Стар Рим: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична Исправка, replaced: Римската империја → Римското Царство using AWB
с →‎top: Стилска исправка, replaced: античка Грција → Стара Грција using AWB
Ред 1:
'''Стар Рим''' бил италијанска цивилизација која се формирала на италијанскиот полуостров на почетокот на 8 век п.н.е.. Се простирала покрај Средоземното море сосредоточувајќи се кон градот Рим. Се проширила за да стане една од најголемите империи во античкото време, со процена од 50 до 90 милиони жители (околу 20% од светската популација) заземајќи 6,5 милиони квадратни километри за време на својот најголем успех помеѓу првиот и вториот веќ од н.е. За време на своето постоење од околу 12 века, римската цивилизација се променила од монархија кон аристократска република, но подоцна и зголемена автократска империја. Преку освојување и асимилација, таа владеела со Јужна Европа, Западна Европа, Мала Азија, Северна Африка, делови од Северна Европа и делови од Источна Европа. Рим бил бројчено надмоќен насекаде низ медитеранскиот регион и бил еден од најмоќните градови во античко време. Тој е често групиран во „класична древност“ заедно со античкаСтара Грција и нивните слични култури и општества се познати како грчки-римски свет.
 
Римјаните се уште се запаметени и денес, вклучувајќи имиња како Јулиј Цезар, Цицерон и Август. Античкото римско општество имаше голем придонес во владата, правото, политиката, инженерството, уметноста, литературата, архитектурата, технологијата, војувањето, религијата, јазикот, општеството и многу други придонеси во западниот свет. Римската цивилизација која била високо развиена за своето време се унапредила и во голема мера ја проширила својата војска и создала систем на владеење наречен „res publica“, кој е инспирација за современите републики како што се САД и Франција. Рим постигнал импресивни технолошки и архитектонски подвизи, како што е изградбата на обемен систем за канали и патишта, како и големи споменици, палати и јавни објекти.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стар_Рим