Расизам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Средниот век и Ренесансата: clean up, replaced: листа на → список на using AWB
с →‎Расизмот во антиката: Стилска исправка, replaced: Античка Грција → Стара Грција using AWB
Ред 154:
Едит Сандерс во 1969 година ги цитирал „Вавилонскиот Талмуд“, кој го дели човештвото помеѓу трите „синови на Ноа“, изнесувајќи дека „потомците на Хам“ се проколнати што се црни и го опишува Хам како грешен човек а неговото потомство како изроди. И покрај тоа што „клетвата на Хам“ се користела како објаснување за потеклото на црните луѓе од третиот век п.н.е., Дејвид М. Голденберг (2005 година) пишува дека ова било засновано на теорија дека различни клими и изложување на сонце влијаат на составот на спермата и преку ова и на физичката композиција на потомците (што е значително спротивно од современите наследни разбирања на расата). Покрај тоа, најраното појавување на црна боја на кожа како казна за наследниците на Хам директно оврзано со „црните Африканци“ не стапува се до 9-от или 10-от век. Раните почетоци ја препишуваат казната за црна боја на кожа на самиот Хам неспомнувајќи ги луѓето на Куш и тоа дека нивната боја на кожа е клетва. Исто така, и Голдберг продолжува да објаснува дека раните (третиот век) почетоци ја разбирале „црната боја на кожа„ дека ги вклучува не само суб-сахарските црни африканци, туку и:
...Коптите, Фезан, Загава, Брбр, Индијците, Арабите, народот Мар, мештаните на островите во Индијскиот океан, дури и Кинезите, како и Етиопјаните (Хабаш), Зањ, Буја и Нубијците. Со други зборови, „обоените луѓе во светот“.
Бернард Левис го цитирал грчкиот филозоф Аристотел кој, во својата дискусија за ропството, изнел дека дедека Грците се слободни по природа, „варварите“ се робови по природа, и дека е во нивната природа да бидат поспремни да се покорат на деспотстко владеење. И покрај тоа што Аристотел не наведува некои одредени раси, тој тврди дека луѓето надвор од Грција се посклони на товарот на ропството од оние од АнтичкаСтара Грција. Таквиот прото-расизам и етноцентризам мораат да се разгледуваат во контекст, бидејќи современо разбирање на расизмот како наследна подреденост (современиот расизам заснован на: евгеника и научен расизам) сè уште не се развило и е нејасно дали Аристотел верувал дека природната подреденост на Варварите била предизвикана од околината и климата (како многуте негови современици) или со раѓање. Додека Аристотел дава забелешки дека најприродните робови се оние со силни тела и робовски души (неподобни за владеење, неинтелегентни) што би се чинело дека подразбира физичка основа за дискриминација, тој исто така екплицитно изјавува дека вистинскиот вид на души и тела не секогаш одат заедно, подразбирајќи дека најдобрите се определуваат за инфериорност и спротивноста меѓу природните робови и природните господари е во душата, а не телото. Овој прото-расизам се смета за важен претходник на современиот расизам на класицистот Бенџамин Исак.
Историчарот Данте А. Пузо, во неговото критично испитување на Аристотел, расизмот, и древниот свет пишува дека:
Расизмот се потпира на две основни претпоставки: дека постио взаемна врска меѓу физичките карактеристики и духовните квалитети, дека човештвото може да се подели на супериорни и инфериорни рода. Расизмот, дефиниран на тој начин, претставува современа концепција, бидејќи пред 16-от век во суштина не постоело ништо во животот и размислувањето на Западот што може да се опише како расистичко. Со цел да се спречи недоразбирање треба да се направи јасна разлика меѓу расизам и етноцентризам […] Древните Евреи, повикувајќи се на сите оние кои не биле Евреи како „Друговерците“, се оддавале на етноцентризам, не на расизам. […] Така било и со Хелените кои ги именувале сите кои не биле Хелени, дали дивите Скити или Египќани кои ги признавале како нивни ментори во уметностите на цивилизацијата, како Варвари, поим што го означувал она што било непознато или далечно.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Расизам