Историја на економската мисла: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Институционализам: Јазична исправка, replaced: Њу Јорк → Њујорк using AWB
с →‎Џон Стјуарт Мил: Стилска исправка, replaced: Античка Грција → Стара Грција using AWB
Ред 131:
=== Џон Стјуарт Мил===
 
Џон Стјуарт Мил (John Stuart Mill) (1806-1873) бил доминантна фигура на политичката економска мисла на неговото време, а исто така бил и член на парламентот, како претставник на Вестминстер и водечки политички филозоф. Мил бил чудо од дете, на 3 годишна возраст почнал да чита за АнтичкаСтара Грција и бил строго подучуван од неговиот татко Џејмс Мил. Џереми Бентам бил негов ментор и близок семеен пријател, а пак Дејвид Рикардо имал огромно влијание врз него. Записите на Мил „Principle of Political Economy“, биле објавени во 1848 година и ова претставувало суштинско резимирање на економската мудрост на средниот XIX век. До почетокот на XX век, ова негово дело се користело како стандарден текст во голем број универзитети. За прашањето за економскиот пораст, Мил се обидел да пронајде некоја средина помеѓу сфаќањата на Адам Смит за секојдневното проширување на можностите за трговија и технолошки иновации и сфаќањата на Томас Малтус за инхерентните граници на населението. Во неговата четврта книга, Мил повеќе се задржал на истакнувањето на неколку можни идни исходи , отколку на предвидување на еден единствен исход. Првата теорија се засновала на сфаќањата на Малтус дека населението растело побрзо од понудата, што водело до помали плати и зголемени профити. Втората теорија се засновала на сфаќањата на Смит кој тврдел дека доколку капиталот се зголемува побрзо од населението, тогаш вистинските плати ќе се зголемат. Третата, според Дејвид Рикардо, доколку капиталот и населението се зголемуваат во исто време, а технологијата остане стабилна, тогаш нема да има промена во платите бидејќи понудата и побарувачката на работа ќе остане иста. Меѓутоа, со зголемување на населението ќе се создаде потреба од повеќе обработлива површина, ќе се зголемат трошоците за производство на храна, а профитите ќе се намалат. Според четвртата теорија на Мил, технологијата ќе напредува побрзо од населението и обичните акции ќе се зголемат. Резултатот би бил, просперитетна економија. Мил најмногу ја поддржувал третата теорија и сметал дека напредокот на технологијата ќе морал некогаш да стагнира. Но, Мил се колебал во врска со континуираниот пораст на економијата.
 
„Признавам дека не сум воодушевен со тоа што идеалот на живеење е раководен од оние кои мислат дека нормална состојба на човечките суштества е да се борат за опстанок; дека меѓусебното тупкање, смачкување, туркањети газење, со што се создава постоечкиот тип на општесствен живот, се најмногу посакувано богатсво за човекот или сè, освен неусогласени симптоми на една од фазите на индустрискиот прогрес.“ – Џон Стјуарт Мил