Историја на Тунис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: Османлиска империја → Османлиско Царство using AWB
с →‎top: Јазична исправка, replaced: византискиот император → византискиот цар using AWB
Ред 7:
По уништувањето на старогрчката култура од страна на [[Римска република|Римската република]], единствениот главен противник на Римјаните за контрола на Медитеранот им останал Картагина. Поради ова, во [[264 п.н.е.]] започнале т.н. [[Пунски војни]]. [[Прва пунска војна|Првата пунска војна]] се водела главно во [[Сицилија]]. Војната траела до [[241 п.н.е.]] По 20 години Рим излегол победник, конечно освојувајќи ја Сицилија и приморувајќи ја победената Картагина да плаќа огромни отштети. [[Втора пунска војна|Втората пунска војна]] водена помеѓу [[218 п.н.е.]] и [[201 п.н.е.]]<ref>Chris Scarre, "The Wars with Carthage," ''The Penguin Historical Atlas of Ancient Rome'' (London: Penguin Books, 1995), 24-25.</ref> во која Картагина повторно доживеала пораз. Пунскиот водач [[Ханибал]] во почетокот постигнал големи успеси, но на крајот бил сопрен од страна на [[Скипион Африканецот]]. По [[Трета пунска војна|Третата пунска војна]], Рим целосно ја уништил Картагина во [[146 п.н.е.]] Причина за избивањето на војната биле растечкото нерасположение кон Рим во [[Шпанија]] и [[Грција]], како и подемот во поморската моќ и во богатството што го имала Картагина во 50-те години по Втората Пунска војна. По крајот на Пунските војни, земјата станала римска провинција Африка. Утика станал главен град на провинцијата. Во [[44 п.н.е.]] [[Јулиј Цезар]] одлучил на овие простори да основа колонија, но тоа се остварило во времето на [[Октавијан Август]], неколку децении покасно. По неколку години Картагина станала главен град на провинцијата. Картагина била важно подрачје за Римјаните, главно поради производството на пченица и различни житарници. Тунис станал седиште на римско-африканската цивилизација.
 
[[христијанство]]то се појавило во Тунис и [[Магреб]] во текот на [[2 век]]. Кога новата религија станала официјална за цела империја, голем број на луѓе кои не сакале да го прифатат христијанството биле или прогонувани или им биле одзимани имотите. На територијата на Африка, христијанството се проширило многу побргу за разлика од [[Европа]]. Како главна причина се гледа во улогата на црквата во втората половина на [[3 век]]. Афричката црква се развивала многу брзо, па така Картагина станала во [[4 век]] еден од поголемите духовни центри во регионот. Во текот на [[429]] година, [[Вандали|вандалскиот крал]] [[Гејсерик]] со својата војска го преминал Гибралтарскиот теснец. По десетина години влегол во Картагина и основал кралство кое опстојувало скоро еден век. Вандалите владееле со најбогатата римска провинција. Можеби нивниот најголем проблем бил регрутирањето на војници. Во [[530]] година тие биле поразени од страна на византискиот императорцар [[Јустинијан I]], кој до [[533]] година успеал да ја зазеде целосно нивната територија. Најголемиот дел од вандалското население било заробено и депортирано. Голем дел од населението било вклучено во византиската војска. Сепак, [[Византија]] не успеела да ја зачува оваа територија, главно поради [[Бербери|берберските напади]].
 
Првите напади на Арапите на територијата на денешен Тунис започнале кон [[647]] година. Византија била поразена. Во [[661]] година бил заземен [[Бизерта]]. Во [[698]] година бил освоен поголемиот дел од територијата. За разлика од Римјаните и Византијците, Арапите ја освоиле целосно територијата на земјата. Во [[800]] година била основана династија [[Аглабида]] која владееле во наредните сто години. Тунис станал важно културно седиште во чиј центар се наоѓал [[Керуан]]. Била основана голема морска флота. Во почетокот на [[10 век]] била основана династијата на [[Фатимиди]]те. Во [[921]] година бил основан градот [[Махдиа]] и прогласен за престолнина на Фатимидскиот калифат. Во [[948]] година била заземена [[Сицилија]]. Во [[972]] година тие својата престолнина ја преместиле во [[Египет]]. Распаѓањето на Фатимидската династија се случило во средината на [[11 век]], кога еден владетел добил од [[Абасиди|абасидскиот калиф]] статус на заповедник на целиот Магреб.