Беласичка битка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 77.28.245.136) и ја поврати преработката 3929629 на Bjankuloski06
с Јазична исправка, replaced: византискиот император → византискиот цар (3) using AWB
Ред 18:
}}
 
'''Битка на Беласица''' ('''Битка кај Клуч)''' — воен судир што се случил на [[29 јули]] [[1014]] г. помеѓу војските на царот [[Самоил]] и византискиот цар [[Василиј II]]. Исходот бил погубен за македонските војски и за [[Самоиловото царство]]: голем број војници биле убиени, а останатите ослепени, со што била целосно уништена воената моќ на царството. Самоил по овој пораз не можел да се опорави и умрел истата година.
 
До 1014 година, [[Византија|византискиот]] император [[Василиј II]] секоја година навлегувал во териториите на Самоиловото царство и напаѓал. Самуил сфатил дека не може со него да влезе во директен и отворен судир, посебно што веќе бил притиснат од сите страни, па решил да му го спречи влегувањето со прецизно изградени ровови. Знаејќи дека византискиот владетел влегува низ клисурите Кимба Лонга и Клидион,<ref>Според мислењето на Ј. Иванов, Кимба Лонга е влашки топоним и се наоѓала во Струмичко подрачје, а Клидион би било селото [[Клуч (Петричко)|Клуч]], што лежело меѓу [[Беласица]] и [[Огражден]].</ref> тој ги обградил и ги затворил со кули.
Ред 25:
 
Самоиловите војници не очекувајќи напад, се исплашиле и почнале да бегаат. Притоа многу војници загинале, а уште повеќе биле заробени. Самиот Самоил одвај ја избегнал опасноста да биде заробен, благодарение на синот [[Гавраил Радомир]], кој храбро ги одбивал нападите, го качил татка си на коњ и го одвел во тврдината [[Прилеп]].<ref>Michaelis Glykas, Corpus, t. 16, 578.</ref>
Битката на Беласица претставува решавачка битка меѓу меѓу Византија и самуиловата држава во која била решена судбината на средновековната македонска држава.Битката се одиграла на 29 јули 1014 год.Завршила со пораз на македонската војска и со заробување на 14000 до 15000 македонски војници кои биле ослепени по наредба на византискиот императорцар Василиј II.Откако царот Самоил ги видел своите ослепени војници починал од срцев удар.Тоа претставувало почеток на крајот на Самоиловата држава која постоела од 969 до 1018 год. и е позната како Самоилово царство бидејќи Самоил останал единствен владетел по смртта на неговите браќа Давид,Мојсеј и Арон.Центар на самоиловата држава била Македонија со главен град најпрвин Преспа. Подоцна државата ги проширила своите граници и во нејзинот состав влегле Бугарија, делови од Грција односно Тесалија и Епир, потоа Албанија,Рашка, Дукља и Босна.Самуил бил прогласен за цар измеѓу 996 и 1000 год. од страна на папата Гргур V.Наскоро византискиот императорцар Василиј II започнал офанзива за ликвидирање на самоиловата држава.Во 1000 година била заземена Сердика односно Софија.„Ова што е стечено за тоа царството беше од неизмерна вредност,зошто Црно Море сега беше ослободено од бугарските заседи и е повратено општењето меѓу Цариград и Подунавјето, а Тракија беше обезбедена од страна на балканот“. Во периодот од 1001 до 1004 год. биле заземени:Колидрон,Сервија,Воден,Верија и Видин, .„Со тоа беше завршен четиригодишниот поход на Василиј против Самуил,кој избегал пред византискиот цар и овој завладеал со многубројните тврдини,од кои некои разурнал, а некои задржал за себе“. Во 1005год. и Драч му ја откажал својата лојалност на Самоил.Така територијата на самуиловата држава многу се намалила.Сепак решавачката битка се одиграла како што споменавме на 29 јули 1014 год. кај Беласица.
 
== Подготовки за битката ==
Ред 34:
 
== Ослепување на војниците и смртта на Самоил ==
По победата над Самуил византискиот императорцар Василиј II наредил 15000 војници кои биле заробени да бидат ослепени.На секој стоти војник му било оставено по едно око за да ги води војниците кај царот.Императорот Василиј префрлајќи се преку теснини се упатил кон Струмица.Притоа му наредил на солунскиот војвода Теофилакт Вотанијат да ги премине ридовите околу Струмица и да ги запали ѕидовите за да му ги очисти сите пречки кон патот што води кон Солун.Но на враќање попаднал во заседа која била направена во долгнаместите процепии.Бил нападнат од самуиловите војници кои го гаѓале со камења и стрели.Четата на Теофилакт Вотанијат била натерана во тесно и тој не можел да се брани и загинал заедно со голем број од неговите војници.Кога императорот дознал за поразот на Теофилакт Вотанијат му паднало многу жал.Тој не се осмелувал да оди понатаму и се вратил назад во Загорје каде што се наоѓала јаката тврдина Мелник.Кога Царот Самуил ги видел неговите ослепени војници како идат на кај него не можел да ја издржи таа глетка и паднал во несвест.Оние што биле присутни околу него успеале да го освсестат и да му го вратат дишењето.Откако се освестил побарал да се напие вода. Но штом се напил од водата добил срцев удар и по два дена умрел.
==Битката кај Беласица како тема во уметноста==