Природен сателит: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Сончев систем → Сончев Систем (2) using AWB
Ред 4:
'''Природен сателит''' или '''месечина''' е објект кој кружи околу [[планета]] или некое поголемо тело од него, а не е направено од човекот. Ваквиот објект најчесто се нарекува [[месечина]]. Технички, поимот природен сателит исто така може да се однесува и на [[планета]] која орбитира околу некоја [[ѕвезда]], или уште повеќе ѕвезда која орбитира околу своето [[галактичко средиште]]. Но вообичаено поимот природен сателит се однесува на сателитите на планетите, [[џуџеста планета|џуџестите планети]] или [[мала планета|малите планети]].
 
Има околу 240 познати месечини во [[Сончев системСистем|Сончевиот систем]], вклучително оние 162 кои орбитираат околу планетите, 4 кои орбитираат околу [[џуџеста планета|џуџестите планети]], и многу други кои орбитираат околу помали објекти во сончевиот систем. Другите ѕвезди и нивните планети исто така имаат природни сателити.
 
Сите објекти кои припаѓаат на нашиот [[Сончев системСистем]], вклучително и [[Земја]]та и [[Сонце]]то, се сателити или на некоја планета, или на Сонцето, или на [[галактичко средиште|галактичкото средиште]] на [[Млечен Пат|Млечниот Пат]].
 
Понекогаш не е едноставно да се определи за едно множество на објекти кој на кого му е сателит. Бидејќи сите тела кои имаат маса се под влијание на [[гравитација|гравитациони сили]], движењето на примарниот објект исто така е под влијание на сателитот. Ако два објекта се со приближно иста [[маса]], се вели дека се работи за [[двоен систем]] а не за систем примарен објект - сателит; екстремен случај на двоен систем 'двојниот [[астероид]]'. Како општ критериум за оценка дали еден објект е сателит или не на друг објект се зема нивното [[тежиште]]. Објектот до во чија внатрешност се наоѓа тежиштето велиме дека е главен објект а за другиот објект велиме дека е сателит. Еден друг пример, далеку попознат, е примерот на [[џуџеста планета|џуџестата планета]] [[Плутон]] и нејзиниот придружник [[Хирон]]. Многумина веруваат дека Хирон е сателит на Плутон, но тоа е дискутабилно, бидејќи нивните маси се приближно еднакви а нивното средиште не се наоѓа во внатрешноста на ниту еден од нив, па според тоа некои велат дека Плутон и Хирон се членови на еден двоен систем од планети.
Ред 13:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Месечини]]