Василиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична Исправка, replaced: Римската империја → Римското Царство (12) using AWB
с Јазична исправка, replaced: римскиот император → римскиот цар (3) using AWB
Ред 60:
 
===Помош од кнезот Владимир===
Положбата на легитимниот император била извонредно тешка. Во својата држава тој никаде немал поцврста поткрепа. Сите влијателни елементи се свртеле против него. Само помош од надвор можела да го спаси од сигурна пропаст. Василиј II тоа навреме го сфатил и побарал помош од [[Киевска Русија|киевскиот]] кнез [[Владимир (Киевска Русија)|Владимир]]. Во [[пролет]]та [[988]] година стигнале во [[Римско Царство|Империјата]] 6,000 [[Киевски Руси|руски]] војници и оваа позната варего-руска “дружинаја“ ја спасила ситуацијата во последен миг. Под лично водство на императорот, Русите кај [[Хрисополе]] целосно ги прегазиле бунтовниците, а одлуката паднала кај [[Абидос]], во битката во која самиот Варда Фока загинал ([[април]] [[989]]г.). Бунтовничкото движење доживеал крах. Варда Склир, кој уште еднаш се обидел да стапи во акција, морал да се согласи на спогодба и да му се потчини на императорот. Рускиот одред и натаму останал во служба на римскиот императорцар и во императорската војска одиграл значајна улога.<ref name="ReferenceB">Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 364.</ref>
 
===Противник на велепоседништвото===
Ред 106:
Со освојувањето на Скопје од една, и на Воден од друга страна, тој како во клешти ја зафатил централната власт на [[Самоилово царство|Самоиловото царство]]. По четиригодишно неуморно војување, кое му донесло низа големи победи, римскиот цар држел половина од непријателската територија. Дури тогаш решил да ги прекине операциите и преку [[Пловдив]] да се врати на зимување во [[Константинопол]]. Како што кажува Михаил Псел, „тој (Василиј II) ги водел војните поинаку одошто тоа го правеле повеќето императори кои оделе во поход во средината на пролетта, а се враќаат кон крајот на [[лето]]то: тој се враќал откако ќе ја постигне целта заради која тргнал во војна“.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 371.</ref>
 
Во [[1005]]г. [[Драч]] со издајство му бил предаден на римскиот императорцар. Меѓутоа, уништувачкиот удар на Самоиловото царство, Василиј II му го нанел дури во [[јули]] [[1014]]г. во [[битката на Беласица]]. Самоиловата војска била опколена по клисурите на [[Беласица]]. Самиот цар се спасил и успеал да дојде до [[Прилеп]], но голем дел од неговите војници изгинале, а уште поголемиот попаднал во заробеништво. Својата победа Василиј Бугароубиецот ја прославилна грозоморен начин. На заробениците, кои наводно биле 14,000 им биле ископани очите, само на секој стоти му било оставано по едно око, за да можат тие полуослепени да ги одведат своите ослепени другари кај царот во Прилеп. Кога Самоил ја видел стравотната поворка, доживеал мозочен удар, по два дена храбриот цар умрел на [[6 октомври]] 1014г.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 371-372.</ref>
 
Внатрешните неспогоди му ја олесниле работата на освојувачот. Самоиловиот син и наследник [[Гаврило Радомир]] паднал веќе во [[1015]]г. Него и неговата жена ги убил неговиот братучед [[Јован Владислав]], синот Аронов. Истата судбина го снашла и неговиот зет, зетскиот [[Јован Владимир]], кого Јован Владислав на измама го фатил и го убил. Војувањето било сведено на ликвидирање на одделни точки на отпор, бидејќи војводите на царот јуначки се уште му пркоселе на победителот. Најпосле, во [[февруари]] [[1018]]г., при опсадата на Драч, загинал и самиот Јован Владислав. Војната завршила со свеченото влегување на Василиј II во [[Охрид]]. На портата од Самоиловата престолнина тој примил изјава на покорност од царицата Марија, владиславата вдовица, и од другите преживеани членови на царската куќа. Неговата цела постигната: Царство на Самоил, со кое тој бил во непријателство и војувал повеќе од три децении, најпосле било срушено. Обиколувајќи ја покорената земја Василиј II насекаде ја обновувал римската власт и по градовите поставувал свои команданти. На крајот ја посетил и [[Атина]]. Во [[Партенон]], одамна претворен во [[црква]] на [[Богородица Марија|Богородица]], било одржано благодарствување, со што на впечатлив начин било одбележано победоносното завршување на војната која ја издигнала Римското Царство до ненасетувана височина.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 372-373.</ref>
 
===Воено делување на Кавказот===
Во последните години на својот живот тој успеал значително да ја пришири [[Римско Царство|римската]] власт спрема [[Кавказ|кавкаското]] подрачје. По смртта на [[Ерменија|ерменскиот]] крал [[Гагик I]] ([[990]]-[[1020]]), за чие време државата на [[Династија на Багратидите|Багратидите]] го доживеала својот најголем полет, во Ерменија избувнале немири. Тоа му пружило можност на римскиот императорцар да се замеша во ерменските прилики што тој и го сторил со успех. Васпурканската област и [[Иберија (Кавказ)|Иберија]] биле присоединети кон Римското Царство, додека областа Анија му останала на кралот [[Јован Смбат]], син и наследник на Гагик I, како доживотна сопственост, со тоа што по неговата смрт да и припадне на Рим.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 377-378.</ref>
 
==Смрт==