Отоманско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Римска Империја → Римското Царство using AWB
с →‎Периодот од создавањето до интерегнумот: Јазична исправка, replaced: византискиот император → византискиот цар using AWB
Ред 74:
Почетокот на создавањето на Отоманското Царство се карактеризира со постојани [[Отоманско-византиски војни]] кои траеле околу 1,5 век. Потеклото на [[Отоманци]]те може да се проследи назад во [[11 век]], кога на територијата на [[Анадолија]] опстојувале неколку мали муслимански емирати со [[Туркиски народи|туркиско потекло]]. Главната цел на овие т.н. [[анадолски бејлици]] била да ги одбранат своите територии од страна на [[Византија]]. Во текот на тој период, во освоените земји во Анадолија се населиле голем број на [[туркиски народи]].<ref>{{цитирана книга |last=Malcolm Holt |first=Peter |author2= Ann K. S. Lambton, Bernard Lewis |title=The Cambridge History of Islamy |year=1977 |publisher=Cambridge University Press |isbn=0-5212-9135-6 |pages=231–232 }}</ref> Меѓутоа, во [[1073]] година и по победата на [[Селџучка Империја|Селџучкото Царство]] во [[Битка кај Манцикерт|битката кај Манцикерт]], овие анадолски бејлици добиле можност да прогласат своја независност од [[Селџуци]]те. Меѓу овие помали кнежества било и кнежеството со престолнина во [[Согут]]. Тоа било предводено од страна на [[Ертугрул]]. Кога во [[1281]] година починал, неговиот син [[Осман I|Осман]] станал негов наследник. Многу бргу по ова, новиот лидер се прогласил за врховен бег и основал нова династија, наречена според него [[Османлиска династија]]. Така, Осман станал првиот владетел на Османлиското Царство во [[1299]] година.<ref>{{цитирана книга |last=Bideleux |first=Robert |author2=Ian Jeffries |title=A history of eastern Europe: crisis and change |year=1998 |publisher=Routledge |isbn=0-4151-6111-8 |pages=62 }}</ref> Во [[1265]] година, византискиот град [[Согут]] бил заземан од страна на Осман бег.<ref>{{цитирана книга|last=Parker|first=Geoffrey|title=Compact History of the World|location=London|publisher=Times Books|year=2005|pages=71}}</ref> По падот на [[Согут]], териториите на Осман започнале да се прошируваат на сметка на [[Византија]]. Во исто време, [[Осман I]] успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Кон почетокот на [[13 век]], Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини. Така бил заземан [[Јенишехир]], а по ова паднала [[Бурса]] и [[Никеја]] (денешен [[Изник]]), најголемиот византиски град во [[Анадолија]]. [[Бурса]] паднала во [[1326]] година, непосредно пред смртта на Осман.
 
Наследник на Осман станал неговиот син [[Орхан I]]. Тој продолжил со проширување на своите територии на сметка на [[Византија]]. Така во [[1331]] година [[Опсада на Никеја (1331)|паднала Никеја]], а во [[1337]] [[Опсада на Никомедија|паднала Никомедија]]. [[Бурса]] станала новата престолнина на [[султанат]]от. Во негово време, земјата започнала да се организира како држава во која биле пуштени односно изработени првите ковани пари, била направена модернизирана војска и слично. Орхан се оженил за Теодора, ќерка на византискиот принц [[Јован VI Кантакузин]]. Во [[1346]] година Орхан отворено го подржал Јован VI во симнувањето од престолот на [[Јован V Палеолог]]. Кога тој дошол на престолот, на Отоманците им било дозволено да го [[Падот на Галиполи|окупираат]] напуштениот [[Галиполи]]. Во следната деценија, Отоманците започнале колонизација на [[Тракија]] со [[Муслимани|муслиманско население]]. Сепак, [[Византиски владетели|византискиот императорцар]] бил принуден да потпише договор со Орхан, според кој [[Византија]] ја признала загубата на [[Тракија]].
 
Наследник на Орхан бил [[Мурат I]]. Првата поголема офанзива на новиот султан [[Мурат I]] била во [[1365]] година во [[Битка кај Адријанопол (1365)|битката кај Адријанопол]]. Византиската армија повторно доживеала пораз, со кое бил ставен почетокот на отоманското присуство на [[Балкан]]от и [[Европа]]. Веднаш по битката, престолнината на [[Отоманци]]те била пренесена од [[Бурса]] во Адријанопол, денешно [[Едрене]]. Ова преместување на престолнината на Отоманците им овозможило место при идните напади на [[Балкан|балканските земји]]. Во [[1354]] година Отоманците ги поминале [[Дарданели]]те. Ова бил голем момент од нивното напредување по морски пат, бидејќи во голема мера го ограничиле поморскиот пат кон [[Константинопол]], остварувајќи значајни победи против [[Венецијанска Република|Венецијанската Република]].