Ацтеки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: |coauthors= → |author2= (3) using AWB
с →‎Религија и митологија: Правописна исправка, replaced: Сончев систем → Сончев Систем using AWB
Ред 121:
Слично како и кај [[Маи]]те, и Ацтеките верувале во циклусното создавање и пропаѓање на вселената. Тие верувале дека живеат во петтиот и последен цикулс на создавањето. Овој цилкус го нарекувале ''Петти сончев цилкус'' или ''Петто сонце''. На крајот од тој цилкус, тие верувале дека сè ќе биде поплавено во мрак и дека шестото сонце нема да дојде. Крајот на светот не можел да се стопира, туку би можел само да се забави. Затоа и нивниот бог на сонцето [[Витсилопочтли]] бил почитуван како врховен бог, кој вечно води борба со мракот. Доколку [[Витсилопочтли]] е посилен, светот ќе остане безбеден. Но, за да остане постојано силен, Ацтеките морале да му принесуваат човечки жртви.
 
Како основни сојузници на [[сонце]]то, Ацтеките верувале дека живеат во центарот на [[вселена]]та. Земјата ја делеле на четири квадрати, каде секој имал своја боја на ориентација, типични за цивилизациите од [[Централна Америка]]. Четирите квадрати се среќаваат и во главниот храм во [[Танохтитлан]]. Според Ацтеките, небесното кралство се состои од тринаесет нивоа, кои се распоредени хоризонтално. [[Сонце]]то, [[Месечина]]та, [[Сончев системСистем|планетите]] и [[ѕвезда|ѕвездите]] ги заземале пониските места, а највисоко биле [[ветар|ветровите]], [[бура|бурите]], боговите. Подземниот свет пак, се состоел од девет нивоа, каде живеело злото.
 
''Петте сонца'' ги одбележуваат одделните епохи од историјата на светот. На почетокот во [[вселена]]та се појавиле четрите богови: [[Тескатлипока]], [[Витсилопочтли]], [[Кетсалкоатал]] и [[Хипе Тотек]]. Сите тие биле обединети од страна на [[Тлалок]], богот на дождот и неговата сопруга [[Чалчиутликуј]]. Боговите вечно војувале со мракот, и од таму доаѓа создавањето и уривањето на првите четири сонца. Богот [[Тескатлипока]] управувал во првата епоха, долга точно 676 години. [[Кетсалкоатал]] го протерал [[Тескатлипока]] од тронот и светот бил уништен од [[јагуар]]и. Во втората епоха, [[Кетсалкоатал]] бил однесен во голем ураган од страна на [[Тескатлипока]]. Во третата епоха управувал [[Тлалок]]. Таа завршила кога [[Кетсалкоатал]] го уништил светот со поплави и пожари. Во четвртата епоха управувала божицата [[Чалчиутликуј]]. Таа завршила со уништување на светот од голем потоп. Петтата епоха започнала кога богот Нанаватсин скокнал од огнот во светиот град [[Танохтитлан]] и се претворил во [[Сонце]] што изгрева. Сонцето започнало да се движи во времето кога почнало да му се принесува жртва. Така, според [[ацтечка митологија|ацтечката митологија]], животот на светот опстојува заради жртвите. На тој начин само ќе се забави крајот на петтата епоха, кога се очекува светот да биде уништен од [[земјотрес]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ацтеки