Црква „Св. Пантелејмон“ - Горно Нерези: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Поправени грешки при пишување
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с Јазична исправка, replaced: византискиот император → византискиот цар using AWB
Ред 29:
==Историја==
[[File:Pantelejmo Nerezi vnatreshnost.jpg|мини|left|250п|Фрескоживописот на сводот од црквата]]
Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот императорцар [[Алексеј I Комнин]] (1081 - 1118). За подигањето на црквата во [[1164]] година сведочи натписот на мермерниот надвратник помеѓу нартексот и наосот на црквата, а чија содржината вели:
 
„''Се разубави овој храм на светиот и славен Великомаченик Пантелејмон со средства на господинот Алексеј Комнин, син на перфирородна госпоѓа Теодора во месец септември индикт 13 година 6673 (=1164), при игуменството на Јоаникиј монах''“
Ред 35:
== Градба ==
 
Црквата која е изградена во [[македонски стил]], според своите димензии, спаѓа во редот на помалите цркви од типот впишан крст во правоаголен простор, односно комбинација со слободен крст. За градење на црквата бил употребен обичен кршен камен, изваден во околината на манастирот и тули, кои со големо мајсторство се претворени во полихромни површини што го нагласува впечатокот како објектот да израснал од една монолитна стена, која во горниот дел завршува со една поголема осмострана и четири помали четиристрани куполи.
 
[[Податотека:Gornonereški manastir 1.JPG|мини|лево|Конак во манастирот]]
Ред 45:
== Живопис ==
[[Податотека:Freski vo Sv. Pantelejmon od Nerezi 0111.JPG|мини|десно|250п|Фреска: Симнувањето од крстот (1164)]]
Над цоклето кое имитира разнобојни мермерни плочи, во првата зона се насликани фигури на светители во цел раст - неповторлива галерија на ликови со максимално издиференцирани физиономии. Во просторот на олтарот, по столбовите и на ѕидовите на црквата се насликани допојасни претстави на светители во медалјони, меѓу кои, со својот прекрасен колорит и ненадминлива експресивност, посебно се истакнуваат ликовите на светите врачи Кузман и Дамјан.
 
Во источниот дел на црквата, на челната страна, во посебни, копаничарски обработени штукатурни рамки украсени со [[орнамент]] од преплет на [[лозница]] широки листови и стилизирани [[паун]]и, се насликани од едната страна патронот на црквата Св. Пантелејмон, а од другата Св. Богородица со малиот Христос в раце. Св. Пантелејмон е претставен како висок, нежен и облагороден младич, кој во десната рака држи скалпел, а во левата кутија за лекови. Овие фигури со своите штукатурни рамки сочинуваат една целина со камениот иконостас од кој до денес останале: архитривната греда, еден столб со капител и дел од парапетна плоча.
 
Живописот во нерешката црква, е дело на повеќе раце, пред сè на рацете на двајцата главни мајстори. Тие се разликуваат помеѓу себе не толку спорèд цртежот колку според колоритот. В. Лазарев смета дека живописот го работеле неколкумина мајстори (четворица или петмина) и дека главниот мајстор е повиканиот мајстор кој дошол од Цариград. Неговата рака го извела живописот на најодговорните и најосветлените делови во црквата, а на тој дел му припаѓаат и најзначајните досега сочувани композиции: [[Сретение]], [[Преображение]], [[Лазарево воскресение]], [[Раѓање на Св. Богородица]], [[Воведение на Св. Богородица во храмот]], [[Влегување во Ерусалим]], [[Симнување од крстот]] и [[Оплакување Христово]]. Вториот зограф, според Лазарев, најблискиот помошник на главниот мајстор кој ја работел композицијата на [[Евхаристијата]] (Причестувањето на апостолите) и некои од ликовите на [[светите воини]], работи во помалку сигурен манир и слика со нешто поразводнети бои. На овие двајца главни мајстори им помагале и двајца или тројца ученици чии раце можат да се распознаат во живописот изведен во нартексот и страничните простории. Врвно дело на главниот зограв се композициите Оплакување Христово и Симнување од крст.
 
[[Податотека:Lamentation icon Nerezi MK.jpg|мини|десно|250п|Оплакување Христово]]
Ред 58:
Оваа композиција во Нерези се смета за предвесник на [[ренесанса]]та во Италија и дека всушност ги има сите потребни елементи што ја карактеризираат и [[Џото]]вата Св. Богородица, која е претставена како млада силна жена со малку натажено лице. Ова значи дека преобразбата во ликовниот израз својствена за него и раноренесансните дејци во Италија е всушност започната во Македонија, 150 години претходно.
 
Споредувањето на сликарството на нерешките мајстори со Џото, само по себе наметнува едно прашање на ренесансните елементи во оваа сликарство.
 
Ликовите и композициите изведени со рацете на нерешките мајстори, претставуваат единствена галерија на врвните достигнувања на уметноста од времето на Комнените кои пристигнале до нас.