Руд ван Нистелрој: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Ејндховен → Ајндховен (2) using AWB
Ред 21:
}}
 
'''Рутгерус Јоханес Мартинус ''Руд'' ван Нистелрој''' ([[холандски]]: ''Rutgerus Johannes Martinus "Ruud" van Nistelrooij'') е пензиониран [[Холандија|холандски]] фудбалер кој во својата кариера играше како напаѓач за тимовите на [[ФК Ден Бош|Ден Бош]], [[ФК Херенвен|Херенвен]], [[ФК ПСВ ЕјндховенАјндховен|ПСВ ЕјндховенАјндховен]], [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]], [[ФК Реал Мадрид|Реал Мадрид]], [[ФК Хамбургер|Хамбургер]] и [[ФК Малага|Малага]]. Тој е пети најдобар стрелец во историјата на [[УЕФА Лига на шампиони|Лигата на шампионите]] со постигнати 56 голови, пред него се шпанскиот напаѓач и неговиот некогашен соиграч од [[ФК Реал Мадрид|Реал Мадрид]] [[Раул Гонзалез]], [[Кристијано Роналдо|Кристиано Роналдо,]] [[Филипо Инзаги]] и [[Лионел Меси]].
 
Кариерата ја започна во тимот на Ден Бош, каде што помина 4 години, и постигна 17 голови, за да биде продаден во [[ФК Херенвен|Херенвен]] каде што се задржал само една година при што забележал 31 настап и постигнал 13 гола. Во летото 1998 година, тој се преслил во тимот на [[ПСВ Ајндховен]], каде што одиграл одлични две сезони и постигна 62 гола на 67 натпревари. Добрите игри во ПСВ Ајндховен беа забележани од [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]], каде што во 2000 година бил продаден за 19 милони [[Британска фунта|фунти]], но поради повреда тој го засилил Манчестер Јунајтед наредната 2001 година. Во Манчестер Јунајтед под водство на [[Алекс Фергусон|Сер Алекс Фергусон]], освоил една шампионскa титула во [[Премиер лига на Англија|Премиер лигата]] во сезоната 2002/2003, еден [[ФА Куп|ФА куп]] во сезоната 2003/2004, еден [[Фудбалски Лига куп на Англија|Лига куп]] во 2005/2006 година и [[Комјунити Шилд]] сезоната 2003. Во сезозната 2002/2003 тој ја освоил златната копачка на Премиер лигата, како и најдобар играч во лигата.
 
Во 2006 година тој преминал во [[ФК Реал Мадрид|Реал Мадрид]], и потпишал три годишен договор вреден 14 милони евра. Шпанската [[Ла лига|Ла Лига]] ја освоил две години по ред, во сезоните 2006/2007 и 2007/2008 по водство на [[Фабио Капело]] и [[Бернд Шустер]]. Во 2008 година го освоил и шпанскиот куп. Во [[Лига на шампиони во фудбал|Лигата на шампионите]] три години по ред бил најдобар стрелец, во сезоните 2001/2002, 2002/2003 и 2003/2004 година.
Ред 29:
За [[Фудбалска репрезентација на Холандија|Холандската репрезентација]] има одиграно 70 меча и постигнато 35 голови. Своето деби го имал во пријателски меч со [[Фудбалска репрезентација на Германија|Германија]] на 18-ти ноември 1998. Има настапено на две европски првенства во [[Европско првенство во фудбал 2004|2004]] и [[Европско првенство во фудбал 2008|2008]] и едно [[Светско првенство во фудбал 2006|Светско првенство во 2006 година]].
 
На 14 мај 2012 тој објави дека се повлекува од фудбалот на возраст од 35 години.
 
==Наводи==
Ред 35:
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.soccerway.com/players/ruud-van-nistelrooy/46/ Руд ван Нистелрој на soccerway]
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Нистелрој}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Нистелрој}}
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Холандски фудбалери]]