Свети Кирил и Методиј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 89.205.10.239) и ја поврати преработката 3928971 на 62.168.13.101
с Јазична исправка, replaced: византискиот император → византискиот цар using AWB
Ред 25:
}}
{{другизначења|Кирил и Методиј (појаснување)}}
'''Свети Кирил и Методиј''' ([[старословенски јазик|старословенски]]: {{Script|Cyrs|Кѷриллъ и Меѳодїи}}) — [[Македонци|македонски]] браќа од [[Солун]] во {{римски|9}} век<ref>''Columbia Encyclopedia'', Sixth Edition. 2001-05, s.v. "Cyril and Methodius, Saints"; ''Encyclopedia Britannica'', Encyclopedia Britannica Incorporated, Warren E. Preece - 1972, p.846, s.v., "Cyril and Methodius, Saints" and "Eastern Orthodoxy, Missions ancient and modern"; ''Encyclopedia of World Cultures'', David H. Levinson, 1991, p.239, s.v., "Social Science"; Eric M. Meyers, ''The Oxford Encyclopedia of Archaeology in the Near East'', p.151, 1997; Lunt, ''Slavic Review'', June, 1964, p. 216; Roman Jakobson, ''Crucial problems of Cyrillo-Methodian Studies''; Leonid Ivan Strakhovsky, ''A Handbook of Slavic Studies'', p.98; V.Bogdanovich , ''History of the ancient Serbian literature'', Belgrade, 1980, p.119</ref><ref>The Columbia Encyclopaedia, Sixth Edition. 2001-05, O.Ed. Saints Cyril and Methodius "Cyril and Methodius, Saints) 869 and 884, respectively, “Greek missionaries, brothers, called Apostles to the Slavs and fathers of Slavonic literature."</ref><ref name=BritGlago>Encyclopedia Britannica, ''Најраспространетите азбуки на светот, кирилицата и глаголицата'', 2008, O.Ed. "Раните словенски азбуки, кирилицата и глаголицата, биле измислени од Св. Кирил, или Константин (околу 827–869), и Свети Методиј (околу 825–884). Овие луѓе биле Грци од Солун кои станале апостоли на јужните Словени, кои ги преобразиле во христијани." </ref><ref name="Egregiae Virtutis">{{цитирана веб страница | title =Egregiae Virtutis | url=http://www.vatican.va/holy_father/john_paul_ii/apost_letters/documents/hf_jp-ii_apl_31121980_egregiae-virtutis_lt.html | accessdate = 2009-04-26}} [[Апостолско писмо]] од папата [[Јован Павле II]], 31 декември, 1980 {{la icon}}</ref>, кои станале [[мисионери]] на [[христијанството]] помеѓу [[Словени]]те од [[Голема Моравија]] и [[Панонија]]. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата ''Апостоли на Словените''. Тие се заслужни за изумување на [[глаголица]]та, првата азбука искористена да се препише [[старословенски]]от јазик.<ref>Liturgy of the Hours, Volume III, 14 февруари.</ref> По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во [[Источната православна црква]] како [[светец|светци]] со титулата ''Еднакви со Апостолите''. Во 1880, [[Папа Лав XIII|Папата Лав XIII]] ја вовел нивната слава во календарот на [[Римокатоличката црква]]. Во 1980, [[Јован Павле Втори]] ги прогласил за созаштитници на [[Европа]], заедно со [[Бенедикт Нурсијски]].<ref name="Egregiae Virtutis"/>
 
== Биографија ==
Ред 34:
Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во [[христијанство]]то, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети [[Григориј Назијанзин]] и на [[Дионисиј Аеропагитски]]. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во [[император]]ското [[Магнаурско училиште]], каде, освен [[Богословија|богословските]] науки, се изучувале и [[граматика]], [[аритметика]], [[географија]], [[астрономија]], [[музика]], [[поезија]], [[реторика]]. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - [[латински јазик|латински]], [[еврејски јазик|еврејски]] и [[Сириски јазик|сириски]]. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата [[Света Софија (црква)|Света Софија]], а потоа бил поставен за професор по [[филозофија]] во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.
 
Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај [[Сарацените]] ([[Арапите]]) во [[Багдад]], која како и [[Хазарската]] и [[Моравска мисија|Моравската мисија]] претставувале дел од политичката програма на [[Византија]], чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, [[Бугарите]], [[Русите]] и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во [[Исус Христос]], тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во [[Цариград]], каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.
 
На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за [[Рим]], каде што Кирил се разболе и умре, на [[14 февруари]] [[869]] година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу [[Словени]]те. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на [[6 април]] [[885]] година - неговите ученици Петочисленици, на чело со [[Свети Климент Охридски]] како епископ, го преминаа [[Дунав]] на сплав "од три липови дрвја" и пристигнаа во [[Белград]], тогаш во Бугарија. Началникот на Белград, ги испрати при царот [[Борис I]].
Ред 47:
Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите браќа се повлекле во манастирот [[Полихрон]] на планината [[Олимп]], каде всушност конечно се подготвиле за своето епохално мисионерско дело. Манастирското осамување го прекинале двапати кога биле испраќани од византиската власт од цариградскиот патријарх во мисии меѓу [[Сарацени]]те и [[Хазари]]те. Овие мисии ги извршиле со голем успех. Во [[Кратко житие|Краткото житие]] на Константин-Кирил, напишано од неговиот ученик [[Климент Охридски]], се кажува дека Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од византиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „[[цар]]„, но побегнал во Византија.
 
[[Ростислав (кнез)|Ростислав]], [[кнез]]от на [[Велика Моравија]], испратил молба до византискиот императорцар [[Михаил III]] овој да испрати, [[епископ]] и учител, кој ќе им објаснува на нивни [[јазик]] вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на [[Старословенски јазик|словенски јазик]]. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од [[Германија|германски]] свештеници: обвинувани за [[ерес]]. Биле принудени да појдат во [[Рим]] и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од [[папа]]та [[Адријан II]]. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во [[олтар]]от на црквата [[Санта Марија Маџоре]] и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на [[14 февруари]] [[869]] година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во [[Нитра]], [[885]] година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како [[роб]]ови.
 
Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - [[Свети Климент Охридски|Свети Климент]] и Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.
Ред 76:
== Поврзано ==
* [[Свети Кирил и Методиј (универзитет)|Универзитет „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Скопје]]
 
 
{{Македонска литература}}
Ред 94 ⟶ 93:
[[Категорија:Христијани од 9 век]]
[[Категорија:Македонски светци]]
[[Категорија:Македонски писатели]]
[[Категорија:Македонски филозофи]]