Пол Морфи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-философ +филозоф)
с Правописна исправка, replaced: Санкт-Петербург → Санкт Петербург using AWB
Ред 27:
По тој настан семејството почнало да со смета за предвреме созреан талент и му велеле да игра на семејните собиранки и во локалните шаховски клубови. На девет годишна возраст се сметало дека е еден од најдобрите шахисти во Њу Орлеанс. во 1846 градот го посетил генералот [[Винфилд Скот]] и им рекол на домаќините дека сака партија шах навечер со некој силен противник. Во шахот тој се сметал за силен играч. По вечерата биле наредени шаховските фигури и како противник бил донесен малиот Морфи. Скот одпрвин се чувствувал навреден, миселјќи дека со него се игра мајтап, но прифатил да игра откако му рекле дека момчето е навистина „шаховско чудо“ кој ќе му ги испроба силите. Морфи лесно го победил два пати, кога вториот пат го шахирал во шест потези. Ова било премногу за генералот, па си отишол да спие и се зарекол повеќе да не игра со него.
 
Во 1850, на кога Морфи имал дванаесет години, Њу Орлеанс го посетил силниот професионален унгарски [[шаховски мајстор]] [[Јохан Левентал]]. Левентал, кој често играл со и победувал талентирани младичи, ја сметал оваа неформална партија за губење на време, но се согласил од куртоазија за судијата. Кога Левентал го запознал Морфи, го погалил по главата снисходливо.
 
До дванаесеттиот потег од првата игра, Левентал сфатил дека ова е тежок противник. Секогаш кога Морфи ќе направел добар потег, Левентал ги вртел очите нагоре во беспомошност. Од три, Левентал игубил три партии против Морфи.
Ред 36:
Потоа бил примен во [[Тулански универзитет|Лујзијанскиот универзитет]] да студира право. Добил Л.Л.Б. диплома на 7 април, 1857, за чие припремање го запамтил целиот Лујзијански законик.<ref>http://www.findagrave.com/cgi-bin/fg.cgi?page=gr&GRid=737</ref>
 
Бидејќи сѐ уште бил премлад за да започне како индивидуален правник, Морфи сега имал слободно време. Примил покана да учествува на Првиот американски шаховски конгрес, кој се одржал во есента 1857. Отпрвин тој одбил, но по инсистирање на чичко му подоцна решил да игра. Ги победил сите негови противници, вклуќувајќи го силниот германски мајстор [[Луис Паулсен]] во финалното коло. Морфи бил прогласен за шаховски првак на САД, но оваа слава не го погодила никако.
 
=== Морфи оди во Европа ===
[[Податотека:Morphy Löwenthal 1858.jpg|мини|десно|250п|Морфи игра против Левентал (1858)]]
накратко по неговото враќање во Њу Орлеанс бил поканет да учествува во меѓународниот шаховски турнир во Бирмингем, Англија во летото 1858. Сѐ уште премлад за да започне правничка кариера, тој го профатил овој предизвик и допатувал до Англија. Меѓутоа наместо да го игра турнирот, тој завршил играјќи и лесно победувајќи ги сите англиски мајстори, освен ветеранот [[Хавард Стаунтон]], кој бил стар и не бил во форма, икој првично ветил дека ќе игра, но потоа одбил откако видел како игра Морфи.<ref>Според Мејкон Шибат во ''Paul Morphy and the Evolution of Chess Theory'', Стаунтон изиграл две консултативни игри против Морфи, и изгубил на двете. Схибат вели дке аво неговите приватни писма, Стаунтон велел дека Морфи е посилен играч од него.</ref>
 
Подоцна Стаунтон бил критикуван за избегнување на соочувањето со Морфи. Се знае дека Стаунтон во тоа време работел на собраните дела на [[Вилијам Шекспир]], но дека и се натпреваруфвал во шах за врме на посетата на Морфи. Стаунтон подоцна го обвинил Морфи за неиграњето со него, меѓу другото велејќи дека Морфи ги немал средствата за влоговите кои требаледа се дадат за играта—што е мошне неверојатно земајќи ја в предвид популарноста на Морфи.
 
Барајќи нови противници, Морфи го препловил Ламанш кон Франција. Во Кафе де ла Регенс во [[Париз]], шаховскиот центар на Франција, одиграл партија против [[Даниел Харвиц]], локалниот паховски професионалец, и здраво го победил.
 
Во Париз Морфи се разболел. Според тогашните средства, бил лекуван со [[пијавица|пијавици]], што довело до големн губиток на крв. Иако премногу слаб за да стане без помош, Морфи инсистирал да се осигра партијата против германскиот мајстор во посета [[Адолф Андерсен]], кој м,ногумина го сметале за водечки шахист во Европа. И покрај болеста, Морфи победил со леснотија, победувајќи седум, а губејќи две партии, со две реми. Кога го запрашале за неговиот пораз, Андерсен велел дека не бил во форма, но признал и дека Морфи во секој случај бил посилен и дека поразот бил фер. Андерсон се изразил дека Морфи бил најсилниот играч, дури посилен и од францускиот првак [[Луј де ла Бурдоне]].
 
И во Англија и во Франција, Морфи одиграл многу симултанки, како и партии [[слеп шах]] во кој редовно победувал осум проотивници наеднаш. Морфи ја одиграл и една [[Оперска партија|добро позната случајна партија]] против [[војвода од Брауншвајг|војводата од Брауншвајг]] и [[гроф Изуар|грофот Изуар]] во италијанската опера во Париз.
Ред 52:
=== Светски првак ===
 
Сѐ уште на дваесет и една годишна возраст, Морфи набргу се прославил. Додека бил во Париз, седел во хотел една вечер на разговор со неговиот пријател Фредерик Еџ кога добиле неочекуван посетител. Тој рекол „Јас сум кнез [[Галицин]]; Би сакал да го видам Г-дин. Морфи“. Морфи се претставил. Но кнезот рекол „Не, ова е невозможно! Вие сте премлад!“ Галицин потоа објаснил како бил на фронт во Сибир кога чул за „чудесните дела“ на Морфи. Потоа дополнил, „Еден од мојата свита имаше примерок од шаховскиот весник од Берлин, ''Шахцајтунг'', и одтогаш па натаму имав желба да ве видам.“ Потоа му рекол на Морфи дека мора да иде во Санкт- Петербург каде шаховскиот клуб во царската палата би го примил со ентузијазам.
 
Во Европа, Морфи насекаде бил сметан за светски првак. Во Париз, на банкет во негова чест на 4 април, 1859, бил поставен ловоров венец врз главата на биста од Морфи, резбана од вајарот Ежен Лекесн. На сличен настан во Лондон, каде се вратил пролетта 1859, Морфи повторно бил прогласен за светски првак. Бил повикан и на приватен прием кај [[Кралица Викторија|кралицата Викторија]]. Морфи бил толку доминантен, што дури ни мајсторите не можеле сериозно да играат со него без некаков хендикеп. На една симултанка против петмина мајстори ([[Жил Арну де Ривиер]], [[Семјуел Боден]], [[Томас Вилсон Барнс|Томас Барнс]], [[Јохан Левентал]] и [[Хенри Бирд]]), Морфи победил две партии, други две бвиле нерешени, а изгубил една партија.
 
При неговото враќање во Америка, пофалбите продолжиле како што правел турнеи низ главните градови по патот накај дома. На Њујоршкиот универзитет, на 29 мај, 1859, Џон Ван Бурен, син на претседателот Мартин Ван Буреб, му врачил уверение со извикот, „Пол Морфи, Шаховски првак на светот“. Во Бостон, на банкет каде присуствувале [[Хенри Вадсворт Лонгфелоу]], [[Луис Агасиз]], градоначалникот на Бостон, претседателот на [[Харвард]], и други големци, Д-р. [[Оливер Вендел Холмс]] нашправил здравица „за Пол Морфи, шаховски првак на светот“. Накратко, Морфи бил ѕвезда. Произведувачите го барале за реклама, васниците барале да пишува шаховски колумни, а во негова чест бил именуван и безбол-клуб.
Ред 77:
Од 59-те „озбилни“ партии на Морфи — оние на натпревари и на Њујоршкиот турнир во 1857 — победил на 42, 9 биле нерешени, а изгубил 8.
 
Некои [[Меѓународен велемсјтор|велемајстори]] сметаат дека Морфи е најголемиот шахист на сите времиња.<ref>[http://www.jeremysilman.com/chess_history/grt_plyr_pc_morphy.html Шаховската страница на Џереми Силман] има коментари оф Фишер за Морфи.</ref> Други пак не се согласуваат со овие поекстремни тврдења.<ref>„[Морфиевите] славители понатаму велеле дека бил најбрилијантниот генијалец кој се има родено. ... Но доколку критички ги разгледаме неговите партии и записи, не можеме да ја оправдаме оваа екстраваганција. И мораме да зборуваме за неа како за Морфискиот мит. ... Дури и ако митот е срушен, Морфи останува еден од гигантите во шаховската историја“ - [[Ројбен Фине]].</ref> <ref>„Расправите за тоа кој е најголемиот шахист на сите времиња се забавни, но, се разбира, често паѓаат во пристрасни партиски изјави или бескрајно гризење на историските коски од различно потекло.“ - [[Рејмонд Кин]]; ''World Chess Championship: Kramnik vs. Leko'' (стр. 73); Hardinge Simpole Publishing; 2004. ISBN 1-84382-160-5. Алгебарска нотација.</ref>
 
== Познати партии ==
Ред 113:
* [http://www.angelfire.com/games4/lifemasteraj/_Morphy/morphy-list.html 'Пол Морфи' од А.Џ.] {{en}}
* [http://uk.youtube.com/watch?v=QQez7MaqSyE Паулсен против Морфи - мултимедијална анотирана партија] {{en}}
 
 
{{start box}}
Ред 125 ⟶ 124:
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{DEFAULTSORT:Морфи, Пол}}
 
[[Категорија:Шахисти]]
[[Категорија:Американски шахисти]]