Трошок: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: бизнисменот → стопанственикот using AWB
Ред 2:
 
== Трошоците како економска категорија==
Економската теорија ги набљудува трошоците од аспект на употребата на факторите на производството. Оттука, под трошоци се подразбираат цените на факторите на производството (материјалите, [[капитал]]ните добра и [[труд]]от) кои се употребуваат за [[производство]]то на определено количество од некој производ.<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 155.</ref> Иако од практична гледна точка, трошоците ги претставуваат паричните издатоци кои се плаќаат за потрошените фактори на производството, набљудувано од економски аспект, зад паричните трошоци стојат реалните трошоци на производството кои ги претставуваат работниот напор и жртвата на учесниците во производството како и изгубеното време (чекањето) за да се добие определен производ во иднина.<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 168.</ref> За разлика од [[сметководство]]то, во економијата под трошок се подразбира максималниот износ што производнито фактор може да го оствари при некоја друга употреба, односно трошокот ја претставува најповолната пропуштена добивка што може да се оствари при алтернативна употреба на [[Фактори на производство|производниот фактор]].<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 104-105.</ref> Притоа, економската наука прави разлика меѓу приватен и општествен трошок. На пример, ако една фабрика ја загадува околината, трошоците предизвикани од загадувањето не претставуваат трошок од аспект на фабриката, но тие мора да бидат вклучени во вкупните трошоци набљудувани од аспект на [[општество]]то. Оттука, за економистите се важни општествените трошоци. Според теоремата на [[Роналд Коуз]], во услови на [[Совршена конкуренција|совршена конкуренција]], приватните и општествените трошоци се еднакви.<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 110-113.</ref>
 
Стандардната анализа на трошоците подразбира дека фирмата постои и произведува неограничено долго време. [[Армен Алкијан]] (Armen Alchian) ги анализирал трошоците во случајот кога производството се врши во определен ограничен временски период (на пример, десет години). Тогаш: прво, маргиналните и просечните трошоци опаѓаат, ако се зголемува вкупниот обем на производството при константен обем на производство во единица временски интервал (на пример, година); второ, маргиналните и просечните трошоци растат, ако се зголемува производството во единица временски интервал при константен обем на вкупното производство. Оттука, ако вкупниот обем на производство остане константен, порастот на производството во единица временски интервал всушност значи скратување на бројот на временските интервали во кои се остварува вкупното производство, т.е. поевтино е да се произведе одреден обем на производство (да речеме, 100 000 книги) во пократко време (помал број временски интервали).<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 172-173.</ref>
Ред 53:
== Директни и индиректни трошоци ==
[[Алфред Маршал]] ја дал следнава поделба на трошоците:<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 175-176.</ref>
* ''посебни, директни или основни'' (''special, direct, prime cost'') - трошоците за материјалите за производство како и платите на работниците кои ги прават производите; износот на овие трошоци се менува онака како што се менува обемот на производството; исто така, за да може да опстои на краток рок, бизнисменотстопанственикот мора со продажната [[Цена (економија)|цена]] да ги покрие барем директните трошоци.
* ''дополнителни трошоци'' (''supplementary cost'') - општите трошоци во [[производство]]то, како што се трошоците на опремата и машините и платите на повисоките вработени кои не се непосредно ангажирани во производството; износот на овие трошоци не се приспособува веднаш на промените на обемот на производството; инаку, на краток рок, овие трошоци мора да бидат покриени во значителен износ, а на долг рок, тие мора да бидат покриени целосно.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Трошок