Херменевтика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: конзерватизмот → конзервативизмот using AWB
Ред 21:
Подеднакво важни за понатамошни развивања се текстовите за поетиката, реториката и софистиката вклучувајќи и некои дела на Платон како Кратил, Јон, Горгија, Лесер Хипиас и За републиката, заедно со делата на Аристотел, За поетиката и За софистичкото побвање. Овие текстови повеќе се занимаваат со презентација на аргументи, говори и поеми отколку разбирањето на текстот како текст. Како што Рамбер и Ѓестал забележале „Само кај стоиците и нивната интерпретација на митот се среќаваме со нешто како методолошки проблеми во разбирање на текст.“
 
Некои антички филозофи, како Платон, настојувале да ја карактеризираат поезијата како безопасни безсмислици. Платон ги отфрла поетите од неговата идеална држава се додека не ја докажат својата вредност. Во Јон, Платон ги претставува поетите како опседнати:
 
{{quote|Знаете, никој од епските поети не се господари на нивната тема, тие се инспирирани и опседнати и затоа ги кажуваат тие убави поеми. Истото важи и за лириците; како Карибантите што не се при свест кога танцуваат, така и лириците не се при свест кога ги пишуваат тие убави лирични песни; но кога ќе запловат во хармонија и ритам нив ги опседнува лудоста на Дионис.|Платон|'''Јон'''}}
Ред 106:
=== Критичка теорија ===
 
Јирген Хабермас го критикувал конзерватизмотконзервативизмот на претходните херменевтики, особено Гадамер, затоа што фокусирањето на традицијата изгледало како потценување на можностите за социјална критика и трансформација. Исто така Хабермас ги критикувал марксизмот и претходните членови на франкфуртската школа за немањето на херменевтичката димензија на критичката теорија. За Хабермас, херменевтиката е една димензија на критичко-социолошката теорија.
 
== Примена ==
Ред 138:
Во полето на науките за безбедност, особено во студирањето на човечките грешки, научниците се заинтересирале за херменевтичкиот пристап. Ергономот Доналд Тејлор предложил дека механичкиот модел на човечкото однесување само ќе не оддалечи од намалувањето на несреќите. Безбедносната наука сега треба да гледа на значењето на несреќите за свесни човечки суштества.
 
=== Социологија ===
 
Во социологијата херменевтиката значи интерпретација и разбирање на општествените настани преку анализирање на нивното значење за учесниците и нивната култура. Главно место зазела за време на шеесеттите и седумдесеттите и се разликувала од другите интерпретативни социолошки школи во тоа што ја истакнува важноста на контекстот и формата на дадено општествено однесување. Централниот принцип на херменевтиката е тоа дека значењето на еден чин или изјава е возможно да се сфати само со поврзување со целиот дискурс од којшто потекнува. One can frequently find reference to the 'hermeneutic circle': that is, relating the whole to the part and the part to the whole. На пр. ставањето на парче хартија во кутија може да се разбери како безначајно нешто, доколку не се стави ви контекст на демократски избори и ставање на гласачко ливче во кутија. Херменевтиката во социологијата најмногу имала влијание од германскиот филозоф Ханс-Георг Гадамер.