Лујџи Пирандело: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
Ред 10:
| awards ={{awd|[[Нобелова награда за литература]]|1934}}
}}
'''Лујџи Пирандело''' ([[Агриџенто]], {{роден на|28|јуни|1867}} - [[Рим]], {{починал на|10|декември|1936}}) - италијански писател, [[драма]]тург и поет. Меѓу најзначајните негови дела се драмите „[[Шест лица го бараат писателот]]“, „Хенри IV“ , „[[Секој на свој начин]]“ и [[роман]]ите „[[Покојникот Матија Паскал]]“ и „[[Еден, ниеден и сто илјади]]“.<ref name="Luiđi Pirandelo 2008">Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008.</ref> Тој е добитник е на [[Нобелова награда|Нобеловата награда]] за литература во [[1934]] година.
 
==Животопис==
==Биографија==
Пирандело имал тежок живот, соочен со лудилото на неговата жена и нејзината постојана љубомора, слабо платената професорска работа, обврската да го издржува многубројното [[семејство]], итн. Во едно писмо до францускиот критичар Бенжамен Кремје, Пирандело ја опишал својата [[биографија]] на следниов начин: „Многу брзо ја напуштив [[Сицилија]], во осумнаесеттата година, за да заминам во [[Рим]]. Меѓутоа, една година подоцна, отпатував во [[Германија]] и таму останав две години и половина. Стекнав докторат на [[Универзитетот во Бон]] со теза од романската [[дијалектологија]], напишана на [[германски јазик]]. Од [[Бон]] се вратив во Рим, но оттаму не го понесов [[Хајнрих Хајне|Хајне]], како што често се кажува, туку го донесов [[Гете]], чии ''[[Римски елегии]]'' ги преведов. Од сето тоа ништо не ми остана... Предавав 24 години стилистика на Учителската школа за девојки во Рим, од својата 30-та до 54-та година. Има веќе шест години како не предавам и за тоа бога го благословувам.“<ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 147-148.</ref>
 
== Творештво ==
Творечкиот опус на Пирандело е особено богат: тој напишал 246 раскази и новели, четири драми и седум романи.
Во едно писмо до францускиот критичар [[Бенжамен Кремје]] (''Benjamin Crémieux''), Пирандело се искажал за својот книжевен успех на следниов начин: „Навистина верувам, во онаа мала мера во која нешто вредам, дека никому ништо не му должам. Сè скромно направив сам. И немав книжевни покровители и многу се борев - повеќе од шест години - за да најдам издавач, со фиоките веќе полни со ракописи. Не го запознав Кардучи, ниту го познавав Данунцио; со Верго стапив во контакт многу доцна... кога имав 80 години... Што се однесува до мене, мил мој Кремје, јас всушност не знам зошто до сега не бев каменуван, но Ви се колнам дека за тоа немам вина.“<ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 148.</ref>
 
==Раскази==
Пирандело напишал вкупно 246 раскази и новели, претежно напишани меѓу 1894 и 1919 година (вкупно, 15 книги). Првата збирка раскази на Пирандело, насловена „Љубови без љубов“ (''Amori senza amore''), била објавена во 1894 година, а потоа тој почнал да ги објавува своите раскази во повеќе списанија. Во 1922 година, тој одлучил своите раскази да ги собере под заедничкиот наслов „Новели за една година“, со намера да создаде 365 новели, колку што изнесува бројот на деновите во годината. За време на неговиот живот, издавачката куќа „Мондадори“ објавила 225 раскази во два големи тома, а по смртта на Пирандело, во оваа збирка биле додадени уште 21 расказ.<ref name="Luiđi Pirandelo 2008"/><ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 149-150.</ref> <ref>Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008.</ref>
 
Во расказите на Пирандело преовладува атмосферата на [[Сицилија]], каде тој ги поминал детството и младоста. Главни протагонисти во неговите „сицилијански“ раскази се рударите, [[гроб]]арите, ѕидарите, нотарите, морнарите, музичарите, поповите и неработниците кои се заплеткуваат во најпарадоксални животни ситуации. Тоа се случки што потсетуваат на средновековните ''fabliaux'' - раскази за насамаренит сопрузи, лихвари и трговци и исмеани попови, како и на легендите од богатото сицилијанско бандитско минато од [[Бурбонци|бурбонскиот]] период, т.е. на богатата фолклорна традиција што живеела во усното раскажување на Сицилија. Втората тематика во расказите на Пирандели е поврзана со римската средина, во која преовладуваат ситни службеници, [[адвокат]]и, лекари, проститутки, професори, просјаци, слуги, дадилки и кочијаши, т.е. римската малограѓанска класа од крајот на [[19 век]]. Тие се ликови кои не веруваат во веродостојноста на својата егзистенција, кои не можат да ја најдат смислата на животот и кои безмилосно ги меле стварноста. Затоа, често тие личности бегаат од стварноста во лудило, во [[самоубиство]] и во [[смрт]]. Пред крајот на животот, Пирандело започнал да пишува речиси „[[Надреализам|надреалистички]]“ новели.<ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 149-.</ref>
Ред 44:
* [http://www.360travelguide.com/360VirtualTour.asp?iCode=agr01 Виртуелна панорамска тура на плоштадот Лујџи Пирандлео во Агриџенто]
* [http://www.oxford.it/ita/main.php?mod=audioLFTHO Светлоста од куќата отспротива]
 
 
{{Нобелова награда за литература}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Пирандело, Лујџи}}
 
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Италијански писатели]]
[[Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература]]