Астрономија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Сончев Систем: Правописна исправка, replaced: Сончев систем → Сончев Систем using AWB
с →‎Кон модерната астрономија: Правописна исправка, replaced: цм → см using AWB
Ред 73:
== Кон модерната астрономија ==
По Њутн астрономијата се разгранува во неколку насоки. Со неговиот закон за гравитација, старото прашање за планетарното движење е одново проучувано како небесна механика. Усовршените телескопи дозвилија скенирање на површините на планетите, откривање на многу послабо сјајни ѕвезди како и мерење на ѕвездените растојанија. Во XIX век, новиот инструмент наречен спектроскоп овозможи да се добијат информации за хемискиот состав и движењето на небесните тела.
За време на XX век се изградени значително поголеми рефлексиони телескопи со огледала од 1000 цмсм во дијаметар. Проучувањата со овие инструменти доведоа до откривање на структурата на големите далечни збирови на ѕвезди, наречени галаксии и на групациите на галаксии. Во втората половина на XX век развојот во физиката доведе до појава на нови класи на астрономски инструменти од кои некои се поставени на сателитите-опсерватории кои орбититраат околу Земјата. Овие инструменти беа чувствителни на широк спектар на радијациски бранови должини, вклучувајќи ги гама-зраците, х-зраците, ултравио-летовите зраци, инфрацрвените зраци и радио регионите на електромаг-нетниот спектар. Астрономите започнуваат да ги проучуваат не само планетите, ѕвездите и галаксиите, туку и плазмата (топли јонизирани гасови) која ги опкружува двојните ѕвезди, меѓуѕвездениот простор во кој се раѓаат нови ѕвезди, ладниот прав кој е невидлив во оптичките региони, енергетските јадра на галаксиите кои можеби содржат во себе црни јами и фотоните кои потекнуваат од големиот прасок кои можеби носат информации за раната историја на вселената.<br />
=== Сончев Систем ===
Њутновиот закон за гравитација ги постави постулатите за постоечката привлечна сила меѓу Сонцето и секоја од планетите со цел да ги објасни Кеплеровите закони за елиптичните двежења. Од него произлезе дека мора да постојат и многу помали сили помеѓу самите планети, како и помеѓу Сонцето и другите тела во Сончевиот Систем. Меѓупланетарните гравитациони сили ја предизвикуваат девијацијата на орбитите на планетите од регуларното елиптично движење. Повеќето од овие неправилности, предвидени врз основа на Њутновата теорија, можат да се набљудуваат и со телескоп. Како резултат на развојот на многу попрецизни астрономски инструменти и фотографски техники беше усовршено набљудувањето на позициите на планетите. Во исто време математичките пресметки овозможија на астрономите да ги предвидат позициите на планетите со години однапред со прецизност многу блиска на набљудуваните позиции. Со помош на компјутерите се изведувале сè посложени пресметки што овозможувало да се дојде до попрецизни резултати.