Италијанска култура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Сончев систем → Сончев Систем using AWB
Ред 1:
{{Италијанска култура}}
Од стариот век па до средината на [[17 век]], [[Италија]] се смета за централно место на [[Западна култура|западната култура]] и појдовна точка на светските феномени како [[Римското Царство]], [[Римокатоличката црква]], [[ренесанса]]та, културни и образовни реформи и нов почеток. За време на овој период во Италија се појавиле голем број на познати сликари, вајари, поети, музичари, математичари и архитекти.
 
Како внатрешните така и надворешните аспекти од западната култура се родени на [[Апенински Полуостров|Италијанскиот Полуостров]], било дали се однесуваат на историјата на христијанска вера, [[граѓански институции]], [[филозофија]], [[право]]<ref>[http://www.britannica.com/EBchecked/topic/507759/Roman-law Roman law.] ''Encyclopædia Britannica Online, 2011.'' Web. 25 Sep. 2011.</ref>, [[уметност]], [[наука]] или социјални обичаи и култура. Исто така, оваа земја имала водечка улога во борбата против смртната казна.
Ред 18:
[[Податотека:Il Duomo Florence Italy.JPG|200px|thumb|left|[[Фирентска катедрала]]]]
 
Архитектонските остатоци од антиката низ Италија сведочат за величината на културното минато. Историјата на италијанската архитектурата започнува со античките стилови на Етрурците и Грците, напредува во времето на класичната романска ера<ref>Sear, Frank. [http://books.google.it/books?id=Rkdt_p6uvw0C&pg=PA10&dq#v=onepage&q&f=false ''Roman architecture.''] Cornell University Press, 1983. p. 10. Web. 23 Sept. 2011.</ref>, продолжува кон оживувањето на класичната римска ера за време на ренесансата и еволуира во барокна ера. За време на [[Италијанска ренесанса|италијанската ренесанса]] било вообичаено студентите на архитектура да патуваат за Рим со цел да ги проучуваат античките урнатини и градби како важен дел од нивното образование.
 
Старата црква Свети Петар веројатно била првата значајна [[рано христијанство|ранохристијанска]] [[базилика]], стил на црковна градба којшто доминирал во [[Ран среден век|раниот среден век]]. Црквата се наоѓала на местото каде што е изградена денешната [[базилика Свети Петар]] во [[Рим]]. Првите значајни градби во средновековен римски стил биле цркви изградени во Италија во текот на 800-те години. Неколку истакнати примери на византиски архитектонски стил од [[Блиски исток|Блискиот Исток]] исто така биле изградени во Италија. Најпознатата византиска градба е [[Базилика Свети Марко (Венеција)|базиликата Свети Марко]] во [[Венеција]].
Ред 24:
Најголемото будење на италијанската архитектура се случило за време на ренесансата. [[Филипо Брунелески]] дал голем придонес за архитектонскиот дизајн со куполата на катедралата во Фиренца. [[Леон Батиста Алберти]] е друг раноренесансен архитект чијшто теории и дизајни имале огромно влијание на подоцнежните архитекти.<ref>John A. Davis, D.Phil., Emiliana Pasca Noether Chair in Italian History, [[University of Connecticut]]. <br>Davis, John A. "Italy." ''World Book Advanced''. World Book, 2011. Web. 23 Sept. 2011.</ref>.
 
Можеби најголемото достигнување на италијанската ренесанса е базиликата Свети Петар, која била најпрво замислена од [[Донато Браманте]] во почетокот на 1500 година. [[Андреја Паладио]] со проектирањето на вили и палати во средината и крајот на 1500 година имал влијание врз архитектите од западна Европа.
 
Барокниот период во 1600 година резултирал со неколку истакнати италијански архитекти кои биле посебно познати по нивните цркви. Најважни архитекти се [[Џан Лоренцо Бернини]] и [[Франческо Боромини]]. Голем број на италијански архитекти, како [[Ренцо Пјано]], се познати низ светот.<ref>[http://topics.nytimes.com/topics/reference/timestopics/people/p/renzo_piano/index.html] Renzo Piano. ''The New York Times.'' Web. 23 Sep. 2011.</ref>
Ред 40:
Во [[декември]] [[1932]] година, фирентискиот издавач Нербини го пуштил во продажба во Италија првиот стрип на Дизни, Мики Маус, или [[Тополино]] на италијански. Во 1935 година филијалата Мондадори ја презеде [[франшизата]] Дизни.
 
Во 1945 година за време на посетата на Академија за ликовна уметност во Венеција, [[Хуго Прат]] во соработка со [[Марио Фастинели]] и [[Алберто Онгаро]] го создал Асо ди Пиче.
 
Во 1948 година [[Џан Лујџи Бонели]] започнал со долга и успешна серија на вестерн стрипови, почнувајќи со популарниот [[Текс Вилер]]. Форматот на овој стрип толку ќе се популаризира што добива свое име - бонелијано, по својот создател. Некои од сериите кои следат по Текс Вилер се [[Загор]] (1961 година), [[Мистер Но]] (1975 година) и подоцна [[Мартин Мистери]] (1982 година) и [[Дилан Дог]] (1986 година). Овие стрипови претставуваат целосни приказни во 100+ црно бели страници во џебен формат. Темата секогаш е авантура, било вестерн, хорор, мистерија или научна фантастика. Бонелијано, сè до ден-денес, е најпопуларната форма на стрипови во земјата.
Ред 67:
Италијанската литература започна по основањето на Рим во 753 п.н.е. Римската или латинската литература била и сè уште е многу влијателна во светот, со многубројни писатели, поети, филозофи и историчари како [[Плиниј Постариот]], [[Плиниј Помладиот]], [[Вергилиј]], [[Хорациј]], [[Овидиј]] и [[Ливиј]]. Римјаните исто така биле познати по своите усни преданија, поезија, драма и епиграми. Иако повеќето од нив биле инспирирани од античките Грци, римските епиграми обично биле далеку повеќе сатирични, пишувани понекогаш со непристоен јазик за да се добие интересен ефект. Повеќето од римските епиграми биле натписи или графити.
 
Основата на модерната италијанска литература на италијански јазик започнала во почетокот на 1200-те години. Кога станува збор за влијанијата за неговото образување, мора да се спомне религиозното заживување предизвикано од [[Свети Францис]] од Асиси, којшто се смета за првиот „''италијански глас''“ во литературата.
 
Друг италијански глас потекнува од [[Сицилија]]. Во дворецот на кралот Фредерик II, којшто владеел со сицилијанското кралство во првата половина на [[13 век]] се пишувале стихови по пример на провансалски форми во подобрена верзија на мајчин јазик. Најважниот поет бил видниот [[Џакомо да Лентини]], познат по откривањето на сонетната форма.
 
[[Гвидо Гвиницели]] се смета за основач на ''Слаткиот нов стил'', школа која додала филозофска димензија на традиционалната љубовна поезија. Ова ново сфаќање на љубовта, искажано со пријатен и слободен стил, влијаело врз некои фирентиски поети, особено на [[Гвидо Кавалчанти]] и младиот [[Данте Алигиери]]. [[Божествена комедија|Божествената комеција]] од [[Данте Алигиери]] е ремек-дело на светската литература, коешто помогнало во создавањето на италијанскиот литературен јазик.
 
[[Податотека:Francesco Hayez - Ritratto di Alessandro Manzoni.jpg|мини|лево|Алесандро Манцони, еден од најдобрите италијански автори во 19 век]]
 
Двајца важни писатели од 14 век, [[Петрарка]] и [[Бокачо]], издвојувале и имитирале дела на антиката и разработувале нивни уметнички ликови. Петрарка станал славен со неговата збирка песни Канционер. Исто толку влијателен бил и Бокачо со делото [[Декамерон]], едно од најпознатите збирки раскази некогаш напишани.
 
Авторите на италијанската ренесанса напишале многу важни дела. [[Владетелот]] од [[Николо Макијавели]] еден од најпознатите есеи за политички науки во светот. Друго важно дело од овој период е Бесниот Роланд од [[Лудовико Ариосто]], која веројатно е најславната витешка песна. Дијалогот на [[Балдасе Кастиглионе]] во Книгата за дворјанинот го опишува идеалот на совршен дворски господин и на духовната убавина.
 
Во почетокот на [[17 век]] биле создадени литературни ремек-дела како долгата митолошка поема Адонис од [[Џамбатиста Марино]]. Во барокниот период исто така е создадена чиста научна проза од [[Галилео]] и од [[Томазо Кампанела]] со Градот на сонцето што претставува опис на совршено општество управувано од филозоф-свештеник. Кон крајот на [[17 век]], Аркадијаните започнало движење со цел да ја вратат едноставноста и класичната воздржаност во поезијата, како во херојските мелодрами на [[Метастасио]]. Во 18 век, драмскиот автор [[Карло Голдони]] ја заменил Комедија дел арте со целосно напишани драми, кои ја прикажувале средната класа во тоа време.
Ред 106:
[[Податотека:Giuseppe Verdi by Giovanni Boldini.jpg|мини|десно|[[Џузепе Верди]], еден од најголемите оперски композитори]]
 
Запишувањето на музички знаци започнало во Италија, оттука италијанските зборови се користеле да искажат како се свири музиката. Затоа сите земји ги присвоиле техничките термини во нивната италијанска форма – доказ за важната улога на Италија во историјата на музиката, особено [[Фиренца]].
 
[[File:Napolitano.OGG|thumb|200px|left|Една од најпопуларните романтични песни во Италија, [[Света Луција (песна)|Света Луција]].]]
Ред 130:
Во почетокот на 20 век, [[Гилјермо Маркони]] вршел експерименти со електрична енергија и го усовршил безжичниот прием, но поголема заслуга добил грофот [[Алесандро Волта]], еден од пионерите во електричната енергија повеќе од 100 години порано. До крајот на Втората светска војна, работата со нуклеарна физика на [[Енрико Ферми]], водело до развивањето и на атомската бомба. На 25 септември 2001 година, американскиот конгрес усвои резолуција која официјално го признава фирентискиот имигрант во САД, [[Антонио Меучи]] како пронаоѓач на телефонот.<ref>[http://thomas.loc.gov/cgi-bin/query/z?c107:H.RES.269:] Bill Text Versions. 107th Congress (2001–2002). H.RES.269. ''THOMAS (Library of Congress).'' Web. 28 Sep. 2011.</ref><ref>Wheen, Andrew. [http://books.google.it/books?id=B6shu_hAiGkC&pg=PA45&#v=onepage&q&f=false ''Dot-Dash to Dot.com: How Modern Telecommunications Evolved from the Telegraph to the Internet.''] Springer, 2010. p. 45. Web. 23 Sep. 2011.</ref><ref>Cleveland, Cutler (Lead Author) ; Saundry, Peter (Topic Editor). [http://www.eoearth.org/article/Meucci,_Antonio Meucci, Antonio.] ''Encyclopedia of Earth, 2006.'' Web. 22 Jul. 2012.</ref><ref>{{it}} Caretto, Ennio. [http://archiviostorico.corriere.it/2002/giugno/16/Gli_Usa_ammettono_Meucci_inventore_co_0_0206169323.shtml Gli Usa ammettono: Meucci è l' inventore del telefono.] ''Corriere della Sera.'' Web. 21 Jul. 2012.</ref>.
 
Краток преглед на други еминентни личности се: астрономот [[Џовани Доменико Касини]], кој извршил многу важни откритија за [[Сончев системСистем|Сончевиот систем]]; математичарите [[Лагранж]], [[Фибоначи]] и [[Џироламо Кардано]], со [[Арс Магна]] која е општо призната како прва модерна математичка постапка; [[Марчело Малпиги]], доктор и основач на [[микроскопска анатомија]]; биологот [[Лазаро Спаланцани]] кој извршил битни истражувања за телесните функции, размножување на животните и клеточна теорија; [[Камило Голџи]] кој бил лекар, патолог, научник и добитник на Нобелова награда, е познат по основањето на [[Голџиев систем]] и неговата улога во создавање на услови за прифаќање на [[невронската доктрина]].
 
Заради италијанската љубов за автомобили и брзина, Италија стана позната по производството на повеќето од познатите светски спортски автомобили. Некои од најелитните светски возила се развиле во Италија: „[[Ламборгини]]“, „[[Ферари]]“, „[[Алфа Ромео]]“ и „[[Масерати]]“ кои се само неколку од познатите луксузни автомобили кои потекнуваат од Италија.
Ред 138:
Вајарството на Италијанскиот Полуостров започнало од антички времиња. Во древниот период, кога етрурските градови доминирале во централна Италија и околното море, се развила етрурската скулптура. Откриено е името на еден артист [[Вулка]], кој работел во Вели е познат по глинената фигура на [[Аполо]] и други фигури.
 
Најголемиот развој на оваа уметност бил помеѓу 6 век п.н.е. и 5 век п.н.е. за време на развојот на [[Римското Царство]]. Најраните римски скулптури биле под влијание на Етрурците на север од Рим и грчките населеници од југ.
 
Скулптурите во [[средниот век]] најчесто биле религиозни. Уметниците од каролиншкиот период (именувано по фамилијата на Шарлемањ) во северна Италија креирале скулптури како декорации за црковните олтари и распнувања, и огромни свеќници на олтарите.
 
[[Податотека:David von Michelangelo.jpg|мини|лево|''Давид'' од Микеланџело]]
Ред 166:
Една од причините за падот на римскиот театар (почетокот на 4 век н.е.) е отпорот од црквата. Раните христијани сметале дека постои поврзаност помеѓу театарот и паганската религија и затоа тврделе дека лошите ликови прикажани на сцена го хранат неморалот. Заради ова, огромните театарски изведби исчезнале по [[распад на Римското Царство|распадот на Римското Царство]].
 
Иронично е дека најраната забележана драма во сите делови на западна Европа била [[Литургиска драма|литургиската драма]] на црквата. Всушност, за време на средновековниот период, црквата започнала да изведува на сцена посебни делови од Библијата. Овие драматизации прераснале во исценирани приказни за Божиќ и Велигден за неписмените маси да ја разберат [[латинската литургија]].
 
Во периодот од 16 до 18 век [[Комедија дел арте]] била форма на импровизаторски театар која се изведува и ден денес. Италијанскиот театар е активен во режисирањето на извонредни современи европски дела и во изведувањето на важни преродби на стари дела, но сепак ниту еден домашен драматург нема напишано дела кои можат да ги обноват оние на [[Лујџи Пирандело]] од раниот 20 век. При крајот на 20 век [[Дарио Фо]] се здобил со меѓународно признание за неговиот мошне добар импровизаторски стил.
Ред 175:
[[Податотека:Mona Lisa, by Leonardo da Vinci, from C2RMF retouched.jpg|мини|десно|[[Мона Лиза]] од Леонардо да Винчи]]
 
Историјата и развојот на уметноста во западната култура се темели на стотици години од италијанска историја. Во [[Стар Рим]], Италија била центар на уметноста и архитектурата. Голем број на уметници имало и за време на готскиот период и средновековието, а уметноста најмногу напреднала за време на италијанската ренесанса. Футуризмот во Италија се развил во [[20 век]].
 
Во италијанската ренесанса се појавиле најголемите сликари во историјата на уметноста. Тие биле под влијание на делата на [[Џото ди Бондоне]] (1200 година), кој бил еден од највлијателните уметници и кој го сменил текот на западната уметност во нов реалистички стил<ref>''North Carolina Museum of Art.'' Nagy, Rebecca Martin; Spence, June; Burden, Virginia. [http://books.google.it/books?ei=xwZ-TqvlMdPQ4QSNuOjWDQ&ct=result&id=QaLpAAAAMAAJ&dq= ''North Carolina Museum of Art: handbook of the collections.''] The Museum, 1998. p. 120. 24 Sep. 2011.</ref>.
Ред 181:
[[Податотека:Creación de Adán.jpg|мини|лево|[[Создавањето на Адам]] од Микеланџело]]
 
[[Фиренца]] станал центар на раната ренесанса. Големите фирентиски сликари биле [[Масачио]], [[Фра Анџелико]], [[Андрека Мантења]], [[Сандро Ботичели]] и [[Паоло Учело]]. Најважниот уметник во 1400-те години бил [[Леонардо да Винчи]]. Портретот Мона Лиза и Последната вечера се помеѓу најпознатити слики во историјата.
 
Во подоцнежната ренесанса доминирале уметниците [[Рафаело Санти]] и [[Микеланџело]]. Рафаело сликал умерени, хармонични слики кои изразувале мирен, благороден начин на живот. Микеланџело стекнал величина и како сликар и како вајар.
 
Италијанските сликари доминирале во барокот од кои најважни биле [[Анибал Карачи]] и [[Караваџио]].
Ред 199:
Италијанската кујна е општопозната како најпопуларна во светот и главно се состои од традиционални јадења, оброци и десерти како [[паста]], [[шпагети]], [[пица]], [[фокача]], [[брускети]], [[аранчини]], [[гранита]], [[лазања]], [[ризото]], [[њоки]], [[палента]] и [[зампоне]]. [[Босилек]], [[моцарела]], [[лук]], маслиново [[масло]] и [[домат]]и се пример за состојки кои често се користат во италијанската кујна.
 
Италија исто така извезува и произведува [[вино]]<ref>[http://faostat.fao.org/site/567/DesktopDefault.aspx?PageID=567#ancor] Faostat. ''Faostat.fao.org.'' Web. 31 January 2011.</ref><ref>[http://faostat.fao.org/site/535/DesktopDefault.aspx?PageID=535#ancor] Faostat. ''Faostat.fao.org.'' Web. 31 January 2011.</ref>, со извоз од околу 1.793 тони. Од [[2005]] година Италија произвела скоро една петтина од светското вино.<ref>Mulligan, Mary Ewing; McCarthy, Ed. ''Italy: A passion for wine.'' 2006, ''62(7)'', 21-27. Web. 27 Sep. 2011.</ref>. Етрурските и грчките населеници произведувале вино уште пред [[Римјаните]] да започнат со култивирањето на нивните лозови насади во 2 век п.н.е.
 
[[Податотека:Eq it-na pizza-margherita sep2005 sml.jpg|мини|десно|Позната наполитанска [[пица]] ]]
Ред 208:
[[Податотека:Tiramisu Fanes.jpg|мини|лево|[[Тирамису]], познат италијански десерт]]
 
[[Кафе]]то, посебно [[еспресо]], е доста важно во италијанската кујна. Еспресото е пијалак кој многу се пие во Италија и обично Италијанците го пијат наутро пред да одат на работа или за започнување на денот. Еспресото се служи во мала шолја и има темен, речиси црн изглед и силен, кисел вкус. [[Капучино]] е исто познато италијанско кафе кое е обично поблаго и помалку темно од еспресото. Тоа може да се сервира со пена или крем на врвот, а кое потоа се става прашак од чоколадо и шеќер. Капучиното не е само чест пијалак во италијанските кафулиња, туку и во странски ресторани и барови. Кафе-лате е мешавина од кафе и млеко (latte-млеко) и обично се пие за време на појадокот (за разлика од другите италијански видови на кафе, ова кафе го пијат и децата и возрасните бидејќи не е толку јако и содржи повеќе млеко отколку обичното кафе). [[Макијато]] е појако од кафе-лате, кое само содржи малку млеко или шлаг.
 
Традиционално кафе на Торино се вика [[бичерин]] кое е нешто помеѓу капучино и топло чоколадо и се прави со еднаква количина на течно чоколадо, кафе и мало додавање на млеко или крем пена.
Ред 232:
[[Податотека:Colosseum Roma 2009.jpg|мини|лево|[[Колосеум]], најпознатата градба од Римското Царство.]]
 
Италија е извор на [[Западна цивилизација|западната цивилизација]] и преку 2.000 години била светска крстосница. Постојаното учење, креативност и технолошки напредок на Италијанскиот Полуостров, суштински го формирале секој дел од западната култура. Иако нејзините археолошки записи датираат од пред десетици илјади години, италијанската историја започнува со Етрурците, античка цивилизација којашто се појавила помеѓу реките [[Арно]] и [[Тибер]]. Во 3 век п.н.е. Римјаните ги замениле Етрурците, кои наскоро станале главна сила во средоземниот свет и чие царство се протегало од [[Ирак]] до [[Шкотска]]<ref>[http://www.britannica.com/EBchecked/topic/297474/Italy Italy.] ''Encyclopædia Britannica Online, 2012.'' Web. 25 Oct. 2012.</ref>.
 
Со покрстувањето на царот [[Константин I]] во 312 година, Рим станало официјално седиште на [[Римокатоличка црква|Католичката црква]], а Италија имала големо влијание врз развојот на христијанството и врз западните сфаќања за вера и моралност<ref>Woodhead, Linda. [http://books.google.it/books?id=EsctaP__5yQC&pg=PA43#v=onepage&q&f=false ''An introduction to Christianity.''] Cambridge University Press, 2004. pp. 43-44. Web. 22 Sep. 2011.</ref>. Уште од почетоците грижата за болните, како и другите дела на христијанска милостина, била света должност за секој верник. Според историчарот [[Вилијам Леки]] болници не постоеле сè до појавата на христијанството. По [[падот на Рим]] во 400 година, Италијанскиот Полуостров бил поделен помеѓу разни владетели.
[[Податотека:Vatican City at Large.jpg|мини|десно|[[Базилика Свети Петар]],најзначајната христијанска црква]]
 
Во средновековието кое траело од 400 година до 1400 година, [[Римокатоличка црква]] ја заменила [[Римското Царство]] како обединета сила во [[Европа]].<ref>Alex T. Nice, Ph.D., former Visiting Associate Professor of Classics, Classical Studies Program, [[Willamette University]]. <br>Nice, Alex T. "Rome, Ancient." ''World Book Advanced.'' World Book, 2012. Web. 15 Jul. 2012.</ref> . Црквата го користела [[латински јазик|латинскиот јазик]], а воедно ги зачувала класиците на латинската литература. Исто така, влијанието на црквата во ширењето на христијанството имало значајно влијание врз европското општество. Всушност, во средниот век најважната гранка на учењето била теологијата (изучување за Господ)<ref>{{fr}} Wegener, Günther S. [http://books.google.it/books?id=UcwvYAAACAAJ&dq= ''La Bible et nous.''] Flammarion, 1958. Web. 14 Jun. 2012.</ref> . Новиот образовен пристап се нарекувал [[сколастика]]. Заради ова Италија станала седиште на главно формално образование во 1088 година со воспоставувањето на првиот универзитет во Европа, [[Универзитетот во Болоња]]. Подоцна следувале други италијански универзитети, а во исто време во Италија се воспоставиле и [[поморските републики]].
 
Во [[ренесансниот период]] преродбата сменила многу нешта, посебно уметноста. До почетокот на 15 век во Фиренца определен кружок на архитекти, сликари и вајари се обиделе да ја оживеат класичната уметност. Лидерот на оваа група бил архитектот [[Филипо Брунелески]] којшто дизајнирал цркви по класични модели. Во сликарството, [[Леонардо да Винчи]] заедно со други италијански сликари користел техника наречена сфумато којашто создавала дискретност во неговите портрети. Истовремено во Италија оживувало и сликањето [[фрески]]. Професионални музичари тренирале во италијанските градови, а подоцна била основана и уметничката академија како место да се надвладеат техниките и теоријата на цртање, скулптура и архитектура. Во Рим и Венеција се појавиле првите уметнички „саеми“ каде купувачи и продавачи заменувале уметнички дела.
 
Не било случајно тоа што потеклото на европскиот банкарски систем бил роден во ренесансна Италија. До 1430 година, [[фамилијата Медичи]] била доминантна во фирентиската владејачка класа. Фамилијата ја контролирала најголемата банка во Европа и била водена од група на талентирани и амбициозни луѓе.
 
[[Податотека:Eertvelt, Santa Maria.jpg|мини|лево|Откривањето на [[Нов Свет]] од Кристофер Колумбо]]
Ред 249:
Општо земено, [[барокната ера]] се нарекува ера на гении бидејќи во овој историски период започна научната револуција која ги постави темелите на модерната наука. Во пантеонот на научната револуција, [[Галилео Галилеј]] зазема висока позиција заради неговото користење на квантитативни експерименти со математичко анализирани резултати.
 
Интелектуалната динамика во [[18 век]] била значајна низ опсегот на жанрови. Италијанските елити биле упатени по принципите на француското просветителство, а исто така и во англиските идеи кои ги ширеле млади аристократи. Италијанските автори кои биле членови на академии и соработници на филозофски и литературни весници започнале да ги шират своите идеи во близина на сферата на моќта во [[Милано]] и [[Торино]], [[Парма]] и [[Модена]], [[Фиренца]] и [[Неапол]]. Инспирирани од тезата на Чезаре Бекарија за слободни идеи и хуманитарни чувства, [[Војводство Тоскана|Војводството Тоскана]] била првата држава во светот која ја укинала смртната казна во [[1786]] година<ref>Bruni, Luigino ; Zamagni, Stefano. [http://books.google.it/books?id=NpgXBy5LQ40C&pg=PA97&dq#v=onepage&q&f=false ''Civil Economy: Efficiency, Equity, Public Happiness.''] Peter Lang, 2007. p. 97. Web. 22 August 2012.</ref>.
 
Италијанските уметници биле доста влијателни во 20 век, а некои од италијанските застапници на [[модернизам]] во 1920 и 1930 година продолжиле да имаат цврсто влијание врз пазарот на меѓународнна современа уметност. [[Енрико Ферми]] кој е познат како таткото на атомската ера, е Италијанец кој сведочел во откривањето, контролата и користењето на атомска енергија. По Втората светска војна [[италијанскиот неореализам]] стана значајна сила во филмовите. Денес Италија е една од меѓународните лидери во мода и дизајн.
Ред 259:
[[Податотека:Leonardo self.jpg|мини|лево|[[Леонардо да Винчи]], еден од најголемите гении во историјата]]
 
Уште од римски времиња Италијанскиот Полуостров бил во центар на развојот на западната култура<ref name="Worldmark encyclopedia of the nations (Volume 5)">[http://books.google.it/books?ei=tmEFUJS4PI3P4QT0htW7CQ&hl=it&id=CYOyAAAAIAAJ&dq= ''Worldmark encyclopedia of the nations.''] Gale Research, 1995. p. 241. Web. 17 Jul. 2012.</ref>. Важни поети од Римската Република и царство се [[Лукрециј]], [[Катул]], [[Вергилиј]], [[Хорациј]] и [[Овидиј]]. Исто така познати во латинската литература биле говорникот [[Цицерон]], сатиричарот [[Јувенал]], прозните писатели [[Плиниј Постариот]], неговиот внук [[Плиниј Помладиот]] и историчарите [[Салуст]], [[Ливиј]] и [[Светониј]]. [[Гај Јулиј Цезар]], познат како историчар и прозаист, е попознат како воен и политички лидер. Првиот римски цар бил [[Октавијан]], познат како почесен [[Август]]. Интересно е дека помеѓу подоцнежните цареви биле тираните [[Калигула]] и [[Нерон]], филозофот [[Марко Аврелиј]] и [[Константин I]], кој бил првиот што го прифатил христијанството.
 
Во ниту една земја немало толкав придонес за визуелните уметности. Во 13 и 14 век најпознати уметници биле вајарот [[Никола Пизано]] и неговиот син [[Џовани]], сликарите [[Чимабуе]], [[Дучио]] и [[Ѓото]]. Помеѓу највлијателните уметници во 15 век – златната ера на Фиренца и Венеција – биле архитектите [[Филипо Брунелески]], [[Лоренцо Гиберти]] и [[Леон Батиста Алберти]], вајарите [[Донатело]], [[Лука дела Робија]], [[Дезидерио де Сетињано]] и [[Андреја дел Верочио]] и сликарите [[Фра Анџелико]], [[Стефано ди Џовани]], [[Паоло Учело]], [[Масачио]], [[Фра Филипо Липи]], [[Пиеро дела Франческа]], [[Џовани Белини]], [[Андреја Мантења]], [[Лука Сињорели]], [[Пјетро Перуџино]], [[Сандро Ботичели]] и [[Виторе Карпачо]].
 
Во 16 век за време на ренесансата, Рим и Фиренца ја имале водечката позиција во светот на уметноста. Големи маестри од овој период биле архитектите [[Донато Браманте]] и [[Андреја Паладио]]; вајарот [[Бенвенуто Челини]]; сликар-дизајнер-пронаоѓач [[Леонардо да Винчи]]; сликар-вајар-архитект [[Микеланџело Буонароти]] и сликарите [[Титан]], [[Рафаел]], [[Андреја дел Сарто]] и [[Антонио да Кореџио]].
 
Водечки уметници во барокниот период биле вајари-архитекти [[Џан Лоренцо Бернини]] и [[Франческо Боромини]]; сликарите [[Караваџо]], [[Џовани Батиста Тјеполо]], [[Каналето]], [[Пјетро Лонги]] и [[Франческо Гарди]].
 
Музиката била интегрален дел од италијанскиот живот. Водечки композитор во 14 век бил слепиот свирач на оргули [[Франческо Ландини]] од Фиренца. Еминентни композитори во ренесансата и барокот биле [[Џовани Пјерлуиџи де Палестрина]]; мадригалистот [[Лука Маренцио]] и [[Карло Џезуалдо]]; венецијанските органисти [[Андреја Габриели]] и [[Џовани Габриели]]; еден од основачите на операта [[Клаудио Монтеверди]]; органист-композитор [[Џироламо Фрескобалди]] и [[Џакомо Карисими]]. Важни музичари на подоцнежната барокна ера биле [[Аркангело Корели]], [[Антонио Вивалди]], [[Алесандро Скарлати]] и неговиот син [[Доменико Скарлати]]. Италијанецот [[Лујџи Керубини]] бил централна фигура во француската музика за време на наполеонската ера, додека [[Антонио Салиери]] и [[Гаспаре Спонтини]] биле доста познати и почитувани во Виена и Берлин. [[Николо Паганини]] бил најпознатиот виолинист во 19 век.
 
Италијанската литература и литературен јазик започна со [[Данте Алигиери]], авторот на ''Божествена комедија''. Достигнувања во литературата – како што се поезијата на [[Петрарка]], [[Торквато Тасо]] и [[Лудовико Ариосто]] и прозата на [[Џовани Бокачо]] и [[Николо Макијавели]] – извршиле огромно и трајно влијание врз понатамошниот развој на западната култура. Најдобри италијански режисери се [[Франк Капра]], [[Виторио де Сица]], [[Лучино Висконти]], [[Роберто Роселини]], [[Микеланџело Антониони]], [[Федерико Фелини]], а најпознати филмски ѕвезди се [[Рудолф Валентино]] и [[Софија Лорен]].
Ред 287:
 
[[Податотека:Florenz Uffizien Aussenansicht.jpg|мини|лево|Галерија [[Уфици]] ]]
Италија е еден од најголемите центри за архитектура, уметност и книги. Помеѓу многуте библиотеки, најважни се двете главни библиотеки во [[Фиренца]] (5,3 милиони тома) и [[Рим]] (5 милиони тома); и четирите регионални библиотеки во [[Неапол]] (1,8 милиони тома), [[Милано]] (1 милион тома), [[Торино]] (973.000 тома) и [[Венеција]] (917.000 тома)<ref name="Worldmark Encyclopedia">Gall, Timothy L. ; Hobby, Jeneen M. [http://books.google.it/books?ei=fV2SUPCtB9DotQaxrYGQBQ&hl=it&id=XpkRAQAAMAAJ&dq= ''Worldmark Encyclopedia of the Nations: Europe.''] Thomson Gale, 2007. pp. 367-368. Web. 01 Nov. 2012.</ref>.
 
Италија, како светски центар за култура, историја и уметност има преку 3.000 музеи. Тие ги содржат најважните збирки на примероци од античките цивилизации. Музејот во Таранто содржи материјали кои им овозможуваат на научниците длабоко да ја истражат историјата на Мања Грација. Археолошките колекции во [[Римскиот национален музеј]] во Рим и во [[Националниот археолошки музеј]] во [[Неапол]] се помеѓу најдобрите во светот.<ref name="Countries and Their Cultures"/>. Слично на ова, етрурската колекција во Умбрискиот национален археолошки музеј во [[Перуџа]], класичните скулптури во музејот [[Капитолин]] во Рим и египетската колекција во музејот [[Егицио]] во Торино се највредните колекции во светот<ref name="Countries and Their Cultures"/>.
Ред 298:
{{Main|Интернет во Италија}}
 
Првото интернет поврзување се случило во [[Пиза]] во [[1986]] година, земја која била трета по ред во Европа по [[Норвешка]] и [[Англија]]<ref>[http://www.unipi.it/index.php/english-news/item/199-the-university-of-pisa-celebrates-25-years-of-being-on-the-net The University of Pisa celebrates 25 years of being on the net.] ''Università degli Studi di Pisa.'' Web. 01 Dec. 2012.</ref>. Веќе во [[1970]] година истражувачите од Пиза, особено Лучано Ленцини, контактирале со американски истражувачи. Помеѓу нив биле и [[Винт Серф]] и [[Боб Кан]], првите кои ги измислиле двата протокола кои се во срцето на интернетот - Интернет Протокол ([[IP]]) и Пренос протоколот за контрола ([[TCP]]), и затоа се сметаат за „''татковци на интернет''“.
 
Моментално, интернет пристапот е на располагање на деловните и резидентните корисници во различни форми.
Ред 304:
[[Податотека:IMG 4261 - Milano - Sede del Corriere della Sera in via Solferino - Foto Giovanni Dall'Orto 20-jan 2007.jpg|мини|лево|Седиште на [[Кориере дела Сера]] во Милано]]
 
Од [[2002]] година во Италија има околу 90 дневни весници<ref name="Worldmark Encyclopedia"/>. Според статистиките на Аудипрес, најбараните дневни весници (со нивните политички ориентации и тираж) се: [[Ла република]]<ref name="Audipress 01">{{it}} [http://www.audipress.it/upload/File/Audip%202011_II%20DATI_invio.xls Dati Audipress 2011/II.] ''Audipress — Indagine sulla lettura dei quotidiani e dei periodici in Italia''. Web. 03 Dec. 2012.</ref>, левица, 3.276.000 копии во 2011 година<ref name="Audipress 01"/>; [[Кориере дела Сера]], независно, 3.274.000 копии во 2011 година; [[Ла стампа]]<ref name="Audipress 01"/>, либерално, 2.132.000 копии во 2011 година; [[Ил месаџеро]], лева или централна, 1.567.000 копии во 2011 година<ref name="Audipress 01"/>; [[Ил ресто дел карлино]], десна или централна, 1.296.000 копии во 2011 година<ref name="Audipress 01"/>; [[Ил соле 24 оре]], финансиски весник, 1.015.000 копии во 2011 година<ref name="Audipress 01"/>; [[Ил џорнале]], независен, 728.000 копии во 2011 година<ref name="Audipress 01"/> и [[Л’унита]], комунистичко, 291.000 копии во 2011 година<ref name="Audipress 01"/>. Списанијата во Италија стануваат доста важни. Помеѓу најпопуларните се неделните списанија [[Оги]], [[Л’еуропео]], [[Л’еспресо]] и [[Хенте]]<ref>{{it}} [http://www.primaonline.it/2012/09/07/109213/settimanali-luglio-2012/ Settimanali — Luglio 2012.] ''Prima Comunicazione.'' Web. 29 Nov. 2012.</ref>.
 
Поголемиот дел од весниците се објавуваат во северна и централна Италија. Рим и Милано се најважни издавачки центри. Значителен број на дневни весници се сопственост на политичките партии, Римокатоличката црква и разни економски групи. Општо земено, новинарското ниво на италијански весници е високо, и двата дневни весника: миланскиот Кориере дела Сера и торинскиот Ла стампа уживаат интернационален успех<ref name="Worldmark Encyclopedia"/> .
Ред 332:
Денешната форма на италијанската влада била поставена во 1946 година. Истата година, луѓето гласале за промена на државата од монархија на чело со крал во република на чело со претседател. Кралот [[Умберто II]] веднаш го напуштил тронот. Уставотворното тело било составено од 556 изгласани членови, чија задача била да го напишат уставот. Уставот бил усвоен во 1947 година и стапи на сила на 1 јануари 1948 година. Со уставот се воспоставил систем на управување составен од претседател, кабинет наречен Совет на министри на чело со премиер и парламент составен од [[сенат]] и [[Совет на пратеници]].
 
Мандатот на претседателот на Италија трае седум години и се избира од двата дома на Парламентот и мал број на регионални претставници. Претседателот мора да е најмалку на возраст од 50 години. Тој или таа го назначува премиерот којшто формира влада. Претседателот има моќ да го распушти парламентот и да свика нови избори. Тој е командант на италијанските вооружени сили и може да објави војна. Денешниот претседател на Република Италија е [[Џорџо Наполитано]].
 
Италија нема потпретседател. Доколку претседателот се разболи, претседателот на италијанскиот Сенат ќе ја преземе неговата функција, а ако претседателот умре, ќе се одржат претседателски избори.
Ред 360:
== Наводи ==
{{наводи|2}}
 
[[Категорија:Италијанска култура| ]]
 
{{Европа по тема|Култура на}}
{{Избрана}}
 
[[Категорија:Италијанска култура| ]]