Љубов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Стилска исправка, replaced: Античка Грција → Стара Грција (2) using AWB
Ред 8:
==Меѓучовечка љубов==
Меѓучовечката љубов се однесува на љубовта меѓу луѓето. Таа е многу посилно чувство за разлика од едноставната склоност кон другиот. Невозвратена љубов е онаа каде што [[љубовни чувства]] постојат само од едната страна. Меѓучовечката љубов најтесно се поврзува со меѓучовечките односи. Таквата љубов може да постои меѓу членови на семејството, пријатели и двојки. Исто така, постојат голем број на психолошки нарушувања поврзани со љубов, пример за тоа е еротоманијата.
Во текот на [[историја|историјата]]та, [[филозофија|филозофијата]]та и [[религија|религијата]]та имаат најмногу размислувања за феноменот на љубовта. Во минатиот век, психологијата како наука има пишувано многу на оваа тема. Во последниве години [[психологија|психологијата]]та, [[антропологија|антропологијата]]та, [[неврологија|неврологијата]]та и [[биологија|биологијата]]та придонеле во разбирањето на природата и функцијата на љубовта.
==Психолошка основа==
Психологијата ја отсликува љубовта како когнитивен и општествен феномен. Психологот [[Роберт Стернберг]] ја создаде [[Триаголната теорија на љубовта]] и тврдеше дека љубовта се состои од три различни компоненти и тоа: интимност, посветеност и страст. Интимноста е форма на љубовта каде што две лица имаат доверба еден во друг и споделуваат разни детали од својот приватен живот. Интимноста најчесто се манифестира во пријателски и романтични љубовни врски. Од друга страна пак, посветеноста е надеж дека врската е трајна. Последната и најчеста форма на љубов е сексуалната привлечност и страст. Двете, страсната љубов и романтичната љубов се прикажани во занесеност. На сите облици на љубов се гледа како на различни комбинации од овие три компоненти. Нељубовта не вклучува ниту еден од овие компоненти. Допаѓањето вклучува само интимност. Заслепеноста вклучува само страст. Празната љубов вклучува само посветеност. Романтичната љубов ги вклучува и интимноста и страста. Пријателската љубов вклучува интимност и посветеност. Несериозната љубов вклучува страст и посветеност. И на крај, совршената љубов ги вклучува сите три. Американскиот психолог [[Зик Рубин]] се обидел да ја дефинира љубовта со помош на [[психометрика]], во 70-тите години од [[20 век]]. Во неговото дело, тој тврди дека љубовта ја сочинуваат три фактори, и тоа: приврзаност, грижа и интимност.
Ред 21:
 
==Еволуциона основа==
Научниците се обидоа со помош на [[Филозофија на умот|еволутивната психологија]] објаснат зошто љубовта е средство за преживување. Затоа за овој продолжен временски период љубовта се смета како начин на докажување на родителската поддршка кон децата. Друг фактор можат да бидат [[Сексуално преносливи болести|сексуално преносливите болести]], коишто можат да предизвикаат, меѓу другото, трајно намалена [[плодност]], повредата на фетусот, како и зголемување компликации за време на [[породување|породувањето]]то.
 
==АнтичкаСтара Грција==
Грчкиот јазик дава неколку различни значења при користењето на зборот ,,љубовˮ. На пример, во старогрчкиот јазик постојат [[филија]], [[ерос]], [[агапе]], [[сторге]], и [[ксенија]]. Сепак од историска гледна точка, тешко е да се одделат сосема значењата на овие зборови во грчкиот јазик (како и во многу други јазици). Во исто време, во старогрчкиот текст на Библијата има примери на глаголот ''agapo'' каде што има истото значење со ''phileo''.
<br />''Агапе'' (ἀγάπη) на денешен грчки јазик значи љубов. Грчкиот глагол ''s'agapo'' значи ''те сакам''. Еквивалент на зборот ''agapo'' е глаголот сакам. Тоа обично се однесува на „чиста“ идеална љубов, а не на физичка привлечност којашто имплицира ерос. Сепак постојат примери кадешто агапе го има истото значење со ерос. Исто така, агапе се преведува и со „душевна љубов“.
Ред 31:
''Сторге'' (στοργή) е природна наклонетост, како онаа што родителите ја чувствуваат за потомството.
 
''Ксенија'' (ξενία), гостопримството било важна навика во [[АнтичкаСтара Грција]]. Тоа е пријателство коешто се раѓа помеѓу домаќинот и неговиот гостин, кој претходно можел да биде и странец, речиси се претворало во ритуал. Домаќинот го хранел и му обезбедувал преноќишта на гостинот од кој се очекувало само благодарност. Важноста на овој вид на љубов може да се забележи низ [[Грчка митологија|грчката митологија]], особено во Хомеровите „[[Илијада]]“ и „[[Одисеја]]“.
 
Кај античките Грци, љубовта не била само страст, туку за неа била развиена научна доктрина. Така, [[Хесиод]] сметал дека љубовта е најстарото [[божество]], душа и творец на светот,<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 117.</ref> а [[Ксенофонт]] сметал дека љубовта е работа на слободната [[Волја|волја]], зашто кога убавината би имала суверена сила, таа би била убава за секого. Според него, љубовта зависи од волјата, зашто едни се вљубуваат во една убавина, а други се рамнодушни кон неа; исто така, братот не се вљубува во сестрата, ниту таткото во ќерката, зашто тие не скаат да го направат тоа.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 120-121.</ref>
 
==Стариот Рим==
[[Латински јазик|Латинскиот јазик]] има неколку различни глаголи што одговараат на англискиот збор ,,љубовˮ. [[''Amō'']] е основниот глагол, со значење '',,to loveˮ'' и инфинитивот ''amare (сака)'', како што е сѐ уште во денешниот [[италијански јазик]]. [[Римјани|Римјаните]]те ги користеле и двата збора во смисла на благонаклонетост како и во романтична и сексуална смисла. Од овој глагол произлегуваат именките ''amans'' – љубовник, ''amator'' – professional lover, честопати со додавање на поимот разврат и ''amica- girlfriend'' (девојка), на [[англиски јазик]], често се употребува и еуфемистички со значење на проститутка. Соодветната именка е ''amor'' (значењето на овој термин за Римјаните е добро илустрирано со фактот дека името на градот, Рим, на латински: Roma може да се гледа како анаграм за amor, кој бил искористен како тајно име на градот во пошироките кругови во античките времиња), кое исто така се користи во множина за да се означат љубовните врски или сексуалните авантури. Од овој ист корен произлегува ''amicus- friend'' (пријател) и ''amicitia- friendship'' (пријателство), (често се заснова на заемна корист и понекогаш соодветствува повеќе на ''indebtedness'' ( задолженост) или ''influence'' (влијание)). Цицерон напишал трактат насловен како ,,Пријателствоˮ (de Amicitia), каде што го дискутира поимот до одредена точка. Овидиј напишал водич за состанување со име „[[Ars Amatoria]]“ (уметноста на љубовта), во кој што длабоко навлегува со објаснување за се, од вонбрачните афери до родители коишто се настроени заштитнички претерано.
 
Во латинскиот јазик понекогаш се користи ''amāre'', како еквивалент на англиското ''like'' (сака). На овој поим (like), во латинскиот јазик општо земено повеќе му одговараат ''placere'' или ''delectāre'' коишто се користат во секојдневниот говор, а вториот поим се среќава во љубовната поезија на [[Катул]]. Чести еквиваленти на ''diligere'' се ,, to be affectionate forˮ и ,,to esteemˮ и речиси никогаш не се користи за искажување на романтична љубов. Овој поим би бил соодветен за опишување на пријателство помеѓу двајца мажи. Сепак соодветната именка ''diligentia'' го има истото значење со ''diligence''- трудољубивост или со carefulness- грижливост и има мало семантичко преклопување со глаголот. ''Observare'' е синоним на ''diligere'', а покрај сродноста со англискиот поим, овој глагол со својата соодветна именка ''observantia'' честопати значат esteem – почит или affection- љубов. Поимот [[''caritas''|caritas]] се користи во латински преводи на христијанската Библија а значи charitable love- несебична љубов, сепак ова значење не постои во класичната паганска римска литература. Бидејќи произлегува од спојување со грчки збор не постои соодветен глагол.
 
Латинските автори, како [[Лукрециј |Лукрециј]] и [[Јувенал]], најчесто зборувале за љубовта како физичко задоволство. Така, во својот еп, Лукрециј вели дека љубовта е задоволство кое се плаќа скапо, зашто поради неа ги губиме [[пари]]те, [[време]]то, силата и самољубието. Против таа несреќа, Лукрециј препорачува да се бега од жените. Наспрти него, [[Проперциј]] повеќе сакал да им робува на жените отколку да биде слободен меѓу мажите, а љубовта ја сметал за најголемо богатство. Сепак, тој советувал дека мажот треба да се брани од каприците на својата љубовница; да не ѝ се зборува од висина, но ниту да се молчи пред неа; да не се прави непријатно лице кога ѝ служиме.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 118.</ref>
 
==Религиозни ставови==
Ред 54:
[[''Филија'']]- исто така се среќава во Новиот завет. Филија е всушност човечкиот одговор на нешто што е прекрасно. Исто така е позната и како братска љубов.
Во грчкиот јазик се познати уште два други збора за љубов и тоа ерос (сексуална љубов) и сторге (љубовта што децата ја чувствуваат спрема родителите) , коишто никогаш не се употребени во Новиот завет.
[[Христијани|Христијаните]]те веруваат дека двете најважни работи во животот (според [[Исус]], најголемата заповед на еврејската [[Тора]], [[Евангелието на Марко]] 12 глава, стихови 28-34) се да го љубиш Бог со целото твое срце, ум и сила и да го сакаш ближниот како себе си.
 
Свети Августин го сумираше сето ова кога напиша ,, Love God, and do as thou wilt. ˮ- Љуби го Бога и дејствувај по твоја волја.
[[Апостол Павле]] ја величаше љубовта како најважна доблест од сите. Во првата песна од [[Прво послание до Коринќаните]], тој напишал: ,,Љубовта е трпелива, љубовта е нежна. Таа не завидува, не се фали и не се гордее. Таа не е груба, таа не е себична, таа не се разгневува лесно, таа не е злопамтило. Љубовта не ужива во злото но се радува на вистината. Таа секогаш заштитува, секогаш верува, секогаш се надева и секогаш истрајува.ˮ (1 Кор. 13:4-7, стих).
 
[[Апостол Јован]] напишал: - ,,Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син да му суди на светот, туку да го спаси светот преку Него. "(Јован 3:16-17, стих). [[Јован]] исто така напиша: ,, Возљубени да се љубиме еден со друг зошто љубовта е од Бога и секој кој љуби, од Бога е роден и Го познава Бога. А кој не љуби не Го познава Бога, зошто Бог е љубов.ˮ ([[1 Јован 4:7-8, стих]])
 
[[Свети Августин]] вели дека поединецот мора да биде способен да ја дешифрира разликата помеѓу љубовта и страста. Страста, според свети Августин, е претерување, но да сакаш и да бидеш сакан тоа е она што тој го бара за целиот свој живот. Тој дури вели: ,, Јас бев заљубен во љубовта.ˮ Конечно тој се заљубил и љубовта му била возвратена, од Бога. Свети Августин вели дека единствениот којшто може да те сака навистина и целосно е Бог, бидејќи љубовта меѓу луѓето, само остава простор за стравови како што се љубомората, сомнежот, стравот, лутината и расправијата. Според Свети Августин, да го љубиш Бога е ,,да го постигнеш твојот мирˮ. ([[Исповедите на свети Августин]])
Христијанските теолози на Бога гледаат како на извор на љубов која се огледува во луѓето и нивните сопствени љубовни врски. Влијателниот христијански теолог [[К.С. Луис напишал книга [[,,The Four Lovesˮ]].
[[Папата Бенедикт XIV]] го напишал своето прво послание со наслов [[,,Бог е љубовˮ]]. Тој рече дека човечко суштество, создадено според образот Божји, Бог којшто е љубов, е способно да љуби, со предавањето на самиот тој на Бог и на другите (агапе) и со примањето и искусувањето на Божјата љубов во страста (ерос). Според него, овој живот со љубов, е живот на светците како што се Тереза од Калкута и Пресвета Богородица и дека тоа е насоката по којашто се движат христијаните кои веруваат дека Бог ги сака.
Во христијанството, конкретната дефиниција за љубовта најдобро е прикажана од свети [[Тома Аквински]] којшто ја дефинира љубовта како ,, да му посакаш добро на другиотˮ или да посакаш другиот да успее. Ова е објаснувањето на христијанската потреба, да се љубат другите, вклучувајќи ги и нивните непријатели. Христијанската љубов е мотивирана од потребата да се видат другите како успеваат во животот, да станат добри луѓе, објаснува Тома Аквински.
 
==Љубовта како тема во уметноста и во популарната култура==
Често, љубовта се јавува како тема во [[Уметност|уметностауметност]]а и во [[Популарна култура|популарната култура]]. Во тој поглед можат да се наведат бројни примери на книжевни и музички дела посветени на љубовта.
===Љубовта како тема во книжевноста===
====Љубовта во прозата====
Ред 75:
* „Љубов“ - [[роман]] на американскиот писател [[Чарлс Веб]].<ref>„Поговор“, во: Чарлс Веб, ''Дипломец'', Темплум, Скопје, 2012, стр. 267.</ref>
* „[[За што зборуваме кога зборуваме за љубовта]]“ – книга на американскиот писател [[Рејмонд Карвер]].
* „[[Љубов (роман)|Љубов]]“ - роман на англиската писателка [[Анџела Картер]] од 1971 година.<ref> Andžela Karter, ''Ljubav''. Novi Sad: Svetovi, 1991.</ref>
* „[[Смешни љубови]]“ ([[чешки]]: ''Směšné lásky'') - збирка раскази на чешкиот писател [[Милан Кундера]] од 1968 година.<ref>Milan Kundera, ''Smešne jubavi''. Beograd: Prosveta, 1988.</ref>
* „Љубов во два брана“ (''Љубав у два таласа'') - кус расказ на македонскиот писател [[Митко Маџунков]] од 1984 година.<ref>Митко Маџунков, ''Међа света''. Београд: Просвета, 1984, стр. 162.</ref>
* „[[Последната љубов во Цариград]]“ (''Последња љубав у Цариграду'') - [[роман]] на српскиот писател [[Милорад Павиќ]] од 1994 година.<ref>„Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, ''Кутија за писање''. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121.</ref>
* „[[Невидливи љубови]]“ - книга на македонскиот писател [[Владимир Јанковски]].<ref name="ReferenceA">„Читај, патувај, уживај – Саем на книга 2016 – програма на активности“, Антолог, 2016.</ref> <ref>Роберт Алаѓозовски, „Боење на градското сивило“, ''Економија и бизнис'', год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 133-135.</ref>
* „Љубов далеку од дома“ (''Amore lontano da casa'') - расказ на италијанскиот писател [[Итало Калвино]].<ref>Italo Kalvino, ''Pre nego što kažeš „halo“''. Beograd: Rad, 2001, стр. 20-28.</ref>
* „Еднаш одигравме љубов“ - книга на македонската писателка [[Елена Конеска]].<ref>„Читај, патувај, уживај – Саем на книга 2016 – програма на активности“, Антолог, 2016.<name="ReferenceA"/ref>
* „[[Пустина на љубовта]]“ - роман на францускиот писател [[Франсоа Шарл Моријак]] од 1925 година.<ref>Mihailo Pavlović, „O piscu Tereze Deskejru“, во: Fransoa Morijak, ''Tereza Deskejru''. Beograd: Rad, 1964, стр. 106.</ref>
* „Првата љубов на Антонио Марија“ - расказ на бразилскиот писател [[Рибејро Коуто]].<ref>''Антологија на бразилскиот расказ''. Скопје: Три, 2012, стр. 230-242.</ref>
Ред 124:
* „Љубов пред раѓањето“ - песна на арапскиот поет Џемил.<ref>''Arapska poezija''. Beograd: Rad, 1977, стр. 29.</ref>
* „Љубовната песна на Ј. Алфред Пруфорк“ - поема на [[Томас Стернс Елиот]] од [[1915]] година.<ref>T. S. Eliot, ''Izabrane pesme''. Beograd: Rad, 1977. Beograd: Rad, 1964, стр. 7-11.</ref>
* „Љубов без починок“ - песна на [[Јохан Волфганг Гете]].<ref> Johan Volfgang Gete, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 45.</ref>
* „Нова љубов, нов живот“ - песна на Јохан Волфганг Гете.<ref> Johan Volfgang Gete, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 39.</ref>
* „Ноќ на љубовта“ (''Ноћ љубави'') - песна на српскиот поет [[Владислав Петковиќ - Дис]].<ref>''Vladislav Petković Dis''. Beograd: Mlado pokolenje, 1971, стр. 56.</ref>
* „Љубов“ - збирка поезија на францускиот поет [[Пол Верлен|Пoл Верлен]] од [[1888]] година.<ref>Пакал Гилевски, „За поезијата на Пол Верлен“, во: Пол Верлен, [[Есенска песна]]. Скопје: Македонска книга, 1987.</ref>
Ред 132:
* „Умирањето на љубовта (''Umiranje ljubavi'')“ - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ.<ref>Desanka Maksimović, ''Izabrane pesme'' (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 38.</ref>
* „Првиот ден на љубовта“ (''Prvi dan ljubavi'') - песна на Десанка Максимовиќ.<ref>D. Maksimović, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, str. 15.</ref>
* „Љубов“ - (''Ljubav'') - песна на Десанка Максимовиќ.<ref>D. Maksimović, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, str. 27.</ref> <ref>Desanka Maksimović, ''Izabrane pesme'' (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 28.</ref>
* „Градски љубовници“ - (''Gradski ljubavnici'') - песна на Десанка Максимовиќ.<ref>D. Maksimović, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, str. 40-41.</ref>
* „Вљубеност“ - (''Zaljubljenost'') - песна на Десанка Максимовиќ.<ref>D. Maksimović, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, str. 60.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Љубов