Стефан Душан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: византискиот император → византискиот цар using AWB
Ред 25:
 
=== Средување на внатрешната состојба ===
Во пролетта 1332 год. избувнал бунт на феудалците во Зета под водство на Богоја и Димитриј Сум кој претходно му помогнал на Душан да ја освои власта. На страна на востаниците застанал барскиот епископ Гиј Адам кој го повикувал францускиот крал да ја нападне Србија и да им помогне на Латините и католичките Албанци. Востанието се проширило и во Албанија и на крајот било задушено. Истата година тој склопил сојуз со Бугарија и се оженил со бугарската принцеза Елена сестра на Иван Александар. За момент се откажал од српското право врз Хум и оваа прашање го оставил за подоцна. Во 1333 година издал повелба во која на Дубровчаните им ги отстапил Стон и Пелешец како и приморјето и островот Посредница на устието на Неретва кој им бил многу важен на Дубровчаните. Тие најпрвин му исплатиле 8000 перпери, а потоа се обврзале да му плаќаат данок на Душан 500 перпери годишен данок. Со помош на Дубровчаните ги средил односите со Босна. Откако ги средил внатешните прилики и односите со Бугарија Душан решил да започне војна против Византија за освојување на нови територии. Неговите освојувања претставуваат продолжение на оние што ги водел кралот Милутин. „Споменот за него како мудар и моќен владетел останал да живее долго после него“<ref> Lo imperator Stefano el qual to salvio sengor et posente упатство на дубровничките пратеници на босанскиот крал од 10 јуни 1403 год.</ref>. Биле освојени Македонија, Албанија, Епир и Тесалија, кои биле заземени благодарени на граѓанските војни кои се воделе во Византија. Душан ги искористил непријателствата меѓу Унгарците и Венецијанците за превласт на јадранското крајбрежје. Бил во добри односи со Венецијанците и им помагал во борбата против Анжујците.
 
== Првата етапа од освојувањата кон Византија ==
Ред 39:
Византискиот император [[Андроник III Палеолог]] успеал да ја обнови византиската власт во копнена Грција, односно Тесалија каде што умрел обласниот господар севастократорот Стефан Гавриопол кој што бил потомок на лозата на Ангелите. Во 1336 год. успеал да ја воспостави својата власт над Тесалија. Дошло до измена на етничкиот состав на населението. Започнало спуштање на Власите во рамничарските предели и селење на Албанците на југ. Андроник сакал сојуз со Србите заради војната ви Епир. Станувало збор за територија под власт на Анжујците каде што живееле Албанци кои се колебале помеѓу Србите Франките и Византијците. Неколкумина Албански балгородници му ветувале на напулскиот крал Роберт дека ке се одмедтнат од српскиот крал доколку неговата војска дојде во Албанија. Ова било поврзано со настаните во Берат и Валона каде што албанските сточари опустошувале византиски градови и тврдини. Меѓутоа уште истата 1337 година драчкиот капетан Гијем де Сенсеверино бил заробен од страна на кнезот Танусиј Топиј кој што бил господар на областа меѓу реките Мата и Шкумби. Поради ова императорот Андроник превзел поход прротив Албанците при што им одзел поголем дел од стадата и на жителите на тие градови им ја надокнадил штетата. На седумдневниот состанок во Радовиш биле потврдени добрите односи меѓу Србија и Византија. Пријателските односи меѓу Србија и Византија траеле до смрта на императорот Андроник во јуни 1341 год. На византискиот престол застанал малолетниот син на Андроник Јован V Палеолог (1341-1391). Во византиските владеачки кругови дошло до несогласување околу тоа кој треба да биде регент на малолетниот цар. Како резултат на тоа дошло до нова граѓанска војна во Византија. Ова му одело во прилог на кралот Стефан Душан. За регент на малолетниот цар била избрана неговата мајка Ана Савојска, која била подржувана од Алексиј Апокавт кој бил по потекло од мала Азија. Со тоа не се сложил Јован Кантакузин кој бил истакнат византиски феудалец и најверен соработник на императорот Андроник. Против него билоа создадена опозиција на чело со Алексиј Апокавк и цариградскиот патијарх Јован Калекас.
[[File:Loza nemanjica.jpg|thumb|right|''Лозата на Неманиќите'', Фреска во манастирот Високи Дечани.]]
Тогаш Стефан Душан со своја војска дошол пред Солун,но тамошниот византиски адмирал Јован Гавалс го убедил да не прави ништо. Бугарскиот цар [[Иван Александар]] нападнал на Сливен кој што се наоѓал на јужната граница и побарал да му се предаде неговиот противник Страцимир Шишман, и застанал на страна на императорот Јован Палеолог, со чија сестра бил оженет неговиот син [[Михаил Асен]]. Под притисок на опозицијата [[Јован Кантакузин]] морал да се повлече во Тракија и во октомври 1341 год. се прогласил за цар во тврдината Димотика на реката Марица. Така започнала новата граѓанска војна во Византија (1341-1347). Во војските и на едната и на другата страна имало турски платеници. Јован Кантакузин останал само со 2000 приврзаници и побарал помош од Србија. Во јули 1342 год. тој се состанал со кралот Душан во Приштина каде што бил склучен сојуз за заедничка борба против византиската власт. Било договорено секој да ги задржи териториите што ќе ги освои. „Царот, по неговиот совет, тргнувајќи малку погоре, лесно ја премина реката и се состана со Оливер. Тој му пристапи на царот како на господар и му искажа секаква почит. Го одвел дома и три дена со целата војска пријателски го гоштевал“<ref>Византиски извори за историју народа Југославије, Том VI, Beograd 1986, 384-402</ref>. Кантакузин се обидел да го заземе Солун, но без успех. Сојузот со Јован Кантакузин му овозможил на Душан да ги продолжи освојувањата. Го опседнал Воден кој што бил важна точка на патот од Солун до Охрид. По склучување на договорот во Приштина тие двајца заедно го нападнале Сер. Ова операција ја предводеле Оливер и Вратко. Населението на Сер не сакало да се предаде. Во српскиот табор се појавила болест од која умреле 1500 војници. Тоа било причина Канатакузин да го напуштат голем број негови луѓе. Му останале верни околу 500 војници. Во меѓувреме Стефан Душан ги зазел Воден, Струмица и Мелник. Кантакузин ја зазел Тесалија. Во овој период во Епир пристигнала царицата Ана. Таа му ги нудела на Душан сите византиски градови западно од Крстопол и Филипополис а за возврат да и ја даде главата на Кантакузин. Но Душан не го прифатил предлогот. Во пролетта 1343 год војските на Душан и Кантакузин се појавиле повторно пред Сер. Апокавк со своја флота од 70 бродови дошол на брегот на Струма сакајки со посредство на Хреља да преговара со Душан. Но до оваа средба не дошло. Наскоро починал и Хреља. Населението На Сер и понатаму одбивало да се предаде. Пратеникот на Кантакузин кој ги повикувал да се предадат бил убиен. Царицата Ана побарала помош од Венецијанците за борба со Турците. Во меѓувреме Кантакузин го зазел Бер. Стефан Душан го повикал Кантакузин да дојде во неговиот двор за да се договорат за војна со Унгарците, но тој не сакал да дојде на српскиот двор. Душан се договорил со царицата Ана, при што неговиот син Урош бил свршен со сестрата на Јован Палеолог.
 
=== Прогласувањето на Душан за цар во Скопје ===
[[File:Coronation of Emperor Dušan, in "The Slavonic Epic" (1926).jpg|thumb|left|227x227px|Крунисувањето на цар Душан]]
 
Во меѓувреме српската војска започнала со освојувањата на Албанија. Во 1342-1343 година биле освоени: Кроја, Берат, Авлона, и Канина, а Драч останал под власт на Анжујците. Во Македонија биле освоени Лерин, Костур, и Воден а кон српската држава бил приклучен и Мелник како и териториите што ги држал Хреља. Во октомври 1345 год. се предал и Сер. Потоа биле заземени Драма и Филиполис, а исто така и крајбрежјето на Хрисопољ (Кавала). По ова Стефан Душан се решил да го освои целото Византиско царство. „ Веднаш по заземањето на Сер се потпишал на една грчка повелба за блискиот манастир св. Јован Крстител на Микенската Гора како крал на Србија и Романија“<ref>Окт. 6854 (1354) Sathas Bibi graeca I 234-239</ref>. Истата година, српскиот државен собор го прогласил Стефан за цар. Српската титула гласила цар на Србите и Грците, а во латинските и грчките преводи император на Србија и Романија. На 16 април 1346 год. во Скопје Стефан Душан бил крунисан за цар во присуство српскиот патријарх Јоаникиј и бугарскиот патријах Симеон. „Кралицата Елена била крунисана за царица, а синот Урош за крал“<ref>Увод у законик цара Стефана изд. Новаковиќа стр. 4</ref>. Во уводот кон својот Законик Стефан Душан изјавува дека е: „благоверни цар всем Срблем и Грком и странам Блгарским“.<ref>Стојан Новаковић, Законик Стефана Душана цара србског. У Београду 1898, стр. 3.</ref> Во една грамота издадена во Мелник во 1350 г. Душан се титулирал: „цар Стефан на Срби, Грци и Бугари“. <ref>Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912, стр. 708.</ref> Во друга грамота дадена 1347 г. на Хилендарскиот Манастир, Душан се потпишува: „Стефан во Христа Бога благоверни цар и самодржец на Србите, Грците и Бугарите“. <ref>Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912, стр. 417.</ref>
== Последните освојувања на Стефан Душан ==
 
Ред 52:
 
Новата ситуација му создала прилики на Душан да се позанимава со состојбите на север. Новиот унгарски крал Лудвиг I ги запоседнал Бачва, Белград и Голубец. Против Лудвиг бил и босанскиот бан Стефан II кој во јули 1343 год. преговар со Далматинските градови кои биле под заштита на Венеција за одбрана на Босна, Хрватска и Далмација. Лудвиг во 1345 год. ги зазел Книн и Задар. Царот Стефан Душан им нудел на Венецијанците воена помош за борба против Задар, но тие ја одбиле оваа понуда.
Во летото 1346 година бил склопен мир меѓу Стефан Душан и Лудвиг. Внукот од брат на далматинскиот бан Младен III Шубиќ се оженил со Елена сестрата на царот Душан. Во август 1348 год. бил склопен мир меѓу Унгарците и Венеција. Босанскиот бан откако слушнал за мирот меѓу Србите и Унгарците се исплашил дека ке остане сам и го опседнал Задар и барал посредување од Венеција. Царот Душан им одговорил на Венецијанците дека може да има мир ако тие му го отстапат Захумје.
 
=== Сплетките со Византија и неговата смрт ===
 
Во 1348 умрел од чума византискиот намесник на Тесалија и Епир. Тоа го искористил Душан и влегол со војска во Епир и ги запоседнал Јанина, Арта и останати градови се до териториите под власт на Анжујците. Албанците кои биле непријателски настроени спрема Византијците служеле во редовите на српската војска. Српскиот војсководец Прељуб ја завзел цела Тесалија. Кон крајот на 1348 год. тој стигнал до околината на градот Птелеа на западниот брег на заливот Воло. Венецијанците се понудиле за посредници со цел да се постигне мир меѓу Византија и Србија. Но царот Душан не сакал мир со Византија туку сакал да ги придобие Венецијанците за сојузници во војната со Византија. Тој им нудел на Венецијанците да им го отстапи епирското деспотсво или Ѓеновскиот град Перу. Венецијанците одбивале да стапат во сојуз со Србите против Византија. Тие веќе биле во војна со Ѓенова заради трговија на Црно Море и сакале да постигнат мир со Србите и Босанците. Царот Душан во 1350 год. тргнал со војска против Босна. Стигнал до Неретва и го освоил градот Нов и тргнал према Цетина. Византијците започнале нова офанзива. Србите се повлекле. Босанците повторно запоседнале градови во Захумје. Босанскиот кнез Вук Вукославиќ го зазел градот Нов. Набрзо потоа умрел банот Стефан и на негово место дошол Твртко I. Византијците превзеле нов поход во Македонија. Обласните господари формално ја признавале византиската власт, но и понатаму останувале независни. Тие му се заканувале на Кантакузин дека ке им ги отворат градските капии на Србите, а на царот Душан му порачувале да не војува против нив бидејќи тие се одметнале од византискиот императорцар. Меѓу нив дошло до раскол. Алексиј Метохит го викнал на помош Кантакузин а Андрија Палеолог Србите. Јован Кантакузин со одред од византиски и турски војници упаднал во српските области. Најпрвин бил нападнат градот Бер. Српските војници кои го бранеле градот биле принудени да се предадат. Кантакузин тргнал со војска во Воден. Српските војници кои го бранеле градот му се предале. Му се предале и помали градови како Остров и Нотија. Кантакузин оттаму тргнал преку Сервија за Тесалија. Тука имало 3 тврдини кои Прељуб со свои 500 војници успеал да ги одбрани и со тоа успеал да ја сочува Тесалија. Кантакузин се вратил во Солун. Царот Душан со своја војска дошол пред Солун. Започнале преговори меѓу Србите и Византијците. Душан како услов за мир барал да се врати границата од пред војната. Кантакузин барал на Византија да им се вратат Тесалија и Епир, а за возврат да им ги остави на Србите внатрешноста на Македонија со градовите Сер, Мелник, Струмица и Костир. Душан се сложил со тоа. Меѓутоа во таборот на Србите дошле претставници на Византиските власти кои барале сојуз за борбата против Кантакузин. Душан прифатил и го раскинал мирот со Кантакузин. Царот Душан ги завзел Воден и Бер. Царот Душан склучил сојуз со Османлискиот султан Орхан нудејќи му ја својата ќерка на еден од Орхановите синови. Царот Душан го наговарал императорот Јован Палеолог да започне војна против Кантакузин. Јован Палеолог сакал да се разведе од царицатата Елена и да се ожени со сестрата на српската царица. Кога за ова дознал Кантакузин ја испрстил царицата Ана во Солун за да ги спречи овие планови. Дошло до нова граѓанска војна во 1352 год. На Балканот за засилила опасност од Турците Османлии предводени од синот на Орхан Сулејман. Византискиот император ги повикал на помош Бугарите и Србите. Неколку илјади српси и бугарски војници се појавиле кај Димотика. Во битката кај Димотика Турците ги поразиле сојузничките српски, византиски и бугарски војски. Дошло до смената на византискиот престол. За нов император бил избран Матија. По поразот на Србите кај Димотика Царот Душан размислувал за војна против Турците. Папата му дал подршка на Душан да војува против Турците. Но наместо тоа избило војна меѓу Србија и Унгарија. Кралот Лудвиг бил во Белград каде што бил царот Душан во јуни 1354 год. Во редовите на унгарската војска се појвила некоја зараза и тие морале да се повлечат. Во пролетта 1355 царот Душан одржал државен собор во Крушишта на југ од Костур. Соборот бил прекинат бидејќи папата го потикнувал унгарскиот крал Лудвиг да за почне нова војна со Србите. Во мај 1355 год. бил постигнат мир меѓу Србија и Унгарија. Во септември 1355 год. Млетќаните и нуделе на кнегињата Елена да ги купат Клис и Скрадина. За овие територии бил заинтересиран и унгарскиот крал Лудвиг потпомаган од Босанците. Царот Душан поставил воена посада во овие два града. Тој не го дочекал крајот на овие настани бидејќи умрел на 20 декември 1355 год. Бил погребан во Манастирот Свети Архангели кај Призрен. [[Слика:Grave of Emperor Dušan.jpg|десно|мини|Гробот на цар Душан во манастирот св. Арахангели во Призрен]]
 
==Стефан Душан како тема во уметноста==
* „[[Женидба Душанова|Женидбата Душанова]]“ - српска [[еп]]ска песна.<ref>„Женидба Душанова“, во: ''Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата)'', стр. 13-29.</ref>
 
== Наводи ==
Ред 78:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Родени во 1308 година]]
[[Категорија:Починати во 1355 година]]