неговите трудови се преведувани на: германски, италијански, англиски, словачки, хрватски, српски, бугарски, словенечки, албански, полски, турски, француски, руски, романски и др.
 
Пред македонската и светската јавност е познат повеќе како научен работник, истражувач на македонската литературна историја. Се занимава со македонскиот [[XIX век]] и периодот меѓу двете светски војни. Особен придонес има во откривањето на непознати страници од историјата на [[Македонски литературен кружок|Македонскиот литературен кружок во Софија]]. Во тој правец има големи заслуги во откривањето на животната судбина и литературното дело на [[дводомни писатели|дводомните писатели]] од македонско потекло, т.е. Македонците кои живееле и твореле во туѓа јазична средина.
 
==Наводи==
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Тоциновски, Васил}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Тоциновски, Васил}}
[[Категорија:Македонски писатели]]
[[Категорија:Стојаково]]