Синклер Луис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-романсиер +романописец)
с Јазична исправка, replaced: бизнисменот → стопанственикот using AWB
Ред 15:
 
==Биографија==
Хери Синклер Луис е роден на [[7 февруари]] [[1885]] година во Сок Сентр, село во срцето на [[Минесота]], како трет син на селски лекар.<ref name="Sinkler Luis 1963">Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: Sinkler Luis, ''Čovek koji je poznavao Kulidža''. Beograd: Rad, 1963, стр. 137.</ref> Неговата мајка, која била ќерка на канадски [[физичар]], умрела од [[туберкулоза]] кога Луис имал само шест години. Татко му се преженил една година подоцна за Изабел Ворнер. Луис многу добро се сложувал со маќеата: таа му читала, а кога научил да чита и самиот, имал пристап до 400 [[Медицина|медицински]] книги од [[библиотека]]та на татко му. Подоцна во своите дела, Луис го опишал Сок Сентр како „тесноград и провинциски“, па затоа книгите му понудиле еден вид бегство. Тој изгледал многу чудно со својата црвена коса, а имал особено лоша [[кожа]]. На возраст од 13 години се обидел да избега од дома, со желба да стане [[Трговија|трговски]] патник, но неговиот татко го фатил на [[Железница|железничката]] станица и го вратил дома.
 
Во [[1902]] година влегол во академијата Оберлин, но тогаш се преселил на Универзитетот [[Јејл]] и почнал да пишува во весникот „Yale Literary Magazine“. За време на летниот распуст, Луис отпатувал во [[Англија]] со брод, а незадоволен од колеџот, отишол во [[Панама]] во потрага по работа на [[Панамски Канал|Каналот]]. Исто така, работел како вратар и се обидувал да заработи како слободен писател во [[Њујорк]]. На [[Универзитет Јејл|Универзитетот Јејл]] го запознал [[Џек Лондон]], а потоа работел за неколку издавачки куќи и магазини во [[Ајова]], [[Сан Франциско]], [[Вашингтон]] и во [[Њујорк]]. Во [[Гринич Вилиџ]] се дружел често со радикалите, како [[Џон Рид]] и [[Флојд Дел]] и за кратко време станал член на [[Социјалистичката партија на САД|Социјалистичката партија]]. Притоа, тој го прекинал студирањето на Универзитетот Јеил и се вработил во социјалистичката колонија што ја формирал [[Аптон Синклер]], но подоцна сепак се вратил на истиот универзитет каде дипломирал во 1907 година.<ref>Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: name="Sinkler Luis, ''Čovek koji je poznavao Kulidža''. Beograd: Rad, 1963, стр. 137.<"/ref>
 
Во [[1914]] година, Луис се оженил со Грејс Ливингстон Хеџер, уредничка во списанието „[[Вог]]“ (''Vogue''). Со неа имал еден син - Велс. Во тој период, Луис работел како уредник и [[менаџер]] за [[Реклама|реклами]] во книгоиздавачката куќа „Џорџ Доран компани“, а во [[1916]] година ја напуштил работата за да патува со сопругата. Во [[1925]] година, Луис се развел од првата жена, а три години подоцна се венчал со дописничката Дороти Томсон, со која патувале по светските метрополи. Во тоа време, Луис многу пиел и ги навредувал своите пријатели. Во 1930-тите, Луис живеел удобен живот: имал убава стара куќа во Вилијамстаун, [[Масачусетс]], живеел во најдобрите [[хотел]]и во Америка и во [[Европа]], а во [[Фиренца]] изнајмил грандиозна вила во стилот на [[Мусолини]]. Во [[1942]] година се развел од втората сопруга и нашол многу помлада. Син му Велс загинал во [[Втората светска војна]], во [[Франција]]. Последните години од животот Луси ги поминал во Европа, во лоша [[Здравје|здравствена]] состојба поради [[Алкохолизам|алкохолизмот]] и сериозната кожна болест што го иритирала неговото кратко трпение. Во последните години од животот, Луис најмувал секретарки да играат [[шах]] со него и да му прават друштво. Умрел од последици од алкохолизмот на [[10 јануари]] [[1951]] година, во доброволно прогонство во [[Рим]].
 
==Творештво==
Луис напишал 22 романа и три [[Драма|драми]]. Иако повремено го критикувал американскиот начин на живот, неговиот основен поглед на „американската човечка комедија“ е оптимистички. Неговата прва издадена книга била „Хајк и авионот“, книга за деца што се појавила во [[1912]] година под псевдонимот Том Греам, зашто Луис се плашел од евентуалниот неуспех на своето книжевно деби. Во тој период Луис објавил и над 40 кратки раскази во едно евтино забавно списание, а во 1914 година се појавила неговата следна книга, романот „Нашиот господин Рен“. Во него, тој претставил еден наивен сонувач за авантури кој, откако патувал по целиот свет, се вратил во нормалниот идиличен живот. Романот „[[Нашиот господин Рен]]“ не постигнал некој поголем успех, но сепак тој го означува пресвртот во творештвото на Луис, кој набрзина напишал неколку романи, и тоа: „Соколовата трага“ (1915), „Неопасни“ (1917), „Работа“ (1917) и „Мис Клер патува“ (1919).<ref>Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: name="Sinkler Luis, ''Čovek koji je poznavao Kulidža''. Beograd: Rad, 1963, стр. 137.<"/ref>
 
Во 1920 година се појавило неговото ремек-дело, романот „[[Главната улица]]“, откако една година порано Луис позајмил 500 [[долар]]и од татко му, ги исплатил долговите и се повлекол од јавниот живот. Во овој роман, кој претставува еден вид негова духовна [[автобиографија]], Луис остро ги напаѓа самозадоволството, незнаењето и хипокризијата на американските малограѓани. Поради тоа, романот постанал едно од врвните обележја на американската радикална интелигенција во 1920-тите.<ref>Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: Sinkler Luis, ''Čovek koji je poznavao Kulidža''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138.</ref>
 
Следниот роман „[[Бебит]]“ (1922) бил немилосрден портрет на бизнисменотстопанственикот Џорџ Ф. Бебит при што изразот „бебитрија“ станал синоним за [[конформизам]] и [[комерцијализам]]. Во 1925 година се појавил романот „[[Д-р Мартин Ароусмит]]“ којшто го опишува животот на истоимениот лекар. Во создавањето на книгата, Луис соработувал со [[Бактериологија|бактериологот]] Пол де Круиф со кого поминал два месеца на [[Кариби|Карибите]]те. Таму, Луис пиел и пишувал, додека Де Круиф ја сфатил пресериозно нивната соработка. Во 1926 година, книгата била наградена со [[Пулицерова награда|Пулицеровата награда]], но тој ја одбил, затоа што, како што рекол, „таа награда ја заслужуваат книги што ја слават [[Америка]], додека неговите критички настроени романи не треба да ја добијат“. Книгата ѝ била посветена на писателката Варлтон, на која Луис ѝ се восхитувал и тој никогаш не се жалел дека не ја добил наградата порано. Романот „Ароусмит“ набргу станал симбол на сите почитувачи на европското културно наследство, зашто според критичарот Алфред Кејзин, ликот од книгата Макс Готлиб станал олицетворение на неисцрпната европска мудрост.<ref>Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: Sinkler Luis, ''Čovek koji je poznavao Kulidža''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138-139.</ref>
 
Во следните дела Луис често користел експерти за технички совети, како што правел [[Емил Зола]] во [[Франција]]. Притоа, од 1920 до 1930 година, Луис го создал најважниот дел од својот книжевен опус, создавајќи ги романите: „[[Елмер Гантри]]“ (1927), „[[Човекот кој го познаваше Кулиџ]]“ (1928) и „[[Додсворт]]“ (1929). Романот „Елмер Гантри“ претставува [[Реализам|реалистичен]] портрет на еден [[Свештенство|свештеник]], но и критика на [[религија]]та, воопшто, додека „Додсворт“, иако формално зборува за еден [[фабрика]]нт со [[автомобил]]и и за неговата неверна жена, претставува уметничко свидетелство за [[Култура|културните]] разлики меѓу САД и Европа. Во „Човекот кој го познаваше Кулиџ“, Луис дава остра сатира на еден типичен американски малограѓанин.<ref>Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: Sinkler Luis, ''Čovek koji je poznavao Kulidža''. Beograd: Rad, 1963, стр. 139.</ref>
Ред 32:
Во тоа време, Луис веќе бил славен писател чии дела се преведувале ширум светот, а во 1930 година, станал првиот американски писател кој ја добил [[Нобелова награда за литература|Нобеловата награда]].<ref>Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: Sinkler Luis, ''Čovek koji je poznavao Kulidža''. Beograd: Rad, 1963, стр. 140.</ref> По тој повод, [[Теодор Драјзер]], другиот американски кандидат за ова признание, бил многу лут кога Луис ја добил наградата. Во 1931 година се појавила [[филм]]ската верзија на „Ароусмит“ од [[1931]] година, во [[режија]] на [[Џон Форд]]. Во текот на 1930-тите години, Луис му посветил големо внимание и на [[театар]]от. Неговото последно големо дело „[[Тоа не може да се случи овде]]“, портретира [[Фашизам|фашистички]] државен преврат во [[САД]]. Неговиот последен роман „Многу широк свет“ бил издадена постхумно.
 
По добивањето на Нобеловата награда настапило големо опаѓање во творештвото на Луис, кое се забележува уште во „Додсворт“ којшто тематски го парафразира романот „Нашиот господин Рен“. Тоа е особено забележливо во следните романи „[[Ен Викерс]]“ и „[[Кралска крв]]“, коишто далеку од уметничкото ниво на претходните негови дела. До ден-денес останува тајна што е вистинската причина за уметничкото опаѓање на Луис: дали неспособноста да се ослободи од ситнобуржоаскито радикализам или пак некоја чисто творечка причина?<ref>Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: Sinkler Luis, ''Čovek koji je poznavao Kulidža''. Beograd: Rad, 1963, стр. 140-141.</ref>
 
{{Нобелова награда за литература}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Американски писатели|Л]]
[[Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература]]