ПФК Лудогорец Разград: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: бизнисменот → стопанственикот using AWB
Ред 36:
}}
 
'''ПФК Лудогорец Разград''' е [[Бугарија|бугарски]] професионален [[фудбал]]ски клуб со седиште во градот [[Разград]], Клубот е основан во [[1945]] година и моментално се натпреварува во [[Бугарија - А фудбалска група | А фудбалската група]] на Бугарија.
 
Клубот е четирикратен првак на Бугарија, откако ја освоил титулата во последните четири изданија на [[Бугарија - А фудбалска група | бугарското првенство]] (2011-2012, 2012-2013, 2013-2014 и 2014-2015). Покрај тоа, Лудогорец по два пати ги освојувал трофеите во [[Фудбалски куп на Бугарија|купот]] и [[Суперкуп на Бугарија|суперкупот]] на својата земја. Во [[УЕФА Лига на шампиони 2014/15|сезоната 2014-2015]] Лудогорец за прв пат во својата историја играл во групната фаза од Лигата на шампионите, но завршиле како последни во групата со [[ФК Реал Мадрид|Реал Мадрид]], [[ФК Базел|Базел]] и [[ФК Ливерпул|Ливерпул]].
 
Традиционалните бои на клубот се зелена и бела. Својте домашни натпревари Лудогорец ги игра на стадионот [[Лудогорец Арена]], кој има капацитет од 12.500 седечки места.
Ред 45:
Лудогорец е основан во [[1945]] година. Во сезоната 1961-1962 за прв пат влегува во втората лига. Во првите 65 години клубот воглавно се натпреварувал во втората и третата лига, а во деведесетите години на 20 век бил познат под името Антибиотик.<ref>[http://www.ludogorets.com/bg/history/ Историја], посетен на 5 април 2015 година</ref> Во [[2001]] година клубот се распаднал и престанал да постои.
 
Иницијатори за повторното создавање на клубот биле Александар Александров и Владимир Димитров па така новиот фудбалски клуб бил основан на 18 јуни 2001 година под името ''Лудогорие''. Клубот започнал да се натреварува од најниското ниво на [[Првенство во фудбал на Бугарија|бугарскиот фудбал]]. Во [[2002]] година го промениле името во ''Разград 2000'' после соединувањето со истоимениот младински клуб. Разград без проблеми ја освојувал [[Областни фудбалски групи (Бугарија)#Разград|својата групата]], но немал финансиски средства да мине во повисок ранг на натпреварување. Сепак во сезоната 2005-2006, Лудогорец повторно бил прв и е примен во [[Бугарија - В фудбалска група#Североисточна В фудбалска група|Североисточната В група]] - третата лига по ранг во Бугарија.
 
Во сезоната 2009-2010 екипата изборила промоција во [[Бугарија - Б фудбалска група | Б група]] - второто ниво на фудбалската пирамида, а во [[2010]] година добиле лиценца за да ја преземат историјата од распаднатиот клуб Лудогорец Разград. Во јули 2010 година, за тренер бил назначен [[Ивајло Петев]]. Во септември истата година Лудогорец го купува бизнисменотстопанственикот [[Кирил Домусчиев]] со намера да го му помогне на клубот да избори промоција во Првата лига. На 28 мај, [[2011]], тоа се остварило и Лудогорец за прв пат се пласирал во највисокиот ранг на бугарскиот фудбал, откако ја освоиле титулата во Б група.<ref>[http://www.uefa.com/memberassociations/association=bul/news/newsid=1703762.html#ludogorets+cause+stir]</ref>
 
Првата сезона во [[Бугарија - А фудбалска група|А група]] Лудогорец ја започнал со неколку многу квалитетни засилувања, па така првиот пораз го претрпеле дури во 10. коло, кога загубиле од [[ПФК Литекс Ловеч|Литекс]] со 2-1. Во 15. коло одиграле 2-2 во [[Софија]] против [[ПФК ЦСКА Софија|ЦСКА]], надоместувајќи негатива од два гола во последните пет минути од дуелот, а со тој натпревар завршил првиот дел од сезоната по кој Лудогорец бил на првото место. После три пораз по ред во пролетниот дел од сезоната го загубиле водствот на табелата. Меѓутоа, со победата од 1-0 во последното коло од првенството над директниот конкурент за титулата ЦСКА Софија, Лудогорец станал шампион со 70 освоени бодови еден повеќе од ЦСКА. Победеносниот гол за првата шампионска титула го постигнал [[Мирослав Иванов]]. Најдобрата сезона во историјата на клубот завршила со освојувањето на купот по победата над [[ПФК Локомотив (Пловдид)|Локомотив Пловдив]] со 2-1.
Ред 53:
Во август [[2012]], Лудогорец го освоил и суперкупот повторно победувајќи го Локомотив Пловдив и така станал првиот клуб во историјата на бугарскиот фудбал кој во својата прва сезона во највисокиот ранг на натпреварување освоил три трофеја. Исто така тоа е првиот клуб мадвор од главниот град и вкупно третиот клуб во Бугарија заедно со [[ПФК Левски (Софија)|Левски]] и [[ПФК ЦСКА (Софија)|ЦСКА]], коишто успеал да освои домашна тројна круна.
[[File:Ludogorets FC.png|200px|thumb|right|Лого до 2016 г.]]
Своето деби во европските натпреварувања го направил во 2. коло од квалификациите за [[УЕФА Лига на шампиони|Лигата на шампионите]] во сезоната 2012-2013 против [[ФК Динамо Загреб|Динамо Загреб]]. Во првиот натпревар било 1-1, а во вториот загубиле со гол во 98-мата минита со 3-2.<ref>* http://www.uefa.com/uefachampionsleague/season=2013/matches/round=2000344/match=2009433/index.html</ref>
 
Најголемиот успех клубот го направил со пласманот во групната фаза од [[УЕФА Лига на шампиони|Лигата на шампионите]] [[УЕФА Лига на шампиони 2014/15|во сезоната 2014-2015]], откако во плејофот на пенали биле подобри од [[ФК Стеауа Букурешт|Стеауа]]. По извлакувањето на ждрепката, Лудогорец се нашол во [[УЕФА Лига на шампиони 2014/15#Група Б|групата Б]] задно со бранителот на титулата [[ФК Реал Мадрид|Реал Мадрид]], [[ФК Базел|Базел]] и [[ФК Ливерпул|Ливерпул]]. Лудогорец завршил на последното место со 4 освоени бода, со победата над Базел и ремито 2-2 против Ливерпул двата на домашен домашен терен.
Ред 73:
{{Fs player|no=16|nat=COL|name=[[Брајан Ангуло]]|pos=DF}}
{{Fs player|no=17|nat=BUL|name=[[Цветелин Чунчуков]]|pos=FW}}
{{fs player|no=18|nat=BUL|name=[[Светослав Дјаков]]|pos=MF|other=[[Капитен|капитен]]}}
{{Fs player|no=19|nat=BUL|name=[[Александар Василев (фудбалер, роден 1995)|Александар Василев]]|pos=MF}}
{{Fs player|no=21|nat=BUL|name=[[Владислав Стојанов]]|pos=GK}}