Отомански интеррегнум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Османлиската империја → Османлиското Царство (5) using AWB
с Јазична исправка, replaced: византискиот император → византискиот цар (5) using AWB
Ред 15:
Султанот Бајазит починал на [[9 март]] [[1403]] година<ref>Ismail Hakki Uzuncarsili. Osmanli tarihi, cild, 3 baaski, Ankara 1972, 310-320</ref> По победата, Тимур не продолжил со своите победи во Анадолија, туку се свртел кон исток, сакајќи да ја освои [[Кина]].
 
По крајот на биктката, емиратите Ајдин, Сарухан, Ментеш и Караманија ги повратиле своите поседи, Константинопол се спасил од опсадата а византискиот императорцар Мануел II ја задржал власта во некои делови во Мала Азија и Европа<ref>:К-Р. MATSCHKE, Die Schlacht bei Ankara und das Scheksal von Byzanz, Weimar (1981)</ref>. Тимур продолжил со пустошењето на анадолските земји. Веднаш по Ангорската битка, тој го испратил својот син Мухамед кон османлиската престолнина Бурса каде на 3 август успеал да ја ограби. Неговиот друг син Абу Бакар го разгромил Јенишехир, и стигнал дури до бреговите на Егејско Море. Тимур го зазел Измир по кое тргнал кон исток.
 
Во 1403 година Сулејман потпишал и договор со Византијците и регентот Јован VII, со кои им отстапил некои територии на морскиот брег, вклучувајќи го и [[Солун]]. Исто така посебни договори биле склуќени и со деспотот [[Стефан Лазаревиќ]], Венеција, Џенова и Родос во текот на 1403 година. Византија играла голема улога во меѓусебните судири на османлиските принцови и го подржувала најслабиот османлиски принц Мехмед.
Ред 29:
Најсилна политичка фигура на [[Балкан]]от во [[1409]] година бил Сулејман чии територии се протегале од [[Мраморно Море]] до [[Анкара]]. Додека Мехмед пак управувал со земјите источно од Анкара до [[Сивас]].
Кога во [[мај]] [[1410]] година, Сулејман се префрлил во [[Румелија]] и започнал воени акции против Муса, голем број на феудалци се ставиле под негова услуга. Меѓу овие големци се нашле и [[Вук Лазаревиќ]] и браќата Бранковиќ. Сулејман со помош на византискиот императорцар [[Мануил II Палеолог]] го преминал [[Босфор]]от и во близина на градот Космидион му нанел тежок пораз на Муса. Имено, откако војската на Сулејман стапила во офанзива, христијаните кои се бореле на страната на Муса одбегнувале да влезат во директен судир со Византијците и христијаните сојузници на Сулејман, пак се разбегале од бојното поле. Самиот Муса се повлекол во [[Јамбол]], додека неговите сојузници како Вук Лазаревиќ преминале на страната на принцот Сулејман, иако пред почетокот на битката Муса се посомневал во лојалноста на Вук, додека Стефан Лазаревиќ пребегал во [[Галата]]. . Во оваа битка Муса бил поразен. Основната причина за поразот на Муса се гледа во измамата на големите румелиски бегови кои заедно со српските вазали односно деспоти преминале на страната на Сулејман.
 
По овој пораз, Муса се повлекол кон [[Стара Планина]] каде продолжил со својата герилска војна против својот брат. Сулејман по ова влегол во [[Едрене]] како султан. Така, владеењето на Муса како султан траело од [[13 февруари]] до [[15 јуни]] [[1410]] година. Сепак, за многу кратко време силите на Муса повторно започнале да се регрутираат. Муса успеал да ги зароби [[Лазар Бранковиќ]] и [[Вук Бранковиќ]]. Тој веднаш наредил Вук да биде погубен.
Ред 39:
== Муса и Мехмед ==
[[Податотека:Çelebi Mehmet.jpg|right|200px|thumb|Мехмед Челеби]]
Претенденти за османлискиот престол останале Муса, во [[Румелија]], кој се потпирал на ситните феудалци и нискиот воен кадар и Мехмед, во [[Анадолија]], кој се потпирал на крупните феудалци. Многу брзо помеѓу нив дошло до воен судир. Дел од покрупните феудалци кои биле на страната на Муса, заплашени од своите лични интереси и имоти, го напиштиле на Муса и преминале на страната на Мехмед. Пртив Муса се побуниле и српските феудалци кои биле турски вазали, определувајќи се речиси сите за Мехмед. Тогаш, везирот на Муса, [[Ќор Шах Мелек]] побегнал во престолнината, а византискиот императорцар [[Мануил II Палеолог]] ([[1391]]-[[1425]]), кој исто така го подржувал на Мехмед, го вратил пак во [[Бурса]] кај Мехмед. Подоцна Муса испратил повик до [[Византија]] да му плаќа данок преку својот посланик [[Ибрахим Паша]]. Сепак планот на Муса не се остварил бидејќи и Ибрахим Паша слободно бил упатен во [[Бурса]]. Бидејќи Муса го држел [[Галиполи]], византискиот императорцар му дал воена помош на Мехмед за преминување во [[Румелија]].
 
Првиот воен судир помеѓу двете страни се случил кон крајот на [[1441]] година. Муса, заедно со своите сили на двапати интервенирал во [[Солун]]ско и во [[Тесалија]]. Во [[1412]] година тој успеал да го зароби принцот Орхан, а неговите сили да ги разбие. По ова дошло и до други судири. Во [[јули]] [[1412]] година дошло до борба во битката кај Инџегиз. главно поради предавство на крупнбегови, еден дек ид војската на Муса се разбегала. Меѓутоа, околу 7.000 јаничари останале со Муса и успеале да го опколат на Мехмед, кој ранет одвај успеал да побегне.
 
По овој пораз, Мехмед се вратил во [[Анадолија]], за да се подготви за нова војна. По кратко време дошло до нова борба помеѓу браќата, и тоа во близина на [[Константинопол]]. Во таа битка, Мехмед повторно бил поразен. Согледувајќи дека сам нема сили да победи, Мехмед создал унија со византискиот императорцар, со српските деспоти [[Стефан Лазаревиќ]] и [[Ѓураѓ Бранковиќ]], унгарскиот феудалец Моровиќ, босанскиот феудалец [[Сандаљ Храниќ]], а во исто време се поврзал и со беговите од Румелија и Македонија Паша Јѕргит, Бурак-бег, Синанбег и Евренос бег. Така, силите на Мехмед во пролетта [[1413]] година навлегле во [[Румелија]]. По ова следувало напаѓање на силите на Муса.
 
Можеби најголема улога во воениот конфликт помеѓу Мехмед и Муса одиграл [[Евренос-бег]]. Тој му дал совет на Мехмед да навлезе длабоко на територијата на [[Румелија]], дури да престигне и до [[Србија]] каде од таму би добил помош од беговите. Кога Муса видел дека неговиот брат одбегнува да прифати борба и дека се упатил кон [[Овче Поле]], тој ја сфатил намерата. Муса на [[Овче Поле]] расположил доста од својата војска. Крајна цел на Муса била неговиот брат да нема можност да престигне во [[Скопје]], каде се наоѓал скопскиот намесник [[Јигит паша]]. Сепак, Мехмед го заобиколил Овче Поле и престигнал во [[Врање]] и [[Прешево]], каде се сретнал со Лазаревиќ и успеал да дојде во контакт со останатите големци од овој регион. На овие простори биле собрани голем број на војници кои во состав биле освен приврзаници на Мехмед и српски деспоти, унгарски феудалци. Така оваа сојузничка војска заедно се упатила кон Овче Поле. Кога сојузничките сили престигнале на Овче Поле заклучиле дека силите на Муса се повлекле кон исток. По ова, Мехмед многу мудро, започнал да создава воени кампови по империјата. Тој се упатил најпрвин по долината на река [[Струма]], а подоцна и кон денешна Софија и Самоков. Во меѓувреме силите на Муса го следеле движењето на Мехмед. Во еден момент во таборот на Муса се открило дека беговите тамаџи-оглу и Савџи-оглу работат за Мехмед, па поради тоа тие биле погубени. По овој настан, голем број од приврзаниците на Муса започнале да го напуштат и да преминуваат на страна на Мехмед.<ref>Hammer, Historie de Lempire ottoman...I, 156</ref>