Шпанска граѓанска војна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
 
Истовремено со одбраната на Републиката од Франко и десницата, одредени левичарски струи, особено [[анархизам|анархистите]], се стремеа да извршат социјална [[револуција]]. Нивните стремежи беа сузбиени, во прв ред поради дволичната улога што во текот на Шпанската граѓанска војна ја играа [[комунизам|комунистите]].
 
==Македонски во Шпанската граѓанска војна==
 
На страната на Републиката се бореа и стотина Македонци. Точната бројка не е утврдена, но отприлика се движи околу 120. Помеѓу попознатите се: [[Алексо Демниевски - Бауман]], [[Цветко Узуновски]], [[Ганчо Хаџипанзов]], [[Елисие Поповски]] и [[Кирил Ќамилов]]. Останати македонски шпански борци се: Боро Поцков, Петар Калев, Спасе Бенџов, Борис Атков, Трифун Бузев, Тане Наумов, Трајко Мишковски, Живко Ангелушев, Иван Дојчинов, Тодор Димитров, Илија Јотов, Панајот Јотов, Данило Лекиќ, Вангел Темов и други. Македонци - шпански борци имаше и од иселеништвото. Помеѓу македонските иселеници кои се бореа на страната на Шпанската република беа и: Панајот Хаџиев, Димитар Тотев, Ламбро Марковски, Желеско Рачев, Вангел Темов, Џорџ Пол, Димитар Бузев, Мајк Белов, Џан Томсон и други.
 
==Литература==
* Елисие Поповски, Перо Коробар, Борис Вишински (ур.) „На шпанската земја“, „Култура“, Скопје, 1961.
 
== Надворешни врски ==